Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска и утре ќе се одржува првото издание на Стрип Трип Фестивалот Скопје.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, синоќа ја врачи наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола која е прогласена за најдобро уметничко остварување во целина на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Над 200 луѓе се евакуирани, а вонредна состојба е прогласена во 52 града и општини во Србија, откако обилните врнежи предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето и одрони, при што се уништени мостови, делови од патишта и оштетена е комунална инфраструктура за помалку од 48 часа, објави РТС.
Воопшто не треба во овој исклучително важен процес да се служиме со манипулации. Во моментот не може да се репреговара преговарачката рамка и тоа е само замајување на јавноста и подобрување на своите лични позиции, изјави потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во дебатата со Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во „24 отворено“ на ТВ24.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред судот во Мајами за да се соочи со федералните обвиненија. Тој повторно беше официјално уапсен.
Доколку украинската контраофанзива биде успешна тоа би можело да го натера рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за Си Ен Ен.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информира дека одобрени се 100 милиони евра европски средства за Северна Македонија.
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на проектот Отворен Балкан. Задолжено е Министерството за информатичко општество и администрација, да овозможи пристап до неопходниот сет на податоци од Централниот регистар на население, за потребите на услугата за генерирање идентификациски број на граѓанинот, со цел целосно исполнување на обврските кои Владата ги има преземено во рамки на иницијативата Отворен Балкан.
Поранешниот пратеник и градоначаланик на Општина Карпош, Стефан Богоев на денешната владина седница е именуван за в.д. директор на Царинската управа, откако досегашната директорка Славица Кутиров која беше на чело на институцијата две години, поднесе оставка.
Првото читање на предлог-законот за употребата на македонскиот јазик во комисиската расправа помина во пријатна атмосфера и драго ми е што се надминаа пречките што постоеја во таа комисија, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето на МРТ.
Франција ја обвини Русија дека води голема операција за дигитално заплеткување со објавување лажни написи на главните француски дневни весници против Украина, нарекувајќи ја „хибридна војна“ на Москва и чин „недостоен за постојана членка на Советот за безбедност на ОН“, објавија денеска француските медиуми.
Гаранциите веќе ги имаме во преговарачката рамка, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на Сител телевизија, прашан дали европските институции се подготвени да дадат гаранции какви што очекува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.