Author: Marta Pesevska

Кои се најчестите прекршувања на Етичкиот кодекс на новинарите и најистакнатите трендови за ширење дезинформации преку медиумите? За овие прашања, „Полиграф“ разговараше со Леунора Калиќи, претседателка на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите (СЕММ). Полиграф: На кои теми најмногу добивате жалби или претставки за дезинформации? Калиќи: Да, Ера, како што спомнавте, самата функција на Советот за етика во медиумите е да ги следи сите оние медиуми што ги прекршуваат правилата, или Етичкиот кодекс на новинарите. И, врз основа на најновата статистика што ја имаме за 2023 година во Комисијата за жалби, имавме поднесени 132 претставки, што е број во зголемување…

Read More

ЃОРЃИ СПАСОВ Таа е класичен идеолог на популистичката десница. Устата ѝ е полна со некаква одбрана на Уставот и ослободување на уставобранителите кои го нападнаа Собранието на 27 април. Силјановска-Давкова ја потхранува ниската самодовереба на етничките Македонци Четничкиот војвода Воислав Шешељ е доказ дека докторската титула и универзитетското професорско звање не се гаранција за водење умни политики во општеството. Напротив, многу често такви личности, заштитени со титулите за „непрокосновена умност“  можат да му направат многу поголеми штети на народот од оние кои оголениот национализам не знаат да го завиткаат во умни фрази и логички објаснувања. Ние…

Read More

„Член сум на СДСМ од 1994 година, од 1996 станувам член на Централен одбор на СДММ, а од 1998 година, по поразот станувам член на Централен одбор на сениорите и Извршен одбор на сениорите“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во поткастот на Сител. Тој додаде дека по доаѓањето на власт на СДСМ во 2002 година, имал понуди да работи во Министерството за економија, но одбил за да се фокусира на кариерата во приватниот сектор. „За себе сметам дека успеав да изградам респектабилна кариера во компаниите во кои работев. Да тргнете од сектор за финансии и да дојдете до извршен…

Read More

„Во 2022 година Владата го прифати првиот драфт на можно решение во однос на моделите на реогранизација на институциите, но тоа се уште не е влезено во Собрание од причина што треба да разговараме за еден поширок консензус. Не сакам да политизирам. Треба еднаш засекогаш да седнеме и да го направиме ова приоритет, бидејќи тоа нема да биде ни за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за СДСМ ниту за ДУИ, ниту за Алијанса, туку ќе биде концепт за граѓаните и бизнисите. Се додека ние влечеме едните на една страна, другите на друга страна нема да дојдеме до посакуваната цел“, изјави Александар Бајдевски, заменик-министер…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Тетово на новинарско прашања повтори дека процедурата за набавка на осум хеликоптери е согласно законската регулатива, иако од ВМРО – ДПМНЕ посочуваат дека сега е предизборен период. Таа смета дека има разногласие во ВМРО – ДПМНЕ по оваа прашање. – Пратеникот Драган Ковачки токму на Комисијата за одбрана и безбедност јасно кажа дека иако имаат бројни прашања тие сепак ја поддржуваат оваа иницијатива, а веќе наредниот ден пратеникот Александар Николовски од истата таа партија вели дека бара повлекување на процедурата. Процедурата апсолутно нема да биде повлечена, законот не е прекршен таа ќе биде спроведена…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа по средбата со јорданскиот крал Абдула Втори во јужниот јордански пристанишен град Акаба, јави ДПА. „Апсолутно е јасно дека сега мораме да направиме се што е можно за да спречиме влошување на ситуацијата“, рече Шолц. Во својата втора посета на регионот од почетокот на конфликтот, германскиот канцелар се изјасни против израелската копнена офанзива во градот Рафах. Додаде дека планираниот напад на Рафах, каде во моментов се наоѓаат повеќе од милион Палестинци, ќе биде предмет на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна денеска, во рамки на посетата…

Read More

Со 1.500 маскирани учесници во 48 групи, вчеравечер традиционалниот Струмички карневал претстави вистинско шоу на магична креативност. Ова меѓународно издание на карнавалот ги обедини различните  националности, со странски гости од земји како Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција, што допринесе за богатството на културни влијанија и традиции присутни на карневалот. Оваа година, групите привлекуваа внимание со своите креативни маски, а некои од нив броејаа и до 100 учесници, претставувајќи вистински спектакл на улично шоу. Во продолжение, погледнете дел од визуелниот шарм и атмосферата што ги карактеризираше карневалската поворка. Официјално започнат на 13 март, карневалот ќе трае до наредната…

Read More

Полскиот премиер Доналд Туск синоќа повторно го повика претседателот на Претставничкиот дом на САД да го предложи за гласање итно потребниот пакет помош во износ од 60 милијарди долари за Украина, јавија полските медиуми. Пакетот, кој веќе беше усвоен од Сенатот, останува во Претставничкиот дом, чиј претседател Мајк Џонсон одби да го даде на гласање и покрај очигледната поддршка за законот во Долниот дом на американскиот Конгрес. Џонсон, претставник на Републиканската партија, инсистира дека нема да биде „притиснат“ да го одобри пакетот странска помош од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, од кои 60 милијарди долари се планирани…

Read More

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Објавуваме скандал со непотизам во општина Охрид, цела една испреплетена шема на ДПМНЕ и Кирил Пецаков. Градоначалникот од ДПМНЕ, близок на Христијан Мицкоски стокмил роднини, пријатели, фамилијарни и блиски челнови на ДПМНЕ во Охрид. Да почнеме по ред. Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид: 1.Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. -Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св Наум Охридски. 2.Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар…

Read More

Тимот на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални соопшти за протести во Русија на денешниот последен ден од претседателските избори во земјата против очекуваниот реизбор на Владимир Путин за шеф на државата, јави ДПА. Во источните руски градови како Владивосток, Новосибирск, Омск, Иркутск, луѓето учествуваа во кампањата „На пладне против Путин“, како што тимот на Навални покажува на преноси во живо на Јутјуб. На гласачките места во Екатеринбург на Урал се наредени стотици луѓе. Другите противници на Путин, како што е прогонетиот бизнисмен Михаил Ходорковски, кој живее во Велика Британија, ги повикаа луѓето да не се плашат и да учествуваат…

Read More

Како политички тркач во изборните периоди и ситуации, носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ за шестата изборна единица никогаш не носи некој голем бериќет. Таа е корисна како своевиден камиказе во иницирањето и водењето на кавгаџиски ситуации во Парламентот, кога нејзината физичка издржливост импонира, а квалитетот на нејзините говори и не се слуша среде високите децибели лансирани од говорницата. ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Портретот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за носителка на изборната листа во 6-та изборна единица  – Дафина Стојаноска е еден од примерите за постепено напредување во кариерата. Таквите случаи се навистина ретки во нашиот амбиент. Или нејзиниот случај е доказ…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди западните сили да не покажуваат знаци на слабост кон Русија и ја повтори својата позиција дека не треба да се исклучи можноста за испраќање на западни трупи во Украина, иако, моменталната ситуација, според него, не го изискува тоа, пренесува АПњуз.

Read More