Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во присуство на владејачката и неколку, но не и сите опозициски партии, претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска ќе има говор во преку видеоконференцијап во грчкиот Парламент, откако доби официјална покана од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. На специјалната седница во Парламентот, според најавите, присутни ќе бидат лидерите и пратениците од Нова демократија, СИРИЗА и Движење за промена, додека Комунистичката партија и десничарската Грчко решение соопштија дека ќе отсуствуваат, а веројатно е нивниот пример да го следи и МЕРА25. Пред говорот на Зеленски, се очекува кусо да се обрати претседателот на Парламентот Константинос Тасулас,…
Канада ќе го повика на разговор рускиот амбасадор поради убиствата на цивили во киевските предградија Буча и Ирпин, соопшти канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли. – Она што го видовме во Буча е нехумано, изјави Жоли за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел, каде што се разговара за новите санкции против Русија. Мелани Жоли му наложи на својот заменик да му ги покаже фотографиите од она што се случи во Буча и Ирпин на рускиот амбасадор во Канада, Олег Степанов. На почетокот на оваа недела, Канада воведе санкции за девет руски и девет белоруски поединци „за олеснување и…
Промените се случуваат, секогаш со народот – ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта. СДСМ се плаши и бега од народот затоа што нема анкета на која не губат, и знаат дека ќе доживеат тежок пораз на избори, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека СДСМ не сака избори затоа што народот има празни џебови од сиромаштијата која ја донесоа, а е резултат на криминалот кој го прават, преку тендерите и разните матни шеми со државниот буџет. -Донесоа инфлација. Горивата поскапеа и за 70%, основните намирници исто така, а лебот и до 110%. И во сиот изминат период платите не пораснаа…
Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт. Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманка која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за носење традиционалниот хиџаб. Снимката е прв доказ дека Ал Завахри е жив, за кој се ширеа шпекулации дека е мртов повеќе од две години. Ал Завахри ја презеде функцијата лидер на Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, од страна на американската…
САД и другите земји огорчени од руската воена инвазија врз Украина поднесоа резолуција за отстранување на Русија од Советот за човекови права на ОН. Вонредната седница на Генералното собрание на ОН ќе продолжи денеска попладне. Во нацрт-резолуцијата се наведуваат податоци за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ и „кршење на меѓународното хуманитарно право“ за време на војната. САД, Европската унија, Велика Британија и Канада беа меѓу земјите кои се залагаат за исклучување на Русија. Фотографиите и видеата од мачени и убиени цивили во Буча, во близина на Киев, откриени по повлекувањето на руските трупи, предизвикаа бес низ целиот свет…
Сагата со шлаканицата на Вил Смит на „Оскарите“ можеби се приближува кон својот крај порано од очекуваното, пренесуваат западните медиуми. Дејвид Рубин, претседателот на американската Академија за филмски уметности и науки, го помести состанокот за повеќе од една седмица, посветен на можните санкции за Смит откако глумецот го нападна комичарот Крис Рок за време на доделувањето на „Оскарите“. Состанокот ќе се одржи утре, петок, наместо на 18 април, откако Смит минатата недела поднесе оставка во Академијата и веќе не може да биде суспендиран. – Датумот 18 април беше одреден во согласност со законите на Калифорнија и нашите Правила на однесување,…
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска и утре ќе учествува на Економскиот форум Делфи во Грција, каде ќе говори на панелот посветен на безбедносните прашања на Западниот Балкан. Како што соопшти Министерството за одбрана, на маргините на економскиот форум, министерката Петровска ќе има средби со министерот за одбрана на Грција Николаос Панагиотопулос, со министерката за надворешни работи и вицепремиерка на Косово Доника Гервала Шварц, со американскиот заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Габриел Ескобар, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан Мирослав Лајчак, и со претседателот и основач…
На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања. – Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е наведено на страницата на Здружението на приватни лекари. Меѓу другото, тие бараат капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории. –…
Кривичниот суд – Скопје денеска ќе ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски. Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева. Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица.…
Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.806 денари. Според најавите на Синдикатот на управата, правосудството и здруженија на граѓани (УПОЗ), ќе се протестира во сите оние институции каде имаат синдикални организации, како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови. Од Синдикатот велат дека во 95 проценти од институциите не се исплаќа минимална плата, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат минималната плата, а дел што веќе ја исплатиле…
Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернигов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си. – Руските сили, во близина на Киев и Чернигов се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија, изјави претставникот на Пентагон. Подоцна и портпаролот на Пентагон Џон Кирби истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин“ не успеал да постигне ниту една од своите стратешки цели во Украина. „Тој ја презеде контролата само врз малите градови…Руската војска не го зазеде Харков“. Изјавата на Кирби доаѓа неколку дена откако Русија објави дека ќе ги фокусира своите напори на источниот украински регион Донбас. Висок…
Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање, пренесува ДПА. – Веќе имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе, рече тој во обраќањето објавено на Телеграм. Украинскиот претседател појасни дека има само две можности за тоа што се случило со исчезнатите лица – или биле депортирани во Русија или се убиени. Зеленски вели дека Москва ја променила својата тактика по осудата од меѓународната заедница по објавувањето на фотографиите од Буча, каде што беа пронајдени стотици тела на цивили по повлекувањето на руските трупи. – Москва…