Author: Ivana

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Скопје. Тој, како што е најавено, меѓу другото, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји во минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ. Вчера во Скопје престојуваше претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на разговори за спорот со Бугарија и негово надминување. – Разговараме и со Бугарија со цел да ја надминеме оваа последна пречка. Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли, рече таа во Скопје, додавајќи: „ Има многу…

Read More

Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони  низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки. Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови  предвидени во Законот за Попис.

Read More

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ја тужи државата во Судот за човекови права во Стразбур, за мерката притвор која му била одредувана во 2018 и 2019 година, за неколку предмети покренати од СЈО. Поточно, го оспорува притворот одреден за време на истрагата за случајот „Империја“, за „Таргет и Тврдина“ и за „Титаник 2“. Во апликацијата, како што пишува Фокус, се наведуваат податоци за изрекувањето и времетраењето на притворот за секој од предметите, па така се потенцира дека во ноември 2018 година му бил одреден притвор за случајот „Империја“, поради ризик од бегство. На 1 декември притворот му бил укинат,…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Владата одржаа средба со претставници на оризопроизводителите од Кочанскиот Регион, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев. Средбата беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз. По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите. Од…

Read More

Загрижувачко намалување на бројот домашни и странски туристи, како и ноќевања, покажуваат официјалните статистички податоци за периодот јануари – јули 2021 во однос на истиот период во 2019 година, пред корона пандемијата. Ова намалување е најголемо споредбено со сите земји од регионот, што упатува на заклучокот дека мерките за позиционирање на земјава како дестинација на меѓународниот туристички пазар се најслаби од сите држави во регионот, а загубата на бројот туристи и ноќевања е процентуално највисока, оценува Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија. Според Здружението, македонскиот туристички сектор е во лоша сосотојба и се уште има…

Read More

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов објави неколку ветувања, кои како што вели ќе ги реализира во следните четири години. Како што вели тој, овој пакет од социјални поволности е наменет за сите групи, за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители. Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот, вети меѓу другото Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ. – Лицата со ретки болести кои живеат…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја гледа нефункционалноста на законодавниот дом во неработењето на собраниските комисии каде се заглавени закони кои треба да бидат усвоени на пленарна седница. Според сегашните норми во Деловникот за работа на Собранието, законот не може да биде ставен на усвојување на пленарна седница додека не помине низ собраниските комисии. Тоа, смета Џафери, е пречка за работата на пленарните седници. Комисијата се става над пленарната седница и Собранието не може да ги извршува своите надлежности поради однесувањето на претседателите на комисиите, рече Џафери. Од тие причини, смета дека во новиот деловник за работа би требало да…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска беше на увид во завршната фаза на изградбата на мостот на Пчиња кај Долно Коњаре. Придружуван од пратеникот во Собранието Зеќир Рамчиловиќ, премиерот Заев истакна дека увидот во последната фаза од изградбата на мостот на реката Пчиња којашто ги поврзува Долно и Средно Коњаре се совпаѓа со Меѓународниот ден на Бошњаците, кој припадниците на оваа заедница во нашата земја го прославуваат на 28 септември. „На иницијатива на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, Владата донесе одлука со која мостот се именува „Цветот на Сребреница”, и врз основа на таа одлука се поставени и…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет. Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи. – Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи. Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Истрагата трае и кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за…

Read More

Вакцинирајте ги своите миленици. На глобално ниво, секои девет минути некој умира од беснило или годишно, битката со оваа болест ја губат 70.000 луѓе. Не е „во мода“ само да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик, порача денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски на трибината по повод 28 Септември, Светскиот ден на борба против беснило. Под мотото „Нула смртни случаи од беснило до 2030 година“ АХВ и годинава се вклучи во глобалната кампања за одбележување на 28 Септември. Беснилото, како што потенцира Бабовски, е исклучително опасна болест и за животните и за луѓето,…

Read More

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик. – Имено пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со  противправна имотна корист на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал.…

Read More

 Викендов во Скопје се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Падна еден рекорд, истиот го постави Михаела Лазаровска од АК Центар. На Арената „Тодор Проески“ во Скопје овој викенд се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Дводневната програма беше исполента со 16 дисциплини, учество земаа по девет тима во машка и во женска конкуренција. Во центарот на вниманието се најде Михаела Лазаровска. Членот на АК Центар урна рекорд стар 14 години. Во дисциплината скок во височина, таа го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци. Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова рекордерка…

Read More