Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Руските трупи најверојатно извршиле злосторства против човештвото по нивната инвазија врз Украина, соопшти независна истражна комисија. Извештајот на тројца адвокати од Австрија, Швајцарија и Чешка го нарачаа 45-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и е објавен денеска во Виена. Тројцата експерти не донесоа конечна пресуда дали се сторени злосторства против човештвото. Сепак, тие истакнаа дека одредени обрасци на руското насилство „најверојатно ја исполнуваат таа квалификација“. Тие вклучуваат насочени убиства и киднапирања на цивили, вклучително и новинари и официјални лица. Според општа дефиниција, масовните или систематски напади врз цивили се сметаат за злосторства против човештвото. Според извештајот, руските единици јасно…
Уставниот суд денеска ја одржа дванаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите петмина судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред. Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата зашто, наведува, доведено е во прашање носењето одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци. -Се работи на граница на кворум за…
Одлуката на СОНК за организирање генерален штрајк во образованието не само што не го надминува предизвикот, туку напротив, создава повеќе дополнителни проблеми. Затоа, апелирам до вас како раководство на синдикатот да ја промените политиката на изразување незадоволство на ваков начин и да му дадете можност на социјалниот дијалог. И вие како синдикална организација и ние како институции знаеме дека тоа е најдобрата опција за надминување на секоја ситуација во која постојат несогласувања. Ова го истакнал министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанок со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со…
Украинската безбедносна служба соопшти дека го уапсила проорускиот политичар Виктор Медведчук, кој претходно бил во домашен притвор поради сомнение за предавство, но побегнал неколку дена по руската инвазија, пренесува Би-би-си. И Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографија од Медведчук со лисици, а на фотографијата тој е во украинска воена униформа. – Благодарение на СБУ беше извршена специјална операција. Добро сторено! Следат детали. Слава на Украина – напиша Зеленски на Фејсбук. Портпаролот на Кремљ коментирал дека ја видел сликата, но не може да каже дали е оригинална, пишува Би-би-си. Украинците тврдат и дека Путин е кум на најмладата ќерка на Медведчук,…
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја прифаќа казната на полицијата за кршење на правилата за карантин во 2020 година и оти го разбира гневот на јавноста, но повтори дека тогаш не мислел дека го прекршил законот. – Морам да кажам, искрено, тогаш не ми падна на памет дека можеби во прашање е кршење на правилата. Но, се разбира, полицијата утврди поинаку и јас целосно го почитувам исходот од нивната истрага, изјави Џонсон за Би-Би-Си. Кабинетот на Борис Џонсон потврди дека премиерот на Велика Британија ќе биде казнет поради кршење на анти-ковид мерките и организирање забави во владините канцеларии за време на строгите ограничувања, а ќе биде казнет и министерот…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин „одлучил да не запре“ во Украина бидејќи му треба „воена победа за самиот себе, иако сфатил дека Украина нема да се потчини“. Во интервју за францускиот неделник „Ле Поинт“, Макрон рече дека Мариупол, градот во источна Украина на кој се фокусирала руската армија, „можеби е фиксација на Путин бидејќи тој е симбол на Украина која дава отпор“. Со концентрирање на офанзивата на Донбас, рускиот претседател се обидува „да постигне победа и за цел ја има славната воена парада на 9 мај (одбележување на победата над нацизмот), многу важен датум за него и за Русија“, рече Макрон.…
МВР во секој момент презема активности по наредба на Јавното обвинителство, без разлика за кого станува збор, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со приведувањето на генералниот секретар во Владата Мухамед Зеќири, осомничен за злоупотреба во тендерска постапка заедно со двајца хрватски државјани. – Овој случај го работеше Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Се работеше повеќе време, сѐ додека се прибават доказите, секако по проценка на ЈО кога сметале дека имале доволно докази односно аргументи за да се покрене овој сомнеж, тоа се реализираше, рече Спасовски во гостување на ТВ Телма. Истакна дека високата корупција…
Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, потврди за МИА директорката на ДИП Анета Симеска. Симеска појасни дека за дискотеката „Централ парк“, по извршени инспекциски надзори, во февруари било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. Бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДИП присилно ја затворило дискотеката. Пред дискотеката „Централ парк“ минатата недела се случи инцидентот со хрватскиот ракометар Денис Тот. Симеска нагласи дека затворањето на дискотеката не е поврзано со настанот.
Преговорите со Москва за руско-украинскиот мировен договор се „исклучително тешки“, изјави денеска советникот на украинското претседателство Михаил Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин го осуди „недостигот на кохерентност“ на Украинците кој „создава тешкотии“. – Преговорите се исклучително тешки, рече Подољак и изрази жалење „што руската страна останува на својата традиционална тактика на јавен притисок врз преговарачкиот процес, особено преку одредени изјави“. Путин денеска го обвини Киев дека отстапил од договорите постигнати во Истанбул, наведувајќи дека Русија ќе ја продолжи „воената операција“ во Украина додека не ги реализира поставените задачи. – Во Истанбул постигнавме одредено ниво на договор, кој се состоеше во тоа безбедносните гаранции за Украина…
Премиерот Димитар Ковачевски бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот. -Да, имаше премиерот здравствен преглед. Беше на Инфективната клиника поради одредени проблеми, кои што се најверојатно поради труење со храна, информира вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“. Според него, во моментов Ковачевски е дома и е во добра здравствена состојба. -Безбедносни протоколи има и во секое време и во делот на исхраната. Сепак вакви случаи се можни и нормални, дури и за носители на функции, посочи Спасовски. Информацијата ја потврдија и од Владата од каде што велат дека премиерот Димитар Ковачевски бил задржан…
ОПЕК ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во својот најнов пазарен извештај објавен денеска, припишувајќи го падот првенствено на војната во Украина. Организацијата на земјите извознички на нафта сега предвидува дневната побарувачка во текот на 2022 година да достигне 100,5 милиони барели, што е за 400.000 барели помалку во однос на претходната прогноза. Други фактори кои го поттикнуваат падот го вклучуваат ширењето на варијантата на коронавирусот Омикрон во Кина и други земји, соопшти нафтениот картел. Производството на сурова нафта во Русија се очекува да се намали за околу 500.000 барели дневно до дневен просек од 11,2 милиони…