Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: На голема врата се враќа проширувањето на ЕУ, со јасен план

0
By Jane Gjorgioski on October 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2023 19:06

На вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска формално му беше врачен документот за Унапредување на постепената интеграција за Западен Балкан, од страна на амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер, соопшти СЕП.

-Ова внесува нова динамика на преговарачкиот процес и ја прави уште подостижна нашата цел за членство во ЕУ до 2030, рече Маричиќ на состанокот.

Тој изрази благодарност и очекување дека ЕУ и државите членки ќе го поддржат и поттикнат забрзувањето на евроинтеграцијата на целиот регион.

Маричиќ смета дека наша задача е сега да испорачаме резултати и да ги завршиме обврските, бидејќи како што вели тој „шансата ни е дадена, сега на сите нас е одлуката да ја водиме државата онаму каде сакаат нашите млади да живеат, во ЕУ, стои во соопштението.

Според Документот забрзаната интеграција ќе се реализира преку институционални инструменти, финансиска поддршка и постепена политичка и административна интеграција, кои предвидуваат редовно неформално учество на државите од регионот на состаноците на Советот на ЕУ и други работни групи каде што се дискутира на теми од заеднички интерес и дејствување, како и предвремена интеграција во одредени области на единствениот пазар на ЕУ.

Динамизација на реформите пак се планира да се случи со финансиска поддршка, преку зголемена поддршка за зајакнување на капацитетот за апсорпција на ИПА и конзистентен пристап во надворешното финансирање на ЕУ за земјите кандидати и потенцијалните кандидати, вклучително и поблиска соработка со меѓународни финансиски институции, се наведува во соопштението на СЕП.

ЕУ маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.