Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје. Ова е едно од заложбите на Данела Арсовска во нејзината програма за брзи и ефикасни решенија на град Скопје. – Ќе побараме од Комисијата за антикорупција, да создадеме програма за системско решение за спречување корупција во сите градски претпријатија, установи и училишта. Ќе постои Омбудсман одговорен за пријавите за корупција и прекршување на правата на граѓаните. Системски решенија мора да има, порача независната кандидатка за градоначалник, Данела Арсовска на денешната прес конференција. Во нејзината програма е предвидено град Скопје да биде отворен 24/7 за граѓаните на Скопје.…
Скопје е првиот град во државата кој го започнува овој проект кој ќе значи целосна дигитализација на услугите, воведување на директна демократија како алатка за унапредување на демократијата и обезбедува големи заштеди на електрична енергија – средства кои ќе се враќаат директно како финансиска поддршка за граѓаните, истакна Градоначалникот и актуелниот кандидат на Град Скопје, Петре Шилегов презентирајќи ги главните придобивки од проектот паметен град – „Скопје Смарт сити“. Тој посочи дека со Смарт сити, Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Со овој проект граѓаните…
Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 1600 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите. – Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи, работната посета на Берлин,ја искористи за да ја врачи првата издадена патна исправа, изработена врз основа на податоците добиени со новиот современ систем поставен во повеќето амбасади низ дипломатската мрежа на Северна Македонија. – Нема веќе долги рокови, непотребни трошоци и непријатности. Отсега и информациите за патните исправи директно во амбасадите, од каде во пристоен рок и ќе се земаат готовите пасоши. Нашата цел е да бидеме сервис на дијаспората, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби. Задоволна дијаспора значи и поголема поврзаност на нашите граѓани со својата земја, но и поттик за…
Државата ја држи стабилна цената на струјата на домаќинствата, затоа што нашиот модел е либерализација со постепено отворање кон граѓаните. Во моментот, државата има обврска да обезбедува околу 60-70 проценти од струјата, а останатите до 100 проценти ги субвенционира, изјави премиерот Зоран Заев. Трендот на берзанско покачување на струјата, посочи Заев, беше видлив уште во првото полугодие и Владата презема соодветни активности, како што е намалувањето на ДДВ на електричната енергија од 18 на 5 проценти и на тој начин успеваме да ги амортизираме дел од трошоците, кои граѓаните би ги сносиле ако државата не интервенира. – Вториот дел е…
Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска одржаа заедничка прес-конференција на тема новите закони за управување со отпад кои ќе овозможат конечно европеизирање на управувањето со отпадот. Со ова, како што порачаа, конечно ќе се реши овој горлив проблем кој се таложел со декади и ќе се прекине синџирот на лошо управување со отпадот. На прес-конференцијата премиерот Заев информираше дека неодамна Собранието на Република Северна Македонија ги донесе преостанатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и…
Од самитот ЕУ-Западен Балкан очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Унијата, согласно сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Очекувањето за нас, нагласи Заев, е дека ЕУ преку лидерите во Европскиот совет ќе испратат силна и мотивирачка порака за продолжување на максимален фокус на ЕУ кон интеграциите на Западен Балкан во ЕУ. Во однос на оптимизмот во преговорите со Софија, Заев, рече дека имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на МВР и дека се надева периодот октомври,…
В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. – Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година, соопшти руското МНР.
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Проблемот, како што рече, е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца. – Се гледа распоредот на столчињата како се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е што дополнително луѓето кои доаѓаат од страна не ја запазуваат неопходната оддалеченост и целосното почитување на протоколите. Нема никакви договори, сите си ветивме дека ќе направиме се имајќи предвид дека работиме со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно на ваквите јавни собири. Организаторите на митинзите ќе направиме…
Премиерот Зоран Заев очекува во следните денови МВР први да излезат со детали за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 пациенти. Заев смета дека тоа нема да пречи на истрагата во Обвинителството, потенцирајќи дека засега нема информации од МВР дали и кога ќе ги објават деталите за причините за пожарот. – Јас не можам да дадам наредба, налог или некои напатствија на орган кој не е под извршната власт, тоа е Јавното обвинителство. Можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетна истрага, да се објави, но можам да побарам од МВР, тоа што е делокруг кај…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порачува дека е неопходно македонската економија да се реструктира. Со сегашната структура на економијата, во која две третини од БДП се потпира на приватна потрошувачка, 15 проценти на јавната потрошувачка, а само мал дел на извозот и производство, според Битиќи, ние сме многу ранливи. – Ако сакаме одржливо да се развиваме, оваа структура мора да се промени во насока на поголемо учество на производството со поголема додадена вредност, зголемување на конкурентноста на компаниите и раст на извозот. Треба да се поддржуваат сектори кои создаваат додадена вредност во економијата и кои на долг рок придонесуваат…