Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела, предупредуваат од ОН

0
By Ivana on March 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 25, 2022 14:54

Гранатирањата врз Мариупол се толку тешки што локалните власти проценуваат дека околи 80 проценти од градбите се уништени или тешко оштетени.

Масовните гробници во украинскиот јужен град Мариупол, кој е под опсада, може да имаат и до 200 тела, предупредува шефица на мисијата на ОН за набљудување на човековите права во Украина, Матилда Богнер.

Богнер, рече дека нејзиниот тим се обидува да го процени обемот на цивилните жртви.

„Успеавме да добиеме сателитски информации за една од масовните гробници, и нашите проценки се дека во една од тие масовни гробници може да има и до 200 лица“, изјави таа.

Но, „тоа не значи дека сите се цивилни жртви“, додаде таа, бидејќи бројките на ОН не ги вклучуваат воените жртви и тие кои умреле од други причини за време на војна.

Канцеларијата на ОН за заштита на човековите права, која има 50 лица во Украина, регистрираше 1.035 цивили убиени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Сепак, бројот на жртвите може да е  поголем од официјалните бројки, поради тешкотијата да се проверат извештаите и да се добијат информации од областите погодени од војна.

Овој тим ги истражува наводите за кршење на човековите права, како што е пукањето во цивилни возила кои бегаат од воените зони, исчезнувањето на украинските функционери и новинари и принудното преместување на цивилите на територијата што ја контролира Русија. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.