Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Шефовите на дипломатии на седум земји членки на ЕУ предлагаат поголема употреба на квалификуваното мнозинство при носење одлуки поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.
Германскиот Бундестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.
Централното претседателство на ДУИ го заврши својот состанок во партиското седиште во Мала Речица, а партијата информираше дека се прифаќаат предусловите кои се упатени кон нив со цел да има промени во Уставот и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека неколкучасовната седница била исклучиво наменета за оваа одлука, јави МИА.
Под мотото „Враќање дома“, со доделување на наградите за животно дело на актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски, синоќа пред платото на прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков“ свечено беше отворен 57-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска официјално потврди дека украинската контраофанзива започнала. Според британски Гардијан, Зеленски истакна дека во Украина се „одвиваат контраофанзивни и одбранбени акции“, но не сакал да открие во која фаза се тие.
Земјите од Отворен Балкан денеска заедно го промовираа најголемиот регионален саем за вино „Винската визија на Отворен Балкан”. Премиерот Димитар Ковачевски во присуство на претставници на владите на Северна Македонија, на Србија и на Албанија, земјите членки на Отворен Балкан, денеска во Скопје, се обрати на промоцијата на најголемиот регионален саем за вино и успешна винска приказна „Винската визија на Отворен Балкан”.
Во случај на незаконско отцепување на еден од потписниците на Дејтонскиот договор, ЕУФОР, согласно мандатот на Обединетите нации, доколку активностите на ОХР не се доволни, ќе интервенира и ќе го спроведе договорот.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го објави својот план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, почнувајќи од почетокот на јули, објавија западните медиуми.
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за некакво влијание на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски во случај кога е нападнат полициски службеник, како и наводна инволвиранст на неговиот син.
Во рамки на посетата на САД, министерката за одбрана Славјанка Петровска синоќа во Вермонт присуствуваше и се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, а со гувернерот на Вермонт, Фил Скот го потпишаа и свечениот документ кој го рефлектира ова тридецениско партнерство и посветеноста на Армијата и на Националната гарда на идните заеднички активности.
Изминатата недела јавноста ја вознемирија вестите за двете потешки сообраќајни незгоди, едната на новиот пат Штип – Кочани и втората на автопатот Штип – Миладиновци. И двете со жртви. Не знам која е причината, никој не може да знае што точно се случило и што им поминувало низ мислите на тие луѓе во тие делови од секундата, но ако некој нешто знае и забележува тоа е всушност она што се случува во сообраќајот секој ден, за кое никој не казнува, не постојат казни, опомени и не се признава дека тоа е така, како пустиот инат „јас сум во право“ и…
Украинските научници чекаат водата да се повлече пред целосно да го проценат влијанието врз животната средина од уништувањето на браната Каховка, но еден поранешен министер предупреди дека тоа може да ја предизвика најлошата еколошка катастрофа по нуклеарната катастрофа во Чернобил.