Author: Ivana

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38%…

Read More

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место. Ова, како што е објавено на фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. – Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница. Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место…

Read More

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за  починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле  две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.   Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина. Еден пациент е вакциниран со Фајзер.…

Read More

Каднидат за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски денеска пред објектот на Амбулантата во Тафталиџе 1, заедно со Виктор Исјановски – советник во Општина Карпош, одржаа средба со претставници од Здружението на граѓани „Во Мојот свет“ и родители на деца со аутистичен спектар и атипичен развој, каде беше разговарано за проектот – Прв центар за адолесценти и лица со аутистичен спектар и атипичен развој во општина Карпош. – За жал, аутизмот во нашата држава и општина е многу реален и може да погоди било кого. Тој претставува развојно  нарушување со неколку основни карактеристики: тешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација,…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) во четврток ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за вториот круг од Локалните избори до Општинските изборни комисии, а во петок ќе се доставуваат терминалите за отпечатоци од прсти. Според податоците од ДИК, на вториот круг од изборите ќе се гласа во 44 општини за градоначалници, а првиот круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар за градоначалник и во Шуто Оризари за членови на совет. Поради непостигнат цензус гласање за градоначалник нема да има во Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштените, лицата…

Read More

Седуммина граѓани на Авганистан, четворица возрасни и три деца, изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, соопшти владината Прес-служба. Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан, кое е под закана на новата талибанска власт во земјата. Северна Македонија во моментов дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан. Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот…

Read More

Унапредување на условите на образовните институции кои ќе бидат безбедни за сите деца, родители и вработени како приоритет во работењето на секоја градска и локална самоуправа. Условите за работа во училиштата ќе овозможуваат квалитетен образовен, воспитен и социјален процес за нашите деца. Образовните институции во Скопје ќе бидат и места за поддршка на различностите, соработката и соживотот, најави на денешната прес конференција кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.   Како иден градоначалник на град Скопје, Арсовска најави изградба на модерна образовна инфраструктура и современи услови за учење. Модернизацијата на сите училишта ќе биде согласно ЕУ стандардите, со цел подобрување…

Read More

Во просек, жените во земјава извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа за грижа, додека придонесот на мажите едвај надминува една четвртина од вкупниот обем на работа. На дневна основа, во споредба со мажите, жените трошат 18 пати повеќе време за миење садови, 12 пати повеќе време за чистење, девет пати повеќе време за готвење и три пати повеќе време за грижа околу децата, покажуваат резултатите од  студијата што ја спровел „Реактор-истражување во акција“. -Официјалната статистика за Северна Македонија, според спроведените анкети за користење на времето, понатаму ја потврдува стереотипната родова поделба и покажува дека во просек мажите трошат повеќе…

Read More

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 23 прекршоци. Инаку, мерката за носење на заштитна маска на отворено е укината, со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група, а останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Read More

Здружението LEAD објави прв прирачник за предавање контроверзни теми во училница, наменет за наставници. Според LEAD, предавањето и дискусијата на контроверзните теми се уште е предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја и  наведува дека 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието. Прирачникот „Предавање на контроверзни прашања преку едукација за демократско граѓанско и човекови права“ е оригинално издаден од Советот на Европа и преведен на повеќе од 15 јазици во Европа. Прирачникот е преведен и бесплатно достапен онлајн на македонски јазик и на албански јазик на веб-страницата на LEAD. Прирачникот е наменет за…

Read More

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со краткорочни, ниту среднорочни активности. Но преземањето на комплементарни мерки кои ќе ги третираат најголемите загадувачи е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето, изјави градоначалникот Шилегов. Бројките покажуваат дека последните четири години, нивото на ПМ10 честички е во постојан…

Read More

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на двете други природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е понизок од повеќегодишниот просек за октомври и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,58 метри кај Преспанското. Со тоа, нивото на Преспанското Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е шест сантиметри под апсолутниот минимум кој изнесува 842,25 (мнм), а водостојот на Охридското Езеро е три сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). За разлика од…

Read More