Author: Ivana

Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување.   Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика, го разгледа и прифати ревидираниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Во ревидираниот Оперативен План се имплементирани дополнителните средства во износ од 284.960.000 денари, обезбедени со Буџетот на Република Северна Македонија. Целта е да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот…

Read More

Прогресивниот синдикат за образование (ПСО), член на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Министерството за образование и наука да дозволи наставниците на наставнички совети да може да одлучат дали наставата да ја организираат со физичко присуство или онлајн во периодот од 1 декември 2021 до 31 март 2022 година. Барањето го образложува со актуелните услови – сезона на грипови и влошување на состојбата со пандемијата од КОВИД-19, како и поради енергетската криза во државава. – Доколку состојбите со пандемијата се подобрат, учениците би можеле во последното тримесечие да се вратат во училишните клупи и со успех да ја завршат…

Read More

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да и предложи на Владата, сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една примена вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Вработените треба да прикажат или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена, или пак потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат а тоа се оние ретки имунолошки состојби. –Препорачуваме во овие мерки да се приклучат…

Read More

Четворица новинари од Авганистан пристигнаа во Македонија како дел од хуманитарните мисии за спасување на авганистански новинари од талибанскиот режим, соопштија од Самостојмиот синдикатот на новинари и медиумски работници Од таму велат дека оваа мисија е на барање на ИФЈ – Интернатионал Федератион оф Јоурналистс, ЈХР: Јоурналистс фор Хуман Ригхтс и Самостојмиот синдикатот на новинари и медиумски работници. Дел од извршниот одбор на ССНМ ги пречека колегите на скопскиот аеродром кој утрово од Исламабад преку Истанбул слета во Скопје. Изутрината на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од четворица новинари од Авганистан кои се во опасност од новите тамошни власти. Станува…

Read More

Десетто јубилејно издание на Самитот на организацијата Македонија2025 ќе се одржи задутре во Скопје, а централна тема ќе биде дигитализацијата. Ќе се одржи во хибридна форма, а предвидени се преку пет панели и едно главно интервју,  при што ќе може да се слушнат 28 говорници. -На Самитот ќе се презентираат најновите достигнувања, трендови, знаења и вештини во областа на дигитализација, циркуларната економија, успешни регионални бизниси од областа на технологија и ИКТ секторот, а ќе се зборува и за жешките економски прашања – инфлацијата, растот на економиите, енергетска криза и други, велат од Македонија 2025. Дел од говорниците ќе бидат: Марсело…

Read More

Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија беше дел од новото опширно истражување на ГЛОБСЕК поддржано од Стејт Департментот на САД кое ги анализираше точките на ранливост кон странско влијание во осум држави од Централна Европа и Западен Балкан: Северна Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словачка. Студијата ја оценуваше ранливоста на овие држави преку пет области: јавни ставови,политички пејзаж, јавна администрација, информациски пејзаж и граѓански и академски простор, со посебен фокус на активностите на Русија и Кина. Важноста на индексот на ранливост добиен од истражувањето ги надминува регионите на Централна Европа и Западен Балкан…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на вториот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2022 година, уште еднаш апелира пратениците побрзо да ги усвојат законите кои подолго време се заглавени во собраниска процедура зашто од нив зависи, како што нагласи, реализацијата на повеќето инвестициски проекти. Неопходен е консензус, истакна Бесими. Политички поени нема да добие никој, а спроведувањето на проектите ќе има директен позитивен импакт и врз економијата и врз граѓаните. И Предлог-буџетот за 2022 година, подвлече Бесими, нема да има никакво значење ако предвидените бројки и проекции не се реализираат. Во таков случај, рече, ќе немаме нови проекти,…

Read More

Независноста и транспарентноста на судството како важни и приоритетни елементи во функционирањето на судскиот систем, на кои САД посветува сериозно внимание, беа нагласени на работниот состанок на претседателката Павлина Црвенковска со Заменик шефот на Мисијата на САД, Ерик Мејер Мејер ја потенцираше важноста на работата на Судскиот совет во правец на зајакнување на независноста на судството преку обезбедувањето независност и на судскиот буџет. Во однос на транспарентноста, на состанокот беше нагласено дека се забележуваат позитивни промени, особено со оглед дека седниците на Судски совет се отворени за јавноста, дека записниците од седниците се објавуваат јавно на интернет страницата на советот,…

Read More

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес. Овој предмет до ДКСК бил доставен од Министерството за култура, а по заклучок на седница на Влада одржана а 18 мај годинава. Од Министерството…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на СЗО во Северна Македонија, Жихан Тавила, шефицата на Европската Канцеларија на СЗО во Венеција, Италија Крис Браун  и останатите соработници. Тема на средбата беше справувањето со социо-економските нееднаквости  при пружање на здравствените услуги на граѓаните. Акцентот беше ставен на меѓуинституционалната соработка и размената на податоци како особено значајни во креирањето на мерки за ранливите категории граѓани. Министерката Шахпаска истакна дека на почетокот на пандемијата Владата постави два клучни прииоритети, зачувувањето на секое работно место и помош и поддршка за ранливите категории на граѓани. Шестте пакети економска…

Read More