Author: Ivana
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска ја потпиша одлуката за одржување парламентарни избори во Словенија в недела, на 24 април. Како што истакна по потпишувањето на одлуката, тој се одлучил за првиот можен датум по консултациите со политичките партии пред два месеци и смета дека на овој начин ќе се овозможи Словенија да добие нова влада пред летната пауза на Парламентот. Пахор рече дека по конституирањето на новиот парламент и консултациите со партиските лидери, ќе му даде мандат за формирање нова влада на кандидатот кој очигледно има поддршка од апсолутното мнозинство во 90-члениот словенечки Парламент. За таа цел тој ќе побара…
Папата Франциск денеска изјави дека војната во Украина ќе биде лудило и изрази надеж дека тензиите меѓу Украина и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог. На општата аудиенција, папата Франциск им се заблагодари на оние кои учествуваа на неговиот Меѓународен ден на молитва за мир во Украина, одржан на 26 јануари, пренесуваат британските медиуми. -Да продолжиме да му се молиме на Богот на мирот за тензиите и воените закани да бидат надминати преку сериозен дијалог и преговорите во рамките на Нормандискиот формат да придонесат за таа цел, рече папата, алудирајќи на разговорите во кои учествуваат Русија и Украина,…
Шведска денеска ги укина речиси сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, набргу откако соседна Данска го стори истото. Се укинува досегашното работно време во рестораните и кафулињата, а веќе не важат ниту правилата за одржување физичка дистанца. Нема да важи и ограничувањето на бројот на посетители на настани и собири. Шведските граѓани повеќе не мора да носат маски на преполни места или во јавен превоз. Оваа одлука Швеѓаните ја прославија синоќа во ноќните клубови, останувајќи до раните утрински часови. Ублажени се и правилата за патниците во Шведска. Граѓаните на Европската унија повеќе не мора да покажуваат доказ за…
Албанскиот претседател Илир Мета денеска ја потпиша кривичната пријава против Собранието за приложување „фалсификување документи“ во Уставниот суд, на седницата за негово разрешување. Како што рече на прес-конференција истата е доставена до Специјалното јавно обвинителство, СПАК, до Обвнтелството во Тирана, а заради запознавање и до државното јавно обвинителство. -Криминалот – фалсификување е многу флагрантен. Ова се случува на јавна седница на Уставниот суд од албанскиот парламент во процес кој се случува за првпат во 30 години, против шефот на државата и ова фалсификување многу јасно покажува, не само како функционираше еднопартиското собрание пред 25 април, туку е драма за тоа…
Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за нацоналната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата. Седницата е закажана за во вторник 15 февруари на која ќе има и посебен извештај на началникот на одбраната Емил Ефтимов. Поканата за седница е еден ден откако министерот Стефан Јанев призна дека рапсореедуавњето руски војници на граництаа со Украина е закана за бугарската национална безбедност. Од денеска небото над Бугарија ќе го обезбедуваат заеднички со авиони од Шпанија.
Над 400 милиони лица ширум светот се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, јави ДПА. Пред еден месец, Универзитетот објави дека бројката изнесува 300 милиони заразени. Според официјалните податоци, околу 5,8 милиони луѓе ширум светот починале од коронавирус. Сепак, според некои набљудувачи, реалните бројки се значително повисоки, бидејќи многу инфекции и смртни случаи остануваат надвор од официјалната статистика. Дополнително, постојат одредени несовпаѓања во достапните податоци. На пример, Светската здравствена организација неодамна објави дека има 397 милиони случаи на инфекција ширум светот. САД објавија најголем број потврдени случаи на коронавирус – 77 милиони…
Израелски научници дојдоа до сознание дека има значителни разлики во шансите за развој на сериозни последици од Ковид-19, споредувајќи ги пациентите кои имале доволно витамин Д пред да се заразат, со оние кои имале недостаток од витаминот кога биле заразени. Научен труд, објавен во списанието „Плос уан“ (PLOS One), покажа дека половина од луѓето кои имале недостаток на витамин Д пред да се заразат со Ковид-19, потоа развиле потежок облик на болеста, во споредба со помалку од 10 отсто од луѓето кои имале поголемо ниво на витаминот во крвта. Одамна е познато дека витаминот Д е од витално значење за…
Пар од Њујорк е уапсен и обвинет за кражба на 4,5 милијарди долари во криптовалути. Полицијата запленила 3,6 милијарди долари од овие средства во акција која според обвинителот Лиса Монако е „најголемата финансиска заплена во историјата на службата“. 34-годишниот Иља Лихтенштајн и неговата сопруга, 31-годишната Хедер Морган, се обвинети за перење пари одземени по големо хакирање на берзата за криптовалути Битфинекс во 2016 година. Брачниот пар се соочува со казна од максимални 25 години затвор. Запленети биле повеќе од 94.000 биткоини, украдени во 2016 година, кои денес вредат 3,6 милијарди долари. Според судските документи, хакерот кој навлегол во системите на…
Претседателот на Австрија Александар Ван дер Белен на својот Фејсбук профил објави фотографија како со своето куче преминуваат на улица и пешки оди кон претседателската канцеларија. „На пат кон канцеларијата. Пешачењето е добар начин за организирање идеи, цртање перспективи и заострување на фокусот.“ – напиша Ван дер Белен на Фејсбук.
Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис утре ќе допатува во Скопје во дводневна посета, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на МИА од Атина, предвидено е Франкојанис да одржи низа средби со министрите за економија, надворешни работи, со заменик-претседателите на Владата надлежни за економски и европски прашања, како и со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски. Посетата на Франкојанис е прва на грчки владин претставник по изборот на новата Влада во Скопје.
Казнети се 156 пешаци вчера на територија на Град Скопје, од вкупно изречени 303 сообраќајни мерки. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 53 санкции, а 20 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопштија денеска од МВР, како и четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Германија депортираше многу помалку луѓе во 2021 година отколку во периодот пред пандемијата на коронавирус. Минатата година имало 11.982 депортации, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Во 2020 година, која беше посилно погодена од меѓународните ограничувања за патување, германските власти извршија 10.800 депортации. За споредба, во 2019 година имало околу 22.100 депортации. Најмногу депортации минатата година по воздушен пат имало во Грузија и Албанија, со 1.116 лица и 908 се вратени назад. Во 470 случаи, сириски државјани кои незаконски престојуваат во Германија биле депортирани, но не во Сирија. Минатата година имало околу 400 депортации на луѓе од Турција или Косово.