Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 денари за литар,…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот се изразени честитки до премиерот Ковачевски за мандатот. Притоа е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, предизвиците од војната во Украина, реформските процеси во државава, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР околу изборите, прашањето околу евроинтеграциите. На средбата е посочено дека Република Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ, при што е посочено и на подготовките што се прават во таа насока.…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул. Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи за мир. Напоменувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рече дека со организирање на состанок меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат, пренесува Анадолија. Ердоган во телефонскиот разговор со Путин го повтори предлогот…
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го поздравува успешно спроведениот попис на населението, кој Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања го спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми на Евростат. -Во тој процес, Министерството за надворешни работи го даде својот придонес во делот на попишувањето на нерезидентното население на Северна Македонија во дијаспората, за што изразуваме посебно задоволство. Успешно завршениот попис е од големо значење за многу сегменти на функционирањето на државата и општеството, како и за обезбедување понатамошен развој, и дотолку по значаен имајќи предвид дека последниот…
Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг. Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат…
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска и вчера во Скопје ја одржа 18-та средба. – Средбата помина во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век, соопштија кусо по средбата од Министерството за надворешни работи не навлегувајќи во детали од средбата. До крајот на годината, информираат од МНР, се планирани уште вкупно четири средби на Комисијата. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година. Ова беше втора од предвидените…
Руски војници биле изложени на радијација за време на нивната операција во поранешната нуклеарна централа во Чернобил, сметаат украинските власти. Украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека руските војници ископале ровови во зоната околу реакторот и затоа се контаминирале со радиоактивен материјал. „Невозможно е да се измери степенот на радиоактивната контаминација на руските војници“, рече директорот на централата Валери Сејда. пренесе ДПА. Во интервју објавено на веб-страницата на агенцијата, шефот на Енергоатом Петро Котин рече дека војниците не се физичари и дека биле испратени во радиоактивно контаминираниот регион целосно несвесни. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на својата Фејсбук страница напиша…
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска одржа средба со Акција Здруженска-платформата за родова еднаквост, на која се разговараше за развојот на политиките за родовата еднаквост, буџетското распоредување во однос на сервисите на услуги и нивната одржливост и политиките за вработување и заштита од дискриминација особено во руралните средини. Здружението укажа на предизвиците со кои се соочуват со сервисите на услуги и потребите од промени на политиките за родова еднаквост со што ќе можат жените особено од руралните средини да се вклучат во пазарот на трудот. Министерката Тренчевска истакна дека прашањето за вклучување на жените од руралните средини…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 8 април доаѓа во Софија на покана на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, соопшти прес-службата на Советот на министри. За време на нејзината посета на Бугарија, Урсула фон дер Лајен лично ќе ја претстави оценката на ЕК за бугарскиот план за закрепнување и одржливост (ДИА) и неговата усогласеност со европските барања. Во рамки на посетата, претседателката на ЕК ќе има средба со премиерот, по што двајцата ќе имаат заедничка прес-конференција. Во програмата е предвидено и Кирил Петков и Урсула фон дер Лајен да посетат проекти чија реализација е поврзана со планот.…
Унапредување на соработката во спроведувањето на реформските процеси, како и состојбите и перспективите во евроинтегративниот процес на Северна Македонија и регионот, биле теми на разговор на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ денеска во Стразбур. – Во изминатите пет години преземавме обврска да спроведеме европски реформи и не сме застанале со нивната реализација, со цел да им обезбедиме на нашите граѓани европски стандарди и да ја приближиме земјата кон ЕУ и во овој аспект соработката со Советот на Европа, преку одличната комуникација со Канцеларијата во Скопје, има посебен удел во…
Вечерва се затворат вратите на Експо 2020 Дубаи, а за Република Северна Македонија се отворат нови можности. На нашиот павилјон во Дубаи успеавме да имаме над 400 илјади посетители, а со тоа нашата земја веќе е повидлива, по препознаена и поактуелна во Обединетите Арапски Емирати, во Блискиот Исток но и во целиот МЕНА регион, напиша на својот фејбук профил Министерот за надворешни работи Бујар Османи. – За време на најголемиот настан во историјата на ЕКСПО-а, во Дубаи, успеавме да имаме десетици различни политички, економски и културни настани. Беа организирани бизнис конференции во делот на привлекување на странски инвестиции, промоција на…
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека доколку не се смени ништо до 11-ти април, образованието ќе оди на штрајк. Тој вели дека со 100% мнозинство е донесена одлуката. „Во меѓувреме, овие 10-тина дена не најдеме меѓусебно решение, одлуката ќе се реализира“, вели Неделков. На ова реагираше и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој посочи дека штрајкот не е решение. „Штрајкот не го гледам како опција за решавање на проблеми, но се подразбира дека штрајкот е дел од синдикалното право и јас ја почитувам…