Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За сообраќајната (не)култура: Aко имаш нов, брз, па и скап автомобил, немаш секаде предност, сообраќајните правила важат и за тебе

0
By Gabi Tocko on June 6, 2023 КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 6, 2023 22:49

Изминатата недела јавноста ја вознемирија вестите за двете потешки сообраќајни незгоди, едната на новиот пат Штип – Кочани и втората на автопатот Штип – Миладиновци. И двете со жртви. Не знам која е причината, никој не може да знае што точно се случило и што им поминувало низ мислите на тие луѓе во тие делови од секундата, но ако некој нешто знае и забележува тоа е всушност она што се случува во сообраќајот секој ден, за кое никој не казнува, не постојат казни, опомени и не се признава дека тоа е така, како пустиот инат „јас сум во право“ и постојано е виновен „некој друг“.

На пример за што се користи лентата за застанување, таа не е за возење, но ако зборуваш на мобилен телефон и ако ти е земено внимането, не чекај да те фати полиција, подобро тргни се на страна, не се прави фраер и не им пречи на другите. Тие не те гледаат дека зборуваш на мобилен, мислат дека не знаеш да возиш, или не им дозволуваш да те поминат, па може да се случи незгода. Ова го зборувам затоа што многу пати сум видела ваква ситуација и сум се прашувала што му е на тој пред мене, за потоа да видам дека тој само си “ужива” додека вози, си зборува на мобилен и гледа само напред, тие што се позади требало да внимаваат на него?!

Потоа, ако планираш да поминеш друго возило не го сечи, не си фраер со тоа што возиш брзо и стигаш две минути порано. Некогаш луѓето оделе пешки и по козји патеки, па пак стигале таму каде што тргнале. Ќе стигнеш и ти. Кога ваков “брз” шофер, поминува и се уклучува во лентата наеднаш, тоа не го прави од незнаење. Тоа е коцкање со животот. Или „џа“ или „бум“.

Ако некој те поминува, инстиктивно ја зголемуваш брзината, како да ти вели дека си бавен, а знаеш дека не треба така. Знаеш, ама не се слушаш. Тој не ти вели вози побрзо, бавен си… не сте на трки. Намали или продолжи како што си возиш. Малку да се занесете во „тркањето“ и да се допрете, отидовте и двајцата, потоа не е важно кој е виновен.

Aко имаш нов, брз, голем, па да речам и скап автомобил, немаш секаде предност, сообраќајните правила важат и за тебе.

Ако имаш постар и бавен автомобил, возиш бавно или нешто ти текнало баш тогаш да разгледуваш, патот не е само твој, остави простор и за другите.

Ако толку мораш често да зборуваш на телефон додека возиш, купи си слушалки, не се скапи колку нечиј живот, не мора да биде твојот.

Aко возиш камион, гледаш повеќе од другите, не си играј со нив и особено не вози во трета лента. Сите знаат колку е дозволената брзина за тебе, не си ти фраер, туку тие што не те пријавуваат.

Ако видиш некој од друга земја или од друг град, „одлепи“ се од него, тој сигурно нешто и бара. Не можеш да знаеш кога ќе го најде.

Сијаличките за сигнализација не трошат електрична енергија, користи ги, не ги штеди. Тие намерно се ставени и значат ќе возам „на лево“ или „на десно“. Другите возачи не читаат мисли.

Иако не е последно но еве за крај, ако забележиш некој кој навистина не вози како што треба, не го учи како се вози, не му мавај со рацете, не му свири, гледај си за себе, или ако навистина претерува, пријави го во полиција. Нема друго решение. Можеби ти ќе се спасиш од него, но некој друг нема.

Има уште илјадници вакви навидум банални примери, кои секојдневно ги ставаат возачите во “клинч”. Сите не можат да се набројат, но не значи дека не се грешки и не се прават како да се правило, а не исклучок.

Нашата култура, нашето (лошо) однесување најмногу се гледа во сообраќајната (не)култура. Зошто така чудесно лошо се однесуваме едни кон други и кон самите себе си пред сè, барем досега никој не објаснил, никој не се ни потрудил да аналазира, а можеби и никој не може ни да знае, особено како тоа може да се спречи, бидејќи нема ниту еден психолог што може да најде доволно добра причина за ваквото лошо однесување. Може да се набројуваат само изговори, кои секогаш следуваат кога веќе е доцна или предоцна и веќе немаат ниту смисла ниту логика, само се бесполезно ослободување од грижа на совеста. Не е работата само да знаете како се управува автомобил, ако не сте свесни дека тој ве преставува вас и вашето ниво на свест. Што правите со него зависи од вас. Тој е вашето превозно средство, но и огледало во кое се гледа вашата состојба на умот. Можеби тоа сте вие, а можеби е и некој “ѕвер”, па ако го видите дека седи во „огледалото“ не го игнорирајте, отворете oчи, престанете да го правите тоа што го правите и запрете го сами, не чекајте тоа да го направи сообраќајната контрола.

Ако се погледне статистиката од 2001 година, па се до 2021 година на сообраќајни незгоди според грешките на учесниците во сообраќајот може да се заклучи дека грешките на возачите што предизвикале сообраќана незгода е зголемен за 5,7 пати или дури 7.411 грешки на возачи предизвикале незгода во сообраќајот во 2021 година.

 

За истиот овој период бројот на настрадани лица се зголемил за 3,5 пати или 6.775 жртви и 792 повредени лица во 2021 година. Ова не се само статистички податоци, тоа се луѓе што настрадале од „чумата“ на 21 век предизвикана од човечки фактор.

Извор: Бриф

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.