Author: Ivana

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала утринава беше почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот кој потекнува од Битолското епицентрално подрачје е регистриран во 6:15 часот на 106 километри јужно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 13 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, две мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла. Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да…

Read More

Кралицата последниве седмици успешно заздравува од Ковид иако според лекарите од Виндзор, дневникот на доллжности на Нејзиното височество ќе биде „суштински ревидиран“ и таа веројатно нема да им се врати на своите главни обврски кон пошироката јавност. Извори од кралското опкружување тврдат дека Елизабета Втора е во добра здравствена состојба, но веќе ја мачат „слабостите кои доаѓаат со долговечноста“. 95-годишната Елизабета пред еден месец беше инфицирана со вирусот, а како преносител беше наведен нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој претходно беше позитивен на тестот. Кралицата ќе го прослави својот 96. роденден на 21 април годинава.

Read More

Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“. Свиркачот Владимир Осечкин тврди дека „безбедносните служби ги зафатиле хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија врз Украина“. Осечкин е протеран руски активист и основач на група за човекови права, кој тврди дека анонимен руски разузнавач сето тоа го пишува во писмата што ги добива и кои ги објави. Осечкин за „Тајмс“ изјави дека ризикот што го преземале разузнавачите за да проговорат е знак за нивниот…

Read More

Пронајдена е една од црните кутии на авионот на компанијата „Чајна истерн“, кој со 132 патници се урна неделава во јужниот дел на Кина, објави во средата кинеското цивилно воздухопловство. Сепак, уредот е толку оштетен што не е јасно дали е пронајден снимачот на податоци за летот или гласовните снимки од пилотската кабина. Не е пронајден ниту еден преживеан во падот на авионот на летот MU5735 во брдскиот терен во близина на Вужоу, што се случи во понеделникот. Станицата за следење на летови FlightRadar24.com објави дека Боингот 737 брзо се спуштил, а потоа малку ја повратил висината по што нагло…

Read More

Официјална Москва денеска го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање меѓународни мировни сили во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен конфликт меѓу руските војници и силите на НАТО. Полска минатиот петок соопшти дека официјално ќе поднесе предлог за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО. Запрашан за иницијативата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека „тоа би била многу непромислена и крајно опасна одлука“. Тој за време на конференцискиот повик им рече на новинарите дека секој можен контакт меѓу руските и силите на НАТО „може да има јасни последици што би било тешко…

Read More

Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, објави денеска весникот Ди Цајт. Руските тврдења дека Украина развива такво оружје или дека САД сакаат да го употребат „изгледаат како имплицитна закана дека и самиот Путин размислува да употреби такво оружје“, вели Шолц. „Затоа, за мене беше важно лично да му кажам јасно и директно: тоа би било неприфатливо и непростливо“, изјави германскиот канцелар за Ди Цајт.

Read More

Од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани во Грција кои се над 60-годишна возраст, а мерката одново ќе се разгледа во септември, соопшти министерот за здравство на Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека ќе се наплати износ до 300 евра што одговара на периодот до 15 април. Мерката беше воведена на 16 јануари годинава и се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои се вакцинирани и секој месец плаќаа казна по 100 евра. Дополнително, министерот за здравство на Грција соопшти дека на денешниот состанок на…

Read More

Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика ,,Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње. На панелот насловен ,,Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во правец на движење на државата кон зеленото сценарио во производството на електрична енергија, а  кои имаат голема поддршка од европската Енергетска заедница. Од страна на Гајдарџиски на панелот беше пренесена оценката од ЕЗ дека Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција и во реформите…

Read More

САД и другите западни земји размислуваат за потенцијално исклучување на Русија од Г20, објави Ројтерс, цитирајќи извори. Агенцијата, исто така, тврди дека Полска во вторникот им предложила на американските претставници да ја замени Русија во групата и дека добиле „позитивен одговор“. Г-20 е групација на најголемите светски економии која има за цел да ги координира активностите за прашања кои влијаат на глобалната економија, вклучувајќи ги климатските промени и развојот. Ваквиот притисок ќе ги додаде постојните економски санкции против Русија од Запад. Но, веројатно ќе биде ставено вето и од други клучни земји на Г20 – вклучувајќи ги Кина, Индија и…

Read More

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај. Тоа се дополнителни 3.000 денари само за овие три месеци кои се надоврзуваат на најголемите зголемувања на пензиите досега според усогласувањето од 2,9% во јануари годинава кога пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари. Со ова усогласување, со интервентната финансиска помош, како и со новиот модел за континуиран раст на пензиите, кој ќе започне да се применува со септемвриската пензија, пензионерите оваа година ќе имаат…

Read More