Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот. Претставувајќи го проширувањето на ЕУ како геостратешка неопходност, Бербок на конференцијата во Берлин рече дека блокот од 27 нации, исто така, треба да продолжи со исцрпувачките внатрешни реформи за да може да функционира со повеќе од 30 членки. Таа рече дека ја гледа Украина како членка на Европската унија. – Европската унија мора да се прошири,…
Военото крило на палестинскиот екстремистички Хамас денеска соопшти дека истрелало 12 ракети од Либан кон градот Кирјат Шмона на северот на Израел. Бригадите „Изадин ал Касам“ во соопштение наведоа дека ракетниот напад е одмазда за „масакрите на окупаторите“ врз палестинскиот народ во Газа. Израелските медиуми јавија дека најмалку една ракета паднала во трговскиот дел на градот и дека две лица се ранети, од кои едно од шрапнели, а автомобили и продавница биле тешко оштетени. Поголемиот дел од градот неодамна беше евакуиран поради постојаните напади на Хезболах и сојузничките палестински екстремистички организации во Либан. Израел изврши воздушни напади во пограничната област.…
„Министерството за одбрана го менаџира процесот на добивање на сертификат кој е потврда дека компанијата е способна и може да учествува на НАТО пазарот. Изминатава година бројот на компании се зголемува и ние сакаме да работиме освен на зголемување на бројот и на тоа да ги подучиме компаниите и да им дадеме совети како полесно да ги детектираат набавките, да аплицираат и да ги добијат“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21. Таа додаде дека во овој момент над 30 компании имаат добиено ваков сертификат и дека се прават чекор иза олеснување и забрзување на процесот.…
„Сметам дека во нашето општество е дојдено времето да зборуваме за личности, за лична одговорност, наспроти колективна одговорност, да се криеме позади одреден колективизам, да креираме стереотипи и предрасуди за одредени колективи. Прашањето во тој момент на начин на каков што беше поставено беше под превезот на еден колектив, истакна Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во интервју за „Само интервју“ на Канал 5. Тој додаде дека во тој момент како човек кој касно влегол во политиката, вредносно изграден како човек, неговите деца ги учи на одредени вредности – да живеат, да си ја сакаат татковината секојдневно и призна дека…
Протестот за поддршка на палестинскиот народ во Париз, на повик на повеќе организации, закажан в сабота, ќе биде забранет, соопшти париската полиција. Директорот на париската полиција Лоран Нуњез за Франс инфо објасни дека ќе го забрани протестот бидејќи истиот може да се смета дека организаторите го поддржуваат Хамас. Групата „Ургенс Палестина“ (Urgence Palestine) составена од неколку здруженија, синдикати и политички организации, повика на „голем протест за поддршка на палестинскиот народ“ в сабота во 14 часот и 30 минути во Париз, на плоштадот Шател. На 18 октомври, францускиот Државен совет ја потсети Владата дека пропалестинските протести не треба систематски да се…
Сирени за воздушен напад се огласија попладнево и на југот и на северот на Израел, по што бил истрелан бараж ракети од Појасот Газа и Либан. Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа и е присутен и во Либан, ја презеде одговорноста за истрелувањето ракети од земјата кон северен Израел. Како што е соопштено, либанскиот огранок на Хамас истрелал 30 ракети врз градовите Нахарија и Шломи. Израелската армија потврди дека биле истрелани дваесетина ракети и оти одговорила со артилериски оган. Израелските медиуми денеска јавуваат за ракетирање и пукање од јужен Либан во правец на северен Израел и оти судирите меѓу…
„Прво, има уште долго време до изборите, и јас сега не сакам ниту да дебатирам на претпоставени прашања ниту пак на опции, за тоа дадов неколку пати одговори, ниту сум пак јас тој што ќе носи било какви одлуки во однос на изборните процеси. За овие прашања ќе се разговара во органите на партијата, како што се разговара и впрочем секогаш и тогаш ќе си биде донесена таква одлука каков ќе биде настапот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред или после изборите и тоа не е ексклузивно право на ниту еден поединец, тоа е право на оние коишто се дел…
Амбасадорот на Австрија во нашата земја Мартин Памер во интервју за Рацин.мк открива повеќе деталји за документот „Забрзување на постепената интеграција за Западен Балкан“ што минатата недела му го врачи на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Нонпејперот кој во име на Австрија е доставен и до највисоките претставници и институции на ЕУ, се совпадна со неформалниот самит на ЕУ во Гранада, на којшто проширувањето беше една од двете централни теми заедно со мигрантската политика, препорачува забрзување на процесот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, односно за постепено пристапување. „Да кажам поедноставно, тоа значи да им овозможиме на…
При напад со беспилотни летала врз Воена академија во сириската провинција Хомс загинаа над сто луѓе, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон. Во исто време Турција изврши напади врз курдски цели во Сирија, при што загинаа девет луѓе. Во нападот врз Воена академија во Хомс, каде се одржуваше свеченото унапредување на офицери убиени се повеќе од сто лица, од кои половината се воени дипломци, 14 се цивили, а повредени се 125 лица, соопшти Центарот со седиште во Лондон. Сириската армија не посочи кој е виновен за нападот, но најави „цврст одговор“ на „подлиот, без…
„Ние сме тука да создаваме а не да растураме и ние сме уверени и порачуваме дек Србија и Косово треба да бидат за мир и треба да направат се да ги повлечат вистинските потези, да ги направат вистинските чекори за безбедна иднина на своите граѓаните, на своите народи, меѓутоа и за стабилност на целиот регион. Ние како земја сме многу јасен пример дека преку активен и отворен дијалог се решаваат сите отворени прашања и дома, меѓутоа и со соседите, и навистина верувам дека овој регион може многу повеќе и може многу подобро, И, стоиме на располагање на сите процеси со…
На вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска формално му беше врачен документот за Унапредување на постепената интеграција за Западен Балкан, од страна на амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер, соопшти СЕП. -Ова внесува нова динамика на преговарачкиот процес и ја прави уште подостижна нашата цел за членство во ЕУ до 2030, рече Маричиќ на состанокот. Тој изрази благодарност и очекување дека ЕУ и државите членки ќе го поддржат и поттикнат забрзувањето на евроинтеграцијата на целиот регион. Маричиќ смета дека наша задача е сега да испорачаме резултати и да ги завршиме обврските, бидејќи како што вели тој „шансата…
Пријателските односи меѓу двете држави, кои се без отворени прашања, како и заинтересираноста за натамошно унапредување на односите и интензивирање на соработката во сите домени од заеднички интерес, пред сè на економски план, беа потврдени на денешната средба меѓу претседателот на Владата Димитар Ковачевски и премиерот на Ирска, Лео Варадкар што се одржа на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија. Премиерот Варадкар истакна дека Ирска цврсто ја поддржува интеграцијата на земјава во ЕУ, и воедно е меѓу најголемите поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ. На средбата од страна на ирскиот премиер беа посочени придобивките…