Author: Ivana

Соединетите Држави и нивните сојузници денеска ќе објават нов широк круг санкции врз Русија, јавува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на официјални извори во Вашингтон. Со санкциите се забрануваат сите нови инвестиции во Русија, се зголемуваат ограничувањата на финансиските институции и државните претпријатија во Русија, а ќе бидат насочени кон претставници на руската влада и нивните семејства. Европската комисија вчера предложи петти пакет санкции против Русија. Претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, наведе дека најновиот пакет предвидува, меѓу другото, забрана за увоз на јаглен од Русија во вредност од четири милијарди евра годишно, целосна забрана за трансакции за четири…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател. „Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол од безбедносни причини. Затоа ранетите и загинатите мора прво да се однесат во Бердјанск. Ситуацијата во Мариупол е една од најтешките“. Турција посредува во оваа специјална мисија. Разговарав со Ердоган, Ердоган разговараше со Путин. Сега се зависи од неговото одобрување “, рече Зеленски. Деновиве турскиот…

Read More

Твитер најави нови мерки против профилите на руската Влада за да се намали ширењето на руската официјална пропаганда на социјалните мрежи. Официјалните профили повеќе нема да им се „препорачуваат“ на корисниците на Твитер во која било категорија на страницата или апликацијата, вклучително и пребарувањето, соопштија од компанијата. Твитер веќе ги блокира профилите на руските медиуми РТ и Спутник во ЕУ. Москва одговори со ограничување на пристапот до Твитер во Русија. – Нема да го олесниме ширењето пораки од официјалните профили на земјите кои го блокираат слободниот пристап до информации и се вклучени во вооружени меѓудржавни конфликти, без разлика дали Твитер ќе биде блокиран во таа земја или не, соопшти…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денеска и утре ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел. Како што соопшти МНР, централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО. Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините…

Read More

По пауза од две години поради пандемијата, Делфи економски форум, се враќа во градот Делфи, каде што по седми пат ќе се одржи годишната конференција, на која ќе учествува и владина делегација предводена од претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. Форумот започнува денеска и ќе трае до 9 април, а според официјалната агенда, на посебни панел дискусии, освен премиерот, ќе говорат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими , министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот…

Read More

Намалување од 5,4 отсто на дијагностицирани и од 45,5 отсто на починати од КОВИД-19 имало од 28 март до 3 април споредено со претходната седмица. За 13,4 проценти се помалку и хоспитализираните – на болничко лекување во моментов има 71 пациент. Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, од 14 873 направени тестови, регистрирани се 1602 позитивни со коронавирус од 30 градови. Над половината (893 односно 55,7 проценти) се од Скопје. Од вкупниот број потврдени,  272 биле реинфекции, што е зголемување од 1,5 процент. Пријавени биле 12 смртни случаи во осум градови наспроти 22 починати во претходната недела.…

Read More

Триесет и девет годишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид. Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба. -Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С.(29) од струшкото село Радолишта, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21 часот…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел дискусијата „Млади и аерозагадување“, што во организација на Здружението на студенти по медицина се одржа во Млади Хаб – Канцеларијата на претседателот. Говорејќи на тема „Национален консензус против аерозагадувањето“, претседателот Пендаровски ги претстави клучните поенти од Светскиот лидерски самит за климатски промени – COP26 во Глазгов, одржан во ноември 2021 година, како и усвоените ревидирани национални придонеси во справувањето со последиците од климатските промени. Претседателот Пендаровски говореше и за неговите конкретни чекори што по стапувањето на функцијата ги има превземено на оваа тема, вклучувајќи го издигнувањето на аерозагадувањето на ниво на безбедносно прашање, поставувањето како точка на Советот за безбедност и неговото…

Read More

„Правото на штрајк е неспорно право, уставно загранатирано, а за тајмингот и околностите најдобро знаат организаторите”, вели генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија, Јани Мкарадули  Во изјава за Нова ТВ, Макрадули посочи дека во услови на светска криза, раст на цените на енергенси, како и намален сообраќај заради глобални случувања, во овој момент треба да се најде одржливо решение за растот на платите. – Во таа насока, се одржа минатата недела и трипартитната средба со вицепремиерот Битиќи. Нашиот став е дека одржливото решение, ќе значи зголемена продуктивност, а со тоа и креирање услови…

Read More

И покрај руските тврдења дека убиствата се случиле откако војниците си заминале, според Њујорк тајмс мртвите тела на цивили во Буча лежат на улиците со недели. Кремљ беше обвинет за масакр, Киев исто така го обвини за геноцид, но Русија негираше дека нејзините војници убиле цивили и тврди дека сето тоа било лага и измама. Satellite images show bodies lay in Bucha for weeks, despite Russian claims https://t.co/cbd92GXfgk — The New York Times (@nytimes) April 4, 2022 Според анализата на сателитските снимки пред и потоа направени од „Њујорк тајмс“ многу цивили биле убиени пред повеќе од три недели –додека руските…

Read More

„Американските власти треба да престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев. Тоа допринесува до поголем број жртви“, се наведува во соопштението на руската амбасада во САД. Соопштението е реакција на изјавата на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност, Бони Џенкинс, околу заканите од неексплодирани убојни средства, што, наводно, ги оставиле руските вооружени сили на територијата на Украина, појаснуваат медиуми. „Таквите обвинувања изгледаат апсурдно во позадина на американското снабдување на режимот во Киев, што е во тек, со смртоносно оружје. Во оружјето што САД му го доставија на киевскиот режим, има и МАНПАДС рачни противавионски ракетни…

Read More

Над 80.000 квадратни километри украинска територија се минирани, што ја прави земјата една од најминираните во светот. Ова се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина, повикувајќи се на податоци од ОН. – Во Украина, за наследството од еден месец војна – во форма на неексплодирани убојни средства, нагазни мини и касетна муниција – ќе бидат потребни децении за да се реши, заканувајќи им се на животи долго откако пушките ќе замолчат, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Тој појасни и дека мините сега ја ограничуваат испораката на итна хуманитарна помош и ги спречуваат луѓето да…

Read More