Author: Gabi Tocko

Министрите од ДУИ поднеле оставки од функциите кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени , сметајќи дека „големите одлуки бараат политичка, национална и државна одговорност и жртви од секој од нас“.

Read More

Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку се и безбедносен. Тие ги дестабилизираат земјите од Западен Балкан, попречувајќи ја реализацијата на најважните стратешки цели на државите, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Read More

ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ Со професорот Ѓорѓи Марјановиќ се запознав на вистинскиот начин чинам, полагајќи кај него Кривично право, општ дел. Јас го знаев предметот учејќи го до детал и во учење од тој вид секогаш ви се појавува ликот на професорот пред кој ќе полагате, никогаш учењето не е безлично. Бев некако подготвен за него и беше добро, беше мошне добро. Ја добив една од најчистите десетки, расправавме на десеттина прашања, го интересираше резонот на студентот не само одговорот и мислам дека од тој момент натаму го здобив респектот од професорот, кој ми значеше да го имам. Тој взаемен респект…

Read More

Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако експлодираа петарди складирани во магацин во јужен Тајланд. Петардите предизвикаа пожар во неовластено складиште на пазарот Муно во областа Су-нгаи Колок во јужната провинција Наративат, која граничи со Малезија, изјави гувернерот на Наративат, Санан Фонгаксорн.

Read More

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст во периодот од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Read More

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за уставни прашања истакна дека ова е првпат нашата иднина да е единствено во наши раце и не смееме сами да ја блокираме нашата иднина и иднината на следните генерации.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Добро е да се запомни денот кога почна расплетот на драмата што ја предизвикува вмро-дпмНЕ во обидот да дојде до власт, под лажниот изговор дека го бранат македонскиот идентитет. Предлогот на владата за уставни измени стаса во парламентот (комисија за уставни прашања). Првиот ден од расправата го одбележа остра спротивставеност меѓу презентацијата од проевропскиот премиер Ковачевски и наспроти вмро-дпмНЕ кои ни малку не отстапуваат од својот црн вокабулар и обвинувањата за предавство. Кои се трите главни поенти за денеска? Прво: Нови шест заедници во Уставот, нема никакво загрозување на македонскиот идентитет Во Уставот се додаваат уште шест заедници…

Read More

Пратеникот на Движењето БЕСА, Бастри Бајрами во изјава за ТВ21 најави дека ќе работи заедно со Аријанит Хоџа, кој претходно најави дека се оградува од политиките на таканаречениот „опозициски блок“.

Read More

Силно невреме денеска го погоди Милано, предизвикувајќи голема материјална штета и прекин на сообраќајот. Поради дрвјата кои паднаа на сообраќајниците одредени делници беа затворени. Блокирани се и неколку железнички линии поради „сериозна штета на станицата Монца“. Возовите во различни правци во Ломбардија доцнат повеќе од еден час, а многу линии се откажани.

Read More

Заменик претседателот на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа во објава на својот фејсбук-профил се огради од таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

Read More