Author: Ivana

Од Македонскиот народен театар соопштуваат дека македонскиот актер Славиша Кајевски трагично го загубил својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје. „Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на…

Read More

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем “Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15. Јануари 2021-ва) до 30. Септември 2021-ва. Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779,558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1,106,566 невакцинирани испитаници. Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во дадениот период 41.33% биле вакцинирани со бар една доза, од кои повеќето (37.78%) биле целосно вакцинирани…

Read More

Сите кои работат спротивно на јавниот интерес ќе понесат одговорност, а СДСМ е партијата отворена за сите со цел да се унапреди животот на граѓаните, потенцира кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во неговата програма доставена до членовите на партијата. -Некои тоа го нарекуваат технократски пристап, но во суштина значи јасен мерит систем кој носи одговорност. За мене цврста рака не значи враќање кон старите пракси на газење врз луѓето. Но, ако сакаме да зборуваме за цврста рака, тогаш тоа може единствено да значи, а тоа и го најавувам, одговорно управување и одговорност при пристапувањето, додадава тој. Тој ги…

Read More

Досегашните членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, се реименувани за истите позиции со мандат од 6 (шест) години сметано од 19.11.2021 година. Народна банка на Република Северна Македонија, издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки. Членовите на Управниот одбор на Развојна банка, ги започнаа своите мандати во…

Read More

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и  репресивни  мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други  пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба. Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во…

Read More

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои патот на Албанија и Македонија за пристап во ЕУ, што ќе и овозможи на Албанија да напредува. Патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со оној на Северна Македонија. Ова значеше дека ветото на Бугарија поврзано со човековите права, историските и јазичните прашања резултираше со тоа што Албанија не успеа да напредува кон формалниот почеток на преговорите, и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји-членки. Минатата недела, бугарскиот евроамбасадор Румен Александров рече дека неговата земја нема да го укине ветото за Северна Македонија, но дека…

Read More

Како дел од соработката и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, од денеска во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија ќе биде ангажиран американскиот советник за сајбер безбедност, Франк Ранеро, долгогодишен експерт во оваа област. Министерката Радмила Шекеринска му посака добредојде на новиот советник на состанокот на кој присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, одбранбениот аташе и претставник од Канцеларијата на САД за одбранбена соработка со Северна Македонија, и рече дека неговата улога ќе биде важна во развојот на нашата сајбер одбрана. „Северна Македонија и САД уште еднаш покажаа дека сојузништвото има заеднички интереси, но и заеднички цели. Воедно,…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го одигра јубилејниот 100. натпревар во дресот на италијанскиот прволигаш Наполи во синоќешното драматично реми од 2:2 на гостински терен против Сасуоло во рамки на 15. коло во Серија А. Елмас влезе во игра на стартот на второто полувреме во кое Наполи со два гола во период од девет минути (Руиз 51, Мертенс 60) поведе со 2:0, но до крајот на натпреварот Сасуоло се врати резултатски (Скамака 72, Ферари 89), а во судиското продолжение постигна и трет гол, кој беше поништен поради прекршок. Наполи остана лидер во Серија А по 15 коло со 36 бодови, еден повеќе од второпласираниот…

Read More

Одборот на Светска банка одобри префрлање на 280 милиони американски долари од замрзнатиот фонд на Авганистан на две хуманитарни агенции, со цел да и помогне на земјата да се справи со нестабилната економија по доаѓањето на власт на талибанците и повлекувањето на САД на 31 август 2021 година. Донаторите од Фондот за реконструкција на Авганистан (АРТФ), управуван од Светска банка, мора прво да го одобрат трансферот пред парите да дојдат до Светската програма за храна и УНИЦЕФ. Триесет и еден донатор од таа група утре треба да се состанат на таа тема. Одборот на Светска банка во вторникот одржа неформален…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33, 13 санкции за возење без возачка дозвола, 21 мерка за технички неисправни и нерегистрирани возила, 35 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Read More

Наградата „Дигитален шампион“ Комората ја доби за Проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење. Денеска во 14:30 часот, потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, ќе ја прими наградата ДИГИТАЛЕН ШАМПИОН, на овогодишната редовна Министерска конференција на Светската трговска организација, во конкуренција на над 100 поднесени апликации од сиот свет. Таа ќе има и свое обраќање, а потоа ќе следи и официјалната објава од страна на трите реномирани институции. Процесот на дигитализација го започнавме кон крајот на 2020 година и, во…

Read More

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се  запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили. Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Северна Македонија излета и се запали. Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов. Бугарската влада ќе…

Read More