Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа состанок со претседателот на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова и со претседателот на Здружението на приватните лекари, Лилија Чолакова Дервишова, како и со координаторите на региони на здружението од градовите низ целата држава. На средбата, соопшти Министерството за здравство, се дискутираа повеќе различни прашања со цел подобрување на работата на матичните лекари, зголемување на функционалноста и унапредување на условите за работа на матичните лекари. Целта е преку размена на информации да се придонесе кон реализација на квалитетни решенија. Во периодот што следува ќе се преземат потребните активности за приближување на услугата на матичните…
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, беше гостинка на Европскиот центар за политика преку видеоврска денеска каде зборуваше за геополитичките предизвици за Европската Унија и Западниот Балкан, и предупреди дека конфликтот со Бугарија ги обесхрабри и најпроевропски настроениот дел од македонското население, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што се приближува јунскиот Совет на ЕУ на кој Северна Македонија чека позитивна одлука за одржувањето на ветената прва меѓувладина конференција, за која ги исполни сите услови, министерката Шекеринска нагласи дека без „чувство на итност“ околу ЕУ интеграциите спорот со Бугарија може да се претвори во нов „замрзнат конфликт“, слично како и…
Пораката на финансиска стабилност и ликвидност на државата е порака – сметајте на својата Влада, на својата држава. Тука сме да помогнеме и видовме дека кога помагаме веднаш се се враќа во буџетот. Испраќам и порака на соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со сите компании во нашата земја и секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата. Ова денеска го порача премиерот Зоран Заев во рамки на свеченото Собрание на ОРМ. Премиерор Заев потсети дека поминавме една многу тешка година за целиот свет и за нашите граѓаните и нашето стопанство и додаде оти сега можеме да кажеме дека…
Денеска пристигнаа најавените 30.000 вакцини на „Синовак” кои ги добивме како донација од Турција. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата. – Благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката и за брзата испорака на ветената количина која е многу значајна за нас, соопшти Министерот за здравство Венко Филипче. Инаку интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455…
Бројот на живородени деца во 2020 година е намален за 4,1 процент во однос на претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година се родени 19.167 деца од кои 19.031 се живородени, а 136 мртвородени. Поголем е процентот на родени машки деца (51,5 проценти), а најголем број раѓања се забележани во јули. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,6 проценти имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката во вкупниот број на раѓања изнесува 29,1 година, а кај првите раѓања е 27,5 години. Лани се родени и…
Учебната година и покрај предизвиците на пандемијата успешно заврши, што се должи на големиот ангажман на Министерството за образование и наука како и на сите други директни и индиректни учесници во образовниот процес, рече заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани, во емисијата „200“ на Алсат. „Анализите на Министерството за образование и наука се дека учебната година, особено за основните и средните училишта, завршува според очекувањата и предвидувањата што ги имавме од почетокот на учебната година. Ова беше потврдено и со истражувањето што го направи УНИЦЕФ“, рече Шабани. Заменик министерот објасни дека враќањето на учениците со физичко присуство во…
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики, Александра Бојаџиева при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија. „Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории на граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив. За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра, потоа во соработка…
Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден во која е наведено дека сите граѓани кои нема да ги почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор и што ќе работат против интересите на Западен Балкан ќе бидат ставени на црна листа и нема да им биде дозволен влез во САД, мислам дека е порака за сите што ги блокираат или сакаат да ги блокираат процесите во државата, оцени вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски. – Се уште во детали го немаме видено овој документ, меѓутоа, може да потенцирам дека граѓаните на Република Северна Македонија цврсто се одлучија да застанат и…
Анализата што ја направија државните институции за увозот на мазут покажа неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра. – Квалитетот на нафтените деривати што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите. Со Законот за енергетика кој што беше усвоен пред две години, токму на ова и се обврзавме, а впрочем тоа се и директивите…
Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид. За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро. Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со елњектрична енергија. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дрка ќе…
Две лица, возачи, загинаа, седум се повредени, во судар на пет возила што доцна синоќа се случи на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и Србија во Скопје. Еден од возачите е приведен во полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Околу 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „Фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од…
Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани. Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60…