Author: Ivana

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат уште колку грешки има пописот за да биде комплетен откако Апостол Симовски призна грешка. -Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е  корегиран. Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици. Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од партијата. Посочуваат дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе…

Read More

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри. Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во Претор и Дојран четири литри, Битола три, Крушево и Попова Шапка два литри, еден литар во Штип, Тетово, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар и Маврово. Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од…

Read More

Најголемата и најбројна бизис манифестација во регионот со 50.000 посетители. Хрватскиот премиер Пленковиќ, српскиот Брнабиќ и босанскиот Новалиќ, како и унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сиарто ќе бидат денеска во друштво на бизнисмените во регионот. „23от Меѓународен бизнис саем во Мостар“ што ќе се одржи во периодот од 5 до 9 април 2022 година, е една од најважните саемски манифестации во Босна и Херцеговина по бројот на изложувачи и посетители. Мостарскиот саем е дел од мрежата на Здружението на изложувачи од југоисточна Европа (ЕАСЕЕ). Унгарија како земја-партнер на овогодинешниот саем, ќе ги претстави своите економски потенцијали и можности за соработка.…

Read More

Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си. „Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени“, се вели во соопштението на Министерството. Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца новинари се водат како исчезнати. Министерството има информации дека се извршени злосторства против новинари од 11 земји, вклучително и Украина. Украинската државна обвинителка, Ирина Венедиктова, на 26 март изјави дека 12 новинари загинале, а 10 биле повредени додека известувале за војната што Русија ја започна…

Read More

Европската унија утре најверојатно ќе усвои нова рунда санкции против Русија по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Бон. – Новите санкции веројатно ќе бидат усвоени утре“, изјави тој денеска за радиото РФИ, додавајќи дека ЕУ треба брзо да дејствува и за увозот на гас и јаглен од Русија. Русија негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча. Нејзиниот претставник во ОН, Василиј Небензја, рече дека Русија денеска ќе претстави „емпириски докази“ до Совето т за безбедност на ОН што покажуваат дека нејзините сили не биле вклучени…

Read More

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји телефонски разговараше со својот украински колега Дмитриј Кулеба и повтори дека Пекинг бара преговори за прекин на конфликтот во Украина. Пекинг соопшти дека разговорите меѓу двајцата дипломати се одвивале на барање на украинската страна и оти ова е прв официјален контакт меѓу претставниците на двете земји на високо ниво од 1 март. – И двајцата го делиме верувањето дека ставањето крај на војната против Украина им служи на заедничките интереси на мирот, глобалната безбедност и меѓународната трговија, навел шефот на украинската дипломатија. Кинескиот министер изјавил дека војните секогаш завршуваат и истакна дека е клучно да се размислува…

Read More

Американското Министерство за финансии го суспендираше плаќањето на долгот во долари од сметките на руската Влада во американските банки, зголемувајќи го притисокот врз Москва да најде алтернативни извори на финансирање за плаќање на инвеститорите во обврзници, јави Блумберг. Тој потег има за цел да ја принуди Русија да избере помеѓу три непривлечни опции – трошење на резервите во долари што ги чува дома, трошење нови приходи или неплаќање, нагласи извор од Службата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии кој ги коментираше деталите за одлуката под услов на анонимност. Вчера за најголемите исплати, вклучително и главнината од…

Read More

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје се изречени вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за возач почетник.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло). -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и…

Read More

Продолжува намалувњето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година. Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,2 % до 12,5%, просечно 10,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=893; 55,7%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци- 204,9/100.000, Делчево – 184,0/100.000 и Битола – 178,3/100.000. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни…

Read More

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Предметот кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште. Според обвинението, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија…

Read More

САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Тој истакна дека разговорите меѓу западните земји сега се однесуваат првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема мера зависни од рускиот гас. Џејк Саливан рече дека се бара консензус со ЕУ, во рамки на која, исто така, се разговара за нови санкции против Москва. – САД, исто така, ќе ги објават своите одлуки за дополнителна воена помош за Украина во наредните денови,…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН. Тој изрази уверување дека ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руски војници од тие што неодамна беа откриени во Буча. На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев. Русија категорично ги отфрли тие обвинувања, нарекувајќи ги „криминални провокации“ и најави дека ќе достави „конкретни докази“ до Советот за безбедност дека нејзините сили не биле вклучени во злосторствата врз цивилите.…

Read More