Author: Jane Gjorgioski

Премиерот Димитар Ковачевски на сесијата „Договорот од Преспа за пет години: предизвиците претворени во можности“, во рамки на „Преспа форум дијалог“ во обраќањето кажа дека со одговорното практикување на доверената доверба од граѓаните за само пет години Република Северна Македонија стана рамноправна членка на НАТО.

Read More

Обраќање на Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на Преспа Форум за дијалог на панел сесијата на тема: „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.

Read More

Нерешените прашања меѓу земјите на Балканот остануваат рана што не заздравува и се извор за политичка манипулација, а инсталирањето страв и измислувањето непријатели се покажа како продуктивен начин да се дојде до власт и одржување на власта без никаков напредок, истакна првиот вицепремиер, Артан Груби, на панел-сесијата „Помирувањето и демократијата како катализатор на промените на Балканот“ во рамки на третиот „Преспа форум“ што се одржува во Струга. – Никој од нас не изгуби ништо од Рамковниот договор, никој не изгуби од Преспанскиот договор, никој од нас нема да изгуби ништо од добрососедскиот договор со Бугарија. Државата, регионот и сите ние…

Read More

Извршниот одбор на ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата за продолжување на евроинтеграциските процеси, соопштуваат од ДОМ после седницата на Извршниот одбор каде се дискутирало за актуелната политичка состојба во земјата.

Read More

Поплавени повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата „Индустриска“ се последиците од невремето проследно со град што денеска го зафати Делчево и околината во периодот од 16:30 до 18:20 часот, информира Центарот за управување со кризи.

Read More

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани, велат за МИА од Министерството за здравство.

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека ќе ја конкретизира својата визија за нацрт-статутот на Заедницата на српските општини само откако ќе се постигне договор за нејзините клучни принципи. На денешната пленарна седница на Собранието на Косово Курти рече дека не може да го напише Статутот на Асоцијацијата, па дури потоа да се бара компромис за него, пренесува Косово онлајн. „Можам да ја продлабочам мојата визија за статутот на Асоцијацијата, но продлабочувањето подразбира начелна компатибилност. Значи, кога ќе се договориме начелно, вклучително и оние столбови што ги спомнавте дека ги кажав во принцип, тогаш можеме слободно да го продлабочиме текстот. Но,…

Read More

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска им додели признанија и парични награди на 29 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Се работи за матуранти со најдобар успех од генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генеација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија. – Со задоволство денеска го афирмираме училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддаваме јавно признание за постигнатите резултати. Вие сте иднината на Скопје и Македонија, во вас гледаме…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Цивил Медиа одговора на неколку важни прашања од областа на енергетиката и снабдувањето со електрична енергија. ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои конкретни мерки и проекти планирате да постигнете стабилност на енергетскиот систем, истовремено да се развијат капацитетите за развој на обновливите извори на енергија? Нашата држава е лидер во регионот со донесените и веќе имплементирани закони и подзаконски акти, кои се целосно  усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар. Со усогласување на енергетските политики, современите енергетски технологии и мобилизирање на финансии, го отвораме патот за одржлива и просперитетна…

Read More

Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека косовските власти се подготвени да го разгледаат барањето на лидерите на Франција и Германија за одржување нови локални избори во четири општини на северот на Косово. Бидејќи францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц изјавија дека денеска во Молдавија  апелирале до Србија и Косово што поскоро да организираат нови избори на северот на Косово, со учество на Срби, Османи рече дека им кажала дека законските процедури дозволуваат одржување нови избори. „Тоа не се прави веднаш, но има законски процедури што им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали сакаат избори“, изјави Османи…

Read More

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, јас сум рационален оптимист, верувам во целта и работам таа цел да се оствари, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата која се одржа се одржа под завршувањето на самитот на Европската заедница во Кишињев, Молдавија.

Read More