Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Станбена зграда во предградието на главниот град на Украина е погодена од вчерашното гранатирање. Украинските служби за итни случаи евакуирале 150 жители и пријавиле 8 повредени, но нема информации за жртви. Улиците во Киев изгледаат морничаво и пусто откако Русија ја почна својата инвазија на Украина до предградијата на главниот град. Руските трупи го нападнаа украинскиот главен град Киев по што избија борби по улиците, додека градските власти побараа од граѓаните да најдат засолниште. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби понудата на САД да биде евакуиран, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината. -Добро утро до сите Украинци! Во последно време…
Преку мирен протест здружението Украинци кои живеат во Македонија денеска излегоа да го изразат својот револт против руската агресија во Украина, но и да изразат поддршка на нивните роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Присутните граѓани порачаа стоп за војните во 21 век и стоп за како што велат, третата светска војна, барајќи да престанат страдањето кои што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невиното население во Украина. – Ние сме приморени во 21 век да дојдеме до амбсадата на агресорот за да кажеме дека не е нормално да гинат луѓе само…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 22, Куманово – 18, Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по…
Во врска со последната одлука, со која се определува највисоката трговска маржа до 5 % на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата, донесена од Владата на РСМ на предлог на Министерството за економија, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, одржаа работна средба на која таа беше разгледана. Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо…
Пет лица се повредени од кои две потешко во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Плинарата. Во несреќата учествувале товарно возило „мерцедес“, со гостиварски регистарки ознаки, управувано од З.Н.(44) од гостиварско Здуње и автомобил „опел астра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.К.(51) од Дебар. -Во несреќата, возачот Л.К. и сопатничката С.К.(20) се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца други сопатници, сите од Дебар, се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, информира МВР. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
Финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по денешната посета на производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „Ука Комерц“ во Сарај. Таа заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими при посетата дадоа објаснување за новите мерки за помош на компаниите за разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата. Бесими изјави дека целта на оваа посета е директен разговор и запознавање со ефектот на мерките што ги презема Владата. – Оваа посета коинцидира веднаш…
Во четвртото тримесечје лани, во земјава се евидентирани 5 015 живородени деца, што е зглемување од 12,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23,9 % во споредба со истото тримесечје од 2020. Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3,5 отсто во однос на…
Триесет проценти од студентите на универзитетите во земјава биле жртви на дискриминација, покажува Истражувањето „Вовед во студентската дискриминација“ што го спроведе Младинскиот образовен форум (МОФ). Како најчеста причина за дискриминација студентите го навеле натпросечното знаење и оценките. Најдискриминирани се студентите кои се изјасниле како геј во истражувањето, односно 43,5 посто. Податоците покажуваат дека студентите од женски пол сметаат дека почесто се дискриминирани на универзитетите во однос на оние од машки пол. На денешната презентација на клучните наоди од истражувањето, беше посочено дека е алармантно тоа што само 7,6 отсто знаат дека на факултетите има постапка за пријавување на дискриминација. На…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека неговата одлучност во барањето за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари резултирала со 90 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието да ги усвои Предлог – измените за дополнување на Законот за минимална плата и тие денеска да бидат објавени во Службен весник. Од ССМ им се заблагодаруваат пред се на работниците кои им биле поддршка и излегле на протестот на 12 декември минатата година и ја упатиле пораката до сите чинители дека платите мора да растат. – Им благодариме на нашите социјални партнери, Владата и работодавачите кои имаа разбирање за…
Одлуката на Општина Тетово не е во најдобар интерес ниту на идните средношколци од градот, ниту на бизнис-заедницата која покажа подготвеност да се вклучи во проширување на концептот на дуално образование, соопшти Министерството за образование и наука реагирајќи на одлуката на Општина Тетово да го откаже денешниот настан во рамки на дијалогот на МОН за унапредување на средното стручно образование и креирање на уписната политика за идната учебна година, на кој требаше да биде домаќин и таму да присуствува ресорниот министер Јетон Шаќири. -Ниту една измислена причина не може да ја затскрие политичката позадина на ваквата постапка на градоначалникот на…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ денес одржа состанок со министрите за активностите кои следуваат од доменот на ИПА и донаторската помош, пред почетокот на новиот циклус на состаноци на секторските работни групи, нагласувајќи ја важноста од директно вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што ќе се потврди политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА. – Од почеток на мојот мандат како Национален ИПА координатор (НИПАК) реализирав многубројни состаноци со донаторите меѓу кои и со ЕУД, на кои разговаравме за функционирањето и важноста на секторските работни…
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со делегација на Чешката амбасада во земјата, предводена од амбасадорот Јарослав Лудва. Потенцирајќи дека секоја средба со пријателска земја како Чешката Република е добредојдена, заменик-претседателката Грковска изрази благодарност за заложбата на земјата во насока на остварување на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија. Грковска оцени дека Чешка е многу добар пример за остварување на реформските процеси, применливи и кај нас, особено во однос на креирањето на политиките на доброто владеење, со фокус на креирање на антикорупциски политики, како и транспарентно детектирање и воспоставување партнерски однос…