Author: Ivana

Алпинистката Илина Арсова  се искачи на врвот Arista Santa Barbara, 5.790 метри, еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка. Таа деновиве ги минува во Еквадор, каде заедно со експедиција предходно го искачуваше еден од највисоките активни вулкани во светот Котопакси. „Добро утро“ – напиша таа во описот на објавеното видео. Инаку, Илина Арсова е првата Македонка и една од 60-те жени во светот која ги искачи највисоките седум врвови на сите седум континенти. За комплетирање на подвигот, таа кон крајот на 2019 година се искачи на врвот Винсон, кој со своите 4.892 метри е највисок врв на…

Read More

Папата Франциск, на последниот ден од посетата на Словачка, го осуди абортусот како убиство и ја отфрли можноста Католичката црква да дозволи истополови бракови. За време на четиридневната посета на Словачка и Унгарија тој се сретна со властите и се запозна со помалку познатите проекти кои се однесуваат за помош на сиромашните. Последното место што го посети во Словачка беше градот Шаштин-Страже на запад од земјата, каде што присуствуваа околу 60.000 луѓе. Папата ја повика Католичката црква во Словачка да посвети повеќе внимание на своите верници отколку на сопствените проблеми. Тој, исто така, повика на поголема отвореност и заедништво во…

Read More

Радев, на почетокот на овој месец во Блед за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска изјави дека техничката влада успеала да го заштити бугарскиот национален интерес во надворешната политика, особено во однос на Северна Македонија. – Демонстриравме дијалог. Направивме се што е потребно. Ние ја аргументиравме нашата позиција пред нашите европски партнери, така што овој тип на однесување се заснова на принципиелна позиција, бидејќи зборуваме за нашето заедничко европско семејство. Кабинетот достојно го бранеше националниот интерес на Бугарија и претпоставувам дека во…

Read More

Противниците на донесените ковид мерки се собраа на плоштадот во Љубљана, и бараа цела влада да поднесе оставка, а после тоа запалија пиротехнички средства и го гаѓаа парламентот на Словенија. Полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови. Демонстрантите имаа две барања: промена на мерките за сузбивање на вирусот, и препорака за распишување на вонредни избори. Пред протестот организиторите повикаа на мирен собир, но се случил инцидент кога еден од учесниците фрлил со шише врз еден полицаец. Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ја гаѓаат зградата. Имало и навивачи на фудбалски клубови, јавува Н1 Словенија. Над градот кружи и…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета. Премиерот Заев и министерот Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за градоначалници и за совети во општините во надлежност на Владата се спроведени во целост во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, вклучувајќи и поголем дел од оние кои се однесуваа и на Изборниот законик. Тие на средбата соопштија дека со…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими амбасадорот на Аргентинската Република во нашата земја, со седиште во Софија, Алфредо Нестор Атанасоф. Премиерот Заев на средбата ги истакна традиционално пријателските односи меѓу двете земји, особено на мултилатерален план каде што Северна Македонија и Аргентина споделуваат взаемна поддршка околу заеднички интереси. Без разлика на географската далечина, истакна премиерот Заев, време е двете земји да ги поттикнат билатералните односи за што постојат потенцијали на двете страни, кои можат сериозно да ја зајакнат соработката на економски план, особено во земјоделието. Амбасадорот Атанасоф на премиерот Заев му ги пренесе поздравите на…

Read More

Собранието во рамки на 52-та седница без расправа со 78 гласа  „за“,  два „против“ и еден „воздржан„  и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Координаторот на СДСМ Јован Митревски претходно во образложението на законот по скратена постапка поднесен од пратениците  Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов, рече дека зад предлогот стојат сите партии и од мнозинството и од опозицијата и оти станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020…

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев ја прими амбасадорката на Швајцарската Федерација, Сибил Зутер Техада во проштална посета, посебно истакнувајќи ја нејзината посветеност, искреното пријателството и поддршка на проекти, кои го подобруваат животот на граѓаните. Двајцата соговорници на средбата особено ја истакнаа важноста на Програмата за соработка со Северна Македонија 2021-2024 година на Швајцарија, каде се препознаени истите приоритети како и оние на Владата и тоа создавање работни места, одржлив раст и дигитализација. Премиерот Заев посебно ја оцени личната ангажираност на амбасадорката Зутер Техада, и ѝ предаде благодарница за посебен придонес во одржувањето на одличните билатерални, пријателски односи…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, а ниту пак од Владата беа доставени нивните оставки. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило. – Премногу е…

Read More

Деновиве во општинските изборни комисии (ОИК) согласно Изборниот законик веќе се поднесуваат листи за кандидати за советници во советите на општините и за градоначалници. Сите ОИК во својство на изборен орган должни се да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, согласно кој децидно се уредува заштитата на лични податоци и правото на приватност во врска со обработка на нивните лични податоци, рече на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК), потпретседателката Дитмире Шеху. Имено, како што нагласи, сите членови на ОИК се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработка на личните податоци, бидејќи потпишаа изјава…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.    Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата…

Read More

Премиерот Заев, преку видео обраќање го отвори вториот панел на тема „Заложбите на мажите за родова еднаквост“ во рамки на конференцијата „Жените во меѓународната политика“ во организација на Министерството за надворешни работи. Почитувани учесници на конференцијата „Жените во меѓународната политика“, На почетокот ве замолувам за разбирање затоа што не сум во можност физички да бидам присутен на оваа исклучително значајна конференција, и на уште позначајната дебата на панелот на тема „Заложбите на мажите за родова еднаквост“. Улогата на жените во сите сфери на македонското општеството е значајна и важна. Нивната активна улога во креирањето и реализирањето на важните стратешки политички…

Read More