Author: Jane Gjorgioski

Поранешниот премиер Зоран Заев после средбата со Димитар Ковачевски на стратешкиот состанок во СДСМ, во објава на Фејсбук, истакна дека „Демократскиот блок здружува, тоа е единствената формула за нов македонски успех. Порача дека социјалдемократите имаат одговорност да преземат одлучни чекори. „Мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава. Членството во ЕУ сега се чини најдостижно. На тој пат, ние социјалдемократите, имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори. Демократскиот блок не исклучува, тој здружува. Тоа е единствената и проверена формула за нов македонски успех“, рече Заев.

Read More

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски објави фотографии од денешниот координативен состанок на стратешкиот тим на СДСМ на кој што од приложеното може да се забележи присуството и на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Read More

Казахстан „дефинитивно ќе го почитува“ режимот на санкции против Русија, рече претседателот на земјата Касим-Жомарт Токаев на брифингот со новинарите по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц. Земјата нема никаква загриженост во врска со територијалните претензии од Руската Федерација, додаде тој. BREAKING — Kazakhstan will follow the sanctions regime against Russia, President Tokayev says The country does not have any concerns regarding territorial claims from the Russian Federation, he added. pic.twitter.com/moz5tNf5zG — Ragıp Soylu (@ragipsoylu) September 28, 2023 Токаев, исто така, повика на брз крај на „непријателството во Украина“ и мировни преговори во согласност со Повелбата на ОН. „Треба да…

Read More

„Во процес каде се стремиме да бидеме членка на ЕУ, ова е можност да прикажеме со што ќе придонесеме во ЕУ како вредност, наша култура, јазик, традиција, особеност. Ова беше одамна посакуван настан да се случи за македонската култура и се надевам дека тоа ќе биде огништето околу кое сите ќе се спојат“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Во живо“ на МТВ коментирајќи за одлуката Скопје да биде европска престолнина на културата во 2028 година. Таа додаде дека потребен ни е светол период во културата, каде сите ќе се обединат Скопје да биде светла точка во 2028…

Read More

Со демократска рецесија во тек во многу земји, сега често може да се слушнат разговори за демократско „назадување“ на глобално ниво. Но, не само што тој термин создава погрешна претстава, туку и раѓа фатализам, одвлекувајќи го нашето внимание од потенцијалните патишта за излез од новиот авторитаризам. ЈАН-ВЕРНЕР МУЛЕР  / Project Syndicate Се чини дека 2023 година ќе биде уште една лоша година за демократијата. Имаше неколку државни удари во Африка. Тунис – што долго се претставуваше за една демократска успешна приказна на Арапската пролет – виде консолидација на авторитарен (и ксенофобичен) режим. А Доналд Трамп се чини е на пат да ја обезбеди…

Read More

Денеска се собравме тука, не само како претставници на нашите држави, туку и како чувари на правдата, мирот и вредностите кои нè поврзуваат како глобална заедница. Темата, „Последиците од руската агресивна војна против Украина и улогата на националните парламенти во обновата на Украина“, има тежина која се протега надвор од нашите непосредни грижи. Таа зборува за нашата посветеност на почитувањето на принципите на меѓународното право, на човековите права и светоста на нациите. Ова го нагласи претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Европската конференција на претседатели на парламенти на тема „Последиците од руската агресивна војна против Украина и улогата…

Read More

Форумот на жени СДСМ, реагира на обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска кон вицепремиерот Маричиќ. „Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби Недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат. Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница. Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент. Маричиќ бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики.“,…

Read More

Европската унија подготвува нов пакет за проширување кој ќе претставува нова алатка што ќе демонстрира дека таа е подготвена да прими нови земји членки и да сооздаде услови за нивно членство, земјите кандидати ќе остане да да ги искористат тие можности, порача денеска европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеј на прес-конференција на неформалниот министерски состанок за општи работи што се одржува во шпанскиот град Мурсија. Тој нагласи дека на состанокот се утврдени конкретни активности за забрзување на проширување, преку пакет кој ќе понуди нов начин на размислување за овој процес. – Пакетот сега вклучува 10 замји кандидати…

Read More

Парламентот на Јужна Кореја денеска го отвори патот за апсење на опозицискиот лидер и поранешен претседателски кандидат Ли Јае Мјунг, пренесе ДПА. Националното собрание во Сеул со мнозинство, гласаа и некои пратеници на опозицијата, изгласа да му се укине имунитетот на 58-годишниот опозициски лидер кој би го заштитил од кривична постапка за време на тековната сесија на законодавниот дом. Обвинителите побараа налог за апсење на политичарот од левиот центар под обвинение за корупција и други дела. Се тврди дека тој, исто така, бил вмешан во нелегални трансфери на пари од јужнокорејска компанија во соседна Северна Кореја за време на неговиот…

Read More

„Довербата во судството може да расте со ефикасни процеси и конфискација што ќе има смисла. Корумпираните политичари може и да одлежат затвор за да ги зачуваат парите. Целта е да се одземат парите, а казните да бидат разумни“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24. Тој додаде дека конфискацијата се врши по закон, а токму тие кои ја спроведуваат барале измени на законите со цел да се овозможат можностите за конфискација. „Измените на Кривичниот законик не таргетираат, ниту прават амнестија или помилување. Законот има јасна цел, да додефинира некои кривични дела, да го нормализира нивото…

Read More

Бројот на илегални пристигнувања на мигранти во Италија преку Медитеранот од Северна Африка се зголеми на речиси 114.300 во периодот од јануари до август, што е речиси двојно повеќе од истиот период во 2022 година, покажуваат денеска податоците на европската гранична агенција Фронтекс. Илјадници мигранти кои го минуваат централниот Медитеран заминуваат од Тунис и Либија кон Европа и пристигнуваат во Италија. „Таа многу опасна мигрантска рута во моментов претставува половина од нередовните пристигнувања во ЕУ оваа година“, наведува агенцијата на ЕУ. Мигрантите кои пристигнуваат преку централниот Медитеран се главно од Брегот на Слоновата Коска, Египет и Гвинеја. „Зголемениот мигрантски притисок…

Read More

На маргините на денешната Конференција во рамки на Берлински процес која се одржува во Тирана, Република Албанија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез. На средбата беа потврдени традиционално добрите пријателски односи, а фокусот на разговорите беше ставен на организирањето на претстојниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој во октомври се одржува во Скопје. -Во оваа прилика би сакал да ја изразам подготвеноста на Република Северна Македонија по третпат да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, којшто…

Read More