Author: Marta Pesevska

Националниот фронт за борба против корупција, не значи формирање нова институција, ниту збир од институции кои тоа ќе го прават, туку воспоставување механизам на функционирање на сите подеднакво во целиот тој процес на преземање на активности и отстранување на недостатоците во сите сегменти, во МВР, во Јавно обвинителство, во судството. Едноставно јакнење на системот, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување во дневникот на телевизијата „Сител“. – Еве, ние на пример, сега разговараме и преку еден ИПАРД проект во којшто работиме исклучиво за финансиските истраги, и ги согледавме сите недостатоци на нашиот систем. Многу процесни дејствија коишто…

Read More

Повторно денес во Собранието треба да биде доставен предлог-закон кој се однесува на европската иднина на државата. Тоа е суверен избор што ќе треба да го направи Собранието. Нема да навлегувам во детали. Но би сакал да поставам прашање: дали треба да престанеме денес, од страв дека утре ќе мора да запреме? Влеговме во фаза на историско забрзување и проширување. Останува прашањето дали македонскиот воз ќе биде еден од оние што ќе заминат или ќе останат подолго на перонот. Постои моментум, постои можност да се искористи, овде и сега, за европската иднина на Северна Македонија. Ова го порача амбасадорот на…

Read More

Украинскиот Парламент денеска гласаше за промена на датумот на православниот празник Божиќ од 7 јануари на 25 декември. Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „одвојување од руското наследство“. Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се сменат на Грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за неработен државен празник. Најголемата украинска православна црква со долгогодишни врски со Москва допрва треба да ја коментира промената. Таа ги прославува празниците според јулијанскиот календар што го користи Русија. Од руската анексија на Крим во 2014 година, Украина се обидува да ги прекине врските со…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи порача дека решението што е постигнато  со општиот колективен  договор за јавниот сектор треба да го прифатат сите, како и дека може да се направи повеќе но оти за тоа треба да бидат подготвени сите. Битиќи во гостување на ТВ Канал 5,  вечерва потенцираше дека 18 години не сакала да седне да зборува за општ колективен договор во јавниот сектор и оти сега првпат има системско решение и методологија за нивна пресметка. -Има еден друг факт, таа Влада која што денеска најверојатно стимулира одредени кругови за да не го прифатат решението со Општиот колективен…

Read More

На силниот W60 турнир што оваа недела се игра во Рим, Италија, само што заврши четвртфиналниот меч во којшто Лина Ѓорческа извојува вредна победа против Австралијанката Seone Mendez (3-6 ; 6-2 ; 6-4) и се пласираше во полуфиналето. Претходно, во првите две кола, Ѓорческа извојува победи против Италијанката Laura Mair (6-3 ; 7-6) и Zhibek Kulambayeva од Казахстан (4-6 ; 6-2 ; 6-3). Во првиот сет од денешниот меч двете тенисерки играа одлично, но во одлучувачките моменти повеќе среќа имаше Австралијанката. За пресврт во мечот клучен фактор беше мудрата тактика со којашто Ѓорческа форсираше игра на бекхенд страната на Австралијанката.…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата Влада добива на интензитет во напорите за модернизација на земјата и преминување кон обновливи извори на енергија. Шолц рече дека целта останува да се запрат климатските промени предизвикани од човекот. – Инвестициите за иднината се случуваат во Германија и темпото значително се забрзува, рече германскиот канцелар на денешната летна прес-конференција во Берлин. Но, Шолц рече дека главните политички одлуки за климатската политика мора да имаат широка поддршка меѓу населението за да успеат. Тој ја бранеше одлуката на неговата влада да ги ублажи предложените рокови за сопствениците на куќи да се префрлат на системи…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета во Вашингтон, САД денеска учествуваа на тркалезна маса со експерти и надворешни соработници на Атлантскиот совет во Вашингтон на тема евроинтеграцијата на Северна Македонија, и регионалните состојби и проекти. Министерот Бектеши пред експертите од Атлансткиот совет истакна дека потпишување на Договорот од Преспа придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста на земјата што е важно не само за Северна Македонија туку за сите земји во регионот. Истакна дека Владата на Северна Македонија е фокусирана на мерки за економското закрепнување и долгорочно…

Read More

Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски утре ќе престојуваат во посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето европристапно досие. Освен средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, предвидено е тројцата министри да бидат примени од претседателот…

Read More

Предлогот за уставните измени е доставен до Владата и откако таа ќе го разгледа на некоја од наредните седници, меѓутоа не подоцна од крајот на овој месец, ќе го достави до Собранието, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски од Вилнус каде учествува на Самитот на НАТО. Ковачевски посочи дека уставните измени не се под никаков диктат, туку се дел од обврските наведени во Преговарачката рамка што во јули минатата година била усвоена во Собранието без ниту еден глас „против“. Коментирајќи ги најавите на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека ги прекинува разговорите за уставните измени, Ковачевски истакна дека секој има право…

Read More

Земјите од Г7 денеска објавија безбедносна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија. Во декларацијата се наведува дека денеска ќе започнат преговорите со Киев за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7 за Украина и дека тоа ќе вклучува поддршка за понатамошен развој на украинската одбранбена индустрија, обука на украинските сили, размена на разузнавачки информации и поддршка во одбраната на сајбер просторот. Покрај тоа, членките на Г7 ќе работат на зајакнување на економската стабилност и отпорност на Украина, што…

Read More

Новинарот и аналитичар Зоран Иванов во објава на Фејсбук пишува инспириран од веста која циркулира на порталите – “ДПМНЕ на чело со овој дечково Мицкоски ја прекинува комуникацијата со власта”, алудирајќи на изјавата од Мицкоски денеска во Штип,  дека ги прекинуваат сите официјални комуникации со власта и дека повеќе нема да има средби на билатерално ниво, а единствена тема на која може да разговараат со власта е предвремени парламентарни избори. – Па фино, ја прекина и со Вашингтон и со Брисел па што, БРАВО, така и треба, Македонци сме библијски будимпештанско паљурски или мачја кашлица сме, топ ДПМНЕ смо напред, Софија скока…

Read More