Author: Ivana

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно до 19 септември, до 20 часот. Можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле – 193.370 лица. Од Државниот завод за статистика (ДЗС) за МИА потврдуваат дека граѓаните масовно се попишуваат, а бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста. – Дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот, посочуваат од Заводот. Од ДЗС информираат дека казни…

Read More

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок. „Нордвинд ерлајнс” е…

Read More

За 40% е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август, покажува последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, соопштија од Министерството за здравство. – Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска. Во предучилината и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9% во државата се ковид позитивни, велат од ресорното министерство. Од таму велат дека по…

Read More

Во првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 1 до 30 август, пристигнале  21 693 апликации, а прифатени се 18 149 соопшти  Министерството за образование и наука. Повикот беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии. Апликациите се разгледани од надлежна комисија во МОН која одлучи за прифатените. Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон за олеснување на животот на младите за време на студирањето. Девет месеци во годината студентите ќе добиваат по 2.400 денари  наменети за купување здрави оброци. -На сите кандидати решението им…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Jагода Шахпаска денеска изјави дека состојбата поврзана со коронавирусот во градинките е стабилна и оти не е конатстирано негово ширење во овие детски установи. -Состојбата со градинките е стабилна и веќе цела година се одржува како таква. Денеска на реферирањето на утринскиот кризен штаб информирав дека само 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и само девет дечиња, рече Шахпаска во одговор на новинарско прашање. Дополнително, додаде во изминатите седум дена бил напраен вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите. Извештајот на ДЗСИ, како надлежна инсттуција, покажал дека тие…

Read More

Во близина на кумановското село Табановце, пронајден е мртов 20 годишен државјанин на Сирија. На телото нема траги од насилство, соопштија од СВР Куманово. Вчера во 18: 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице. – По извршениот увид било утврдено дека се работи за М.Л.(20) од Сирија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било подигнато и однесено во капела и по негови насоки дополнително ќе се постапува по случајот, се наведува во соопштението од полицијата.

Read More

Компаниите, особено малите и средните, ќе имаат можност преку програма поддржана од Швајцарската амбасада и во партнерство со Стопанската комора, да работат на унапредување на човечките ресурси, со посебен акцент на жените и на младите како нововработени. Од Стопанската комора на Северна Македонија велат дека покрај недостигот на кадар и неусогласеноста на квалификациите на вработените со потребите на бизнис секторот, се повеќе се укажува и на потребата од обука на вработените за компетенции кои не се стекнуваат низ формалното образование, а кои се клучни за работното место. – Во таа насока идентификувана е потреба од поддршка на секторот за човечки…

Read More

Голема трагедија е тоа што се случи во Тетово и очекувам државата преку институциите на системот да утврди што точно се случило, да се обединиме, а не да имаме политички препукувања на таа тема, изјави за „Утрински брифинг“ министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Говорејќи за капиталните инвестиции, како многу важен аспект во развојот на економијата, Бочварски вели дека поминавме период на ковид криза кога државата им помагаше на фирмите да опстојат и да ги задржат вработените, но сега е време кога преку капиталните инвестиции директно се помага, не да се даваат пари како помош и грантови, туку да…

Read More

Министерството за здравство информира дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор и до министерот за здравство, Венко Филипче ја достави следната информација за извршен вонреден инспекциски надзор во модуларните болници на територија на целата земја. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во 18 модуларни болницилоцирани во следните градови: Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК заапулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово,ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар,ЈЗУ КБ Битола ,ЈЗУ ЗД  Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија,ЈЗУ ОБ Струга,…

Read More

Организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и пандемијата со Ковид-19 се комплексни предизвици за чие откривање, спречување, е неопходен современ регионален пристап и заедничка стратегија за делување. Тоа меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред учесниците на вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена ќе се одржува на подрачјето на Охрид и Струга. Според Спасовски, цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска во Градскиот парк имаше зелена проштална средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, која го завршува мандатот во земјава. – Високо ја вреднуваме Вашата дипломатска активност, поддршка и личен ангажман во изминатите години. Во наследство на земјата ќе останат  бројни и успешни проекти, благодарение на Вашата посветеност и континуираната билатерaлна поддршка од страна на Швајцарија, која датира од 1992 година, истакна Османи. На средбата соговорниците разговараа и за потенцијалите на најновата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани…

Read More