Author: Ivana

Главниот град Киев сè уште е под украинска контрола, изјави  претседателот на Украина, Володимир Зеленски, додавајќи дека успешно ги одбиваат непријателските напади. – Борбите продолжуваат. Веќе имаме речиси целосна поддршка од земјите на ЕУ за исклучување на Русија од СВИФТ. Се надевам дека Германија и Унгарија ќе имаат храброст да ја поддржат оваа одлука. Имаме храброст да ја браниме нашата татковина, да ја браниме Европа, рече тој во видео пораката објавена на социјалните мрежи. Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна…

Read More

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривични пријави против четири лица за пустошење шуми и злоупотреба на службената положба. – Поднесена е кривична пријава против Д.Т. од Кочани, референт во Шумско стопанство Осогово Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Б.Д. од Кочани, поранешен директор на Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување и уништување деловни книги“, Н.Е. од Кочани, референт во Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“…

Read More

Словенија го евакуираше персоналот на својата Амбасада во Киев поради ситуацијата во Украина, но е подготвена да им помогне со оружје на украинските власти. Амбасадорот Томаж Менчин продолжува да ја продолжува дипломатската должност како амбасадор, соопштено е во Љубљана. Министерот за надворешни работи Анже Логар соопшти дека персоналот на амбасадата успешно пристигнал во ЕУ со конвој од дипломатски претставници, како и двајца членови на словенечкиот владин кабинет кои работеле во Киев за да ја подготват посетата на премиерот Јанез Јанша на земјата, но е одложена во меѓувреме. Логар, исто така, во порака на Твитер рече дека повикува пет лица со…

Read More

Без решение кое го штити македонскиот јазик и идентитет нема да има договор со Бугарија „Бараме решение кое нема да го загрози статусот на нашиот јазик и ќе успееме во тоа. Доколку не се договориме ококу тоа прашање, не може да има никаков договор со Бугарија“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио. Тој додаде дека за Владата е неприфатлива бил окаква промена или додавка во преговарачката рамка со ЕУ за македонскиот јазик и неговиот статус во Унијата. Маричиќ вели дека позициите во разговорите со Бугарија се определени од Резолуцијата изгласана во Собранието, каде што Владата доби…

Read More

Во тек е потрага по исчезнато 10-годишно дете кое исчезнало вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово. На социјалните мрежи се повикува секој кој може да помогне во потрагата. Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР. Досега сѐ уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби. Според СВР Битола таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото. Спасе Чакрески, жител на село Витолиште…

Read More

Во петокот Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А на 21, М.А на 18 и Б.Р на 35 години, сите од Пакистан, за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законика, за што, од страна на судија на претходна постапка на тројцата кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово, Регионален центар југ…

Read More

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 120 илјади украински бегалци ја напуштиле земјата откако Русија ја започна воената интервенција. Во мигови кога руските трупи се во отворен воен судир со украинските сили во главниот град Киев, заменик-високиот комесар на ОН за бегалци, Кели Клементс, во изјавата за Си-Ен-ЕН, вели дека се очекува влошување на ситуацијата. „Над 120 илјади луѓе веќе заминаа преку границата со соедните држави на Украина. Тие се добро примени од локалните власти, од локалните заедници. Но ситуацијата се менува од миг во миг, навистина сме загрижени за она што следува“, вели таа. Најголем…

Read More

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко изјави дека 198 Украинци се убиени, меѓу кои и три деца, откако Русија ја почна инвазијата врз својот западен сосед во четвртокот. Во објава на Фејсбук, Лиашко исто така вели дека 1.115 Украинци се ранети, меѓу кои 33 деца, во тридневните борби. Претходно градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца. Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти…

Read More

„Ова е одлучувачки момент за ставање крај на долгогодишната дискусија еднаш засекогаш и за носење одлука за членство на Украина во ЕУ“, напиша на Твитер денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој наведува и дека со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, дискутирал за „натамошна ефикасна помош“, како и за „херојската борба на Украинците за својата иднина“. Членство на Украина во ЕУ досега се сметаше за исклучено. Според експертите, такво нешто би го направило невозможно барањето заеднички јазик со Русија. Прашањето на приближување на Украина до ЕУ беше повод за масовните протести на централниот плоштад во Киев во 2014 година.…

Read More

Нема ништо вонредно до „вонредното“ обраќање на Ковачевски, бидејќи суштински ништо не кажа што презема владата во насока на заштита на граѓаните од претстојните кризи, порачаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  – И додека Ковачевски се занимава со геополитика, народот е гладен и сиромашен. Од Ковачевски слушнавме само демагогија, а не конкретни мерки и чекори, се вели во соопштението. Од таму бараат Ковачевски да објасни што ќе преземе владата за покачувањето на енергенсите кои директно ќе удрат по стандардот на граѓаните и стопанството. – Само во година и пол струјата е номинално покачена за над 30%, а за одредени субјекти таа е…

Read More

На територија на град Скопје вчера се изречени 183 мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 44 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за возење без возачка дозвола, соопшти МВР. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возач почетник, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 35 за непрописно паркирање. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за…

Read More

Македонскиот Црвен крст како солидарна помош за настраданото население на Украина издвои 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на украинскиот Црвен крст, соопшти Црвен крст. Од таму додаваат дека сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во Апелот со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст, со донација од 100 денари на телефонскиот број 143 400 и на девизната сметка на Црвен крст. – Црвениот крст на Република Северна Македонија се вклучи кон Апелот објавен од страна на Украински Црвен крст за помош на населението во Украина. Целта на овој Апел…

Read More