Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го истражуваат компанијата SpaceX за тоа дали Русија пристапила до нејзината сателитска интернет услуга Starlink, како дел од нејзината тековна војна против Украина, се наведува во писмото испратено во средата до компанијата, пишува Гардијан.
Министерството за внатрешни работи денеска ги извести граѓаните на Скопје дека од понеделник почнува со нов начин на издавање на лични карти.
Граѓаните на Србија можат да пристапат до ИД број на Отворен Балкан (ОБ), кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан, преку порталот е-Управа, објави Блиц.
Претседателството на Српската напредна партија (СНС) по денешната седница соопшти дека е донесена одлука да се оди на нови избори во Белград, објави N1.
Оваа недела се поклопуваат два неславни јубилеја: одбележување на втората годишнина од целосната воена агресија на Русија врз Украина и десет години од почетокот на конфликтот со руската анексија на Крим.
Категорично ги отфрлам обвинувањата дека некој некого саботира во Министерството за внатрешни работи. Поткрепа на тоа се самите бројки на пристигнатите обрасци за пасоши. Еве, во четвртокот ноќта пристигна пратка од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, а исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. И, со тоа, ја постигнуваме бројката од 1.734.000 обрасци за патни исправи, а до крај на летото, крај на август да финишира целиот процес. Имаме 1.803.000 граѓани кои имаат важечка патна исправа, а МВР има реализирано нарачка од приближно 2 милиона. Така што, не може да…
На денешниот протестен марш што се одржа од Алејата Украина до руската амбасада во Скопје се обрати Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, кој им порача на присутните и на целиот свет дека воената поддршка за Украина е повеќе од потребна за „да се спречи поголема војна во Европа и верижна реакција на меѓудржавни војни ширум светот“. Тој, меѓу другото, истакна дека украинскиот народ веќе две години живее со звуците на сирените, децата одат на училиште и се кријат во скривници, родителите се плашат за нивната безбедност.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати 354,9 милиони долари казна за фалсификување на вредноста на неговиот имот со цел да добие подобри услови со банките, а исто така доби забрана да биде претставник или директор на која било компанија во Њујорк во следните три години, одлучи денеска њујоршкиот суд.
Фабулата „Лов на елен“ сугерира дека за да се „улови“ елен во Македонија потребни се повеќе „ловци“. Но, за нашиот случај е особено интересно што би претставувал зајакот. Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Приказната за ловот на елен нема некоја особена фабула, но позната е затоа што прв пат ја споменува Русо пред да прерасне во – игра. Во теоријата е позната само како „Лов на елен“, иако и зајаците се многу важни како извесен вид на антипод на целта за уловување на еленот. Но, нагласокот е на еленот затоа што е метафора за обединување околу тешка цел, несоодветно тешка за еден пештерски…
Во однос на користењето на земјиштето сакам да напоменам дека со договорот компанијата се обврзува да плаќа 2 евра по метар квадратен годишен надомест, или вкупно само по овој основ државата ќе приходува 7 милиони евра. Тоа се 7 милиони евра повеќе од нула колку што државата приходувала, односно не приходувала, откако овој поранешен индустриски капацитет престанал да работи, изјави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски за „24 инфо“ во врска со енергетската стратешка инвестиција за изградба на конегергетивната централа на Митилинеос.
Рускиот режим на путин свесно избра геноциден и злосторнички метод за реализирање на својот план, со вооружена агресија против Украина, да спроведе терор и уништување на цивилното население, како и на инфраструктурните капацитети на Украина што не може да ги освои.
Претседателот на Алијансата за Албанците (AA) Арбен Таравари преку обраќање до јавноста објави дека бара партијата на следните парламентарни избори да се натпреварува како дел од коалицијата Европски сојуз за промени, во состав на опозиционите партии на Албанците, Беса, Демократското движење и Алтернатива. Сепак, конечната одлука се очекува да ја донесе Централното собрание на АА.