Author: Ivana

Украинската војска штотуку го објави својот оперативен извештај за 6 часот утринава, тврдејќи дека Русија започнала „скриена мобилизација“ од околу 60.000 војници за да ги надополни единиците по загинатите војници во Украина. „Вооружените сили на Руската Федерација планираат да ангажираат околу 60.000 луѓе за време на мобилизацијата“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Официјални лица додадоа дека украинските сили спречиле седум напади на територијата на Доњецк и Луганск во изминатите 24 часа. 

Read More

Експертите за клима на ОН денеска треба да го објават она што се очекува да биде дефинитивен водич за запирање на глобалното затоплување, извештај што прикажува како општествата и економиите мора да се трансформираат за да обезбедат иднина „во која може да се живее“. Со оглед на тоа што војната во Украина поттикнува итно енергетско преиспитување на Западот, аналитичарите велат дека најновиот извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени, исто така, ќе биде важен ресурс за земјите кои бараат брза транзиција од руската нафта и гас. Во последниве месеци IPCC ги објави првите два дела од трилогијата научни проценки кои опфаќаат како загадувањето со штетни гасови…

Read More

Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“. Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава  и бенефитите од членството во Алијансата. На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата.…

Read More

Обиди да се попречи процесот на подобрување на билатералната соработка со Република Бугарија и деблокирање на европските перспективи, преку прокси играчи, „спојлери“ и од регионот, но и од двете држави. Ова го обелодени вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Континуирано има обиди Западниот Балкан да не се движи со соодветна динамика кон ЕУ и тоа преку прокси играчи – дали во регионот или нашите држави. Не исклучувам дека и во нашата земја има и ќе има се повеќе. Колку повеќе ќе се зголемат изгледите за изнаоѓање на решение за забрзување на европскиот пат, толку повеќе ќе се најдат вознемирени…

Read More

Заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19 што се реализираше во изминатите две недели. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека речиси 41,2 проценти од вкупното население е вакцинирано со две дози, а само седум проценти со трета (бустер) доза, но со караванот се очекува тој број да се зголеми. Караванот почна на 21 март од Шуто Оризари, а заврши во Струга. Беа посетени 14-тина градски и рурални подрачја низ целата држава. Граѓаните имаа можност да се вакцинираат против Ковид-19, но и да се информираат за вакцинацијата и за придобивките од неа. Според здравствените власти, невакцинираните луѓе имаат поголем ризик…

Read More

Претежно облачно време ќе преовладува денеска во државава. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до…

Read More

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ. Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете…

Read More

Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, јавува Телма. Се работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. Според првичните информации, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон. Во моментот на пријавување на инцидентот, според информациите на Телма, немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија.  Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови. Сите…

Read More

 Во Доха, главниот град на домаќинот Катар, вечерва со жрепка е одреден составот на групите за Светското првенство во фудбал. На Мундијалот во Катар ќе бидат одиграни вкупно 64 натпревари, а жрепката одлучи на отворањето, на 22 ноември, да играат домаќинот Катар и Еквадор. Настап на Светското првенство спроти одредувањето на групите изборија 29 репрезентации, а последните три ќе бидат познати по завршните бараж натпревари. Група А: Катар, Еквадор, Холандија, Сенегал. Група Б: Англија, Иран, САД, (Шкотска/Украина/Велс) Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска. Група Д: Франција, (ОАЕ, /Австралија/Перу), Данска, Тунис, Група Е: Шпанија, (Костарика/Нов Зеланд), Германија, Јапонија. Група Ф: Белгија, Канада,…

Read More

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија. Роберта Мецола, која е претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската унија. – Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската унија и европските граѓани се со Украина. Затоа сум овде денеска, бидејќи сме со вас, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев. Мецола и вети три работи на Украина. – Прво, криминалната инвазија на претседателот Владимир…

Read More

Црвениот крст соопшти дека тимот што го испратил за да ја олесни евакуацијата на илјадници цивили од Мариупол денеска бил принуден да се врати во Запорожје затоа што било невозможно да се продолжи со операцијата. – Тимот на МКЦК, кој се состои од три возила и девет лица, денеска не стигна до Мариупол ниту го олесни безбедното минување на цивилите, се вели во соопштението на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Црвениот крст додава дека неговите припадници утре повторно ќе се обидат да го олеснат безбедното евакуирање на цивилите од Мариупол. Десетици илјади цивили би можеле да бидат спасени од Мариупол доколку бидат…

Read More

Во скопската населбата Пржино во Кисела Вода, попладнево настана пожар во напуштена барака, односно поранешно основно училиште. Засега не се познати причините за настанување на пожарот. Командантот на скопската Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски за МИА потврди дека три противпожарни возила интервенираат на терен.  Освен пожарникари, на терен има и екипи на полицијата. Томевски додаде дека нема опасност од ширење на пожарот и дека се при крај со стабилизирање на пожарот. 

Read More