Author: Ivana

За надминување на амбиентот во кој функционира домашната економија потребно е сите да ги „засукаме ракавите“, да се обединиме во нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мулти кризата со акцент на неколку приоритети. Цениме дека е потребно да отвориме серија од неколку прес конференции на кои ќе ја искажеме моменталната состојба која владее во реалниот сектор, бидејќи во соработка со 160 компании со кои имаме дневна комуникација добиваме се повеќе алармантни и загрижувачки информации кои се обидуваме да ги обработиме и да ги проследиме до јавниот сектор, и на тој начин да си помогнеме сите, изјави претседателот…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го спореди отстранувањето на руските уметници од културните програми во некои западни земји со палењето книги од страна на нацистите. – Последниот пат нацистите во Германија, пред речиси 90 години, водеа таква кампања за уништување на една непожелна култура. Добро се сеќаваме на сликите од запалени книги на јавни места, истакна Путин на средба со културните работници. Тој нагласи дека Западот се обидува да ја уништи руската култура со откажување на делата на големите композитори Пјотр Илич Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов, бранејќи ги руските писатели и нивните книги. – Денес тие сакаат да ја…

Read More

Гранатирањата врз Мариупол се толку тешки што локалните власти проценуваат дека околи 80 проценти од градбите се уништени или тешко оштетени. Масовните гробници во украинскиот јужен град Мариупол, кој е под опсада, може да имаат и до 200 тела, предупредува шефица на мисијата на ОН за набљудување на човековите права во Украина, Матилда Богнер. Богнер, рече дека нејзиниот тим се обидува да го процени обемот на цивилните жртви. „Успеавме да добиеме сателитски информации за една од масовните гробници, и нашите проценки се дека во една од тие масовни гробници може да има и до 200 лица“, изјави таа. Но, „тоа не значи…

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022. Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на сите во земјата. – Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија!, напиша Сејдини на својот Фејсбук профил, илустрирајќи ја објавата со фотографии од славјето на македонската репрезентација на теренот на стадионот „Ренцо Барбера“ по вчерашниот сензационален триумф…

Read More

Сертификацијата и меѓународните стандарди, имплементација и воведување се со цел подобрување на конкурентноста и подигнување на техничко-технолошкото ниво на домашните компании ќе биде приоритетна цел на новиот Центар за квалитет кој стартува со работа во рамките на Сојузот на стопански комори на Македонија. Воведување на строго контролираните услови и правила за одвивање на работните процеси во деловните субјекти е главен предуслов за обезбедување високо квалитетен производ кој ќе придонесе за стабилен раст и развој на бизнисот. „Подолго време се наоѓаме во отежнати услови на деловно работење поради кризата во која се наоѓаме. Но во такви услови најважно за опстанок и…

Read More

Повеќе од 190 земји ширум светот ќе ја дадат својата поддршка, испраќајќи порака за зачувување на планетата Земја – единствениот дом кој сите го делиме, на утрешниот „Час на планетата Земја“ кога повеќето земји ќе ги изгаснат светлата во име на најголемата светска еколошка акција. Оваа година „Часот на планетата земја“ се одржува во сенка на тековниот конфликт во Украина, со порака за солидарност за луѓето и за планетата. Во мрак утре во 20:30 часот по локално време, меѓу другите ќе потонат Сиднејската опера во Австралија, Христос Спасителот во Бразил и Емпајер Стејт Билдинг во Америка. Локалната канцеларија на „Часот…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека односите меѓу Србија и Русија се многу тесни и во ова време, кога продолжува руската окупација на Украина, Канцеларијата за врски на Русија во Косово е под целосен надзор на надлежните органи, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата КТВ, Курти изјави дека нема комуникација меѓу руската канцеларија и владата што тој ја води. – Ние немаме добра комуникација со неа, меѓутоа таа е под целосен надзор на нашите надлежни органи, но несомнено не се пасивни ниту нашите сојузници и партнери, изјави Курти. Тој нагласи дека е подготвен соодветно да…

Read More

Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.

Read More

Кина денеска регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан. Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките во земјата, се чини, предизвикуваат повеќе смртни случаи, отколку самиот вирус. Денеска се евидентирани 4.988 нови случаи, со зголемен број на лица со асимптоматски инфекции, нешто што Кина го регистрира одделно. Грижите се зголемуваат во Шангај, град од околу 25 милиони луѓе, што евидентираше 1.609 нови случаи.…

Read More

Луѓето во Мариупол умираат од глад, објави Градскиот совет на Мариупол, а пренесуваат агенциите. Во соопштението, советот истакна дека луѓето почнале да умираат од недостиг на храна во опколениот град. – Се повеќе луѓе останаа без пристап до храна – се наведува во нивното соопштение каде се наведува дека се стопирани сите обиди за доставување храна и лекови до жителите на тој град. Украинската новинарка Анастасија Лапатина исто така потврди на Твитер дека луѓето во Мариупол почнуваат да гладуваат. – Русите се обидуваат да ја избришат Украина и целата наша историја и култура од лицето на земјата – објави Лапатина.…

Read More

Александар Трајковски херојот на синоќешниот натпревар  ја донесе победата на Македонија во бараж натпреварот со Италија за светското фудбалско првенство во Катар, испрати порака до целата македонска јавност. – Ова е за моето семејство и за цела МАКЕДОНИЈА!, – порача стрелецот на голот во Палермо. Трајковски ја затресе мрежата на италијанската репрезентација на фудбалскиот меч во Палермо  на две минути пред крајот на натпреварот, триумфирајќи над Италија со 1 спрема 0. Полувремето и двете репрезентации го завршија со 0:0 резултат. Со ваков исход од мечот, Италија остана без можност да учествува на мундијалот. Со оваа победа македонската фудбалска репрезентација се…

Read More

Австралија воведе санкции против белорускиот претседател Александер Лукашенко, поради поддршка за руската инвазија врз Украина. Ова се наведува во денешното соопштение на австралиското Министерство за надворешни работи, јави Си-Ен-Ен. Новите санкции вклучуваат 22 „руски пропагандисти и оперативци за дезинформација“, а меѓу санкционираните се и високи уредници од медиумите Раша тудеј (Russia Today), Фондацијата за стратешка култура (Strategic Culture Foundation), ИнфоРос (InfoRos), ЊузФронт (NewsFront), пишува во соопштението. На листата со санкции се најдоа и сопругата на Лукашенко, Галина, како и неговиот син Виктор, кој претходно имаше високи улоги за национална безбедност во Владата. Според соопштението, санкциите се за „Русија и оние…

Read More