Author: Marta Pesevska

Австрискиот амбасадор во Северна Македонија, Георг Вуцас, интервенирал против зголемената заштита на играчите на игри на среќа, која треба подобро да ги заштити децата и младите. Според австрискиот медиум Ö1 и платформата Zackzack, Вуцас побарал исклучоци за „Казинос Австрија“ и „Новоматик“. Министерството за надворешни работи на Австрија се оградило од оваа информација, но критичарите во таа земја, според медиумите,  тоа го сметале за „специјален скандал“. Утринскиот журнал Ö1 и Zackzack во четвртокот објавија за писмото од Вуцас до македонскиот премиер Димитар Ковачевски и други пратеници. Во него се вели дека повикал на исклучоци од планираните ограничувања за австриските компании…

Read More

„Ние се обидуваме да воспоставиме и јавен дијалог меѓутоа и институционален дијалог со ВМРО-ДПМНЕ за да ги расчистиме дилемите и заради нив и заради јавноста. И сега веќе е многу јасно, мислам дека на секој што сака да разбере и да следи, дека основните тези на коишто се базира нивното противање да гласаат за уставните измени немаат основа, кореалност и немаат реална поткрепа“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Трилинг“ на ТВ24. Тој додаде дека комплетниот терен за ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени е расчистен и дека нема никакво објаснување за нивното противење, бидејќи освен од Владата и од…

Read More

Ноа Миливојев (18) од Ковиље, по којa се трагаше 20 дена, во четвртокот попладне е пронајденa мртва во стан во центарот на Белград. За нејзиното убиство е уапсен Огњен Д.(33). Мајката на Ноа, Боба Миливојев, во интервју за Нова.рс изјавила дека се сомневала дека зад исчезнувањето на нејзината ќерка стои младиот човек кој штотуку бил уапсен, Нашиот соговорник наведува дека уапсениот Огнен Д.(33) на најлош можен начин и го одзел животот на Ноа. „Полицијата детално ни кажа како нашето дете настрадало, не ми се верува. Полицијата не повика да дојдеме да дадеме ДНК. Не можевме да гледаме што му има направено на нашето дете“, вели…

Read More

Претставничкиот дом на Холандија, Долниот дом на парламентот, го призна Холодомор како геноцид врз украинскиот народ, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Холодомор е голем глад што ја погоди Украина помеѓу 1932-33 година за време на владеењето на Јосиф Сталин над Советскиот Сојуз, при што, според проценките, починале околу 3,5 до 5 милиони Украинци. Украинската Влада ја повика меѓународната заедница да го признае како геноцид, пренесува Укринформ. Извор:  МИА

Read More

Според аналитичарот и новинар Зоран Бојаровски заблуда е дека работата на историската комисија ќе влијае на процесот. Во гостувањето во „Само вистина“, тој кажа дека работата на историчарите не е услов според кој Бугарија или ЕУ ќе определуваат за интеграцијата на земјава. Прашан дали Бугарија треба сега да ги спроведе пресудите од Судот во Стразбур или пак да се извини за минатото, Бојаровски одговори: -Не може тоа да се случи сега, кога се поставуваат на ваков начин работите се ставаат пречки за процесот. Сега треба да се откочи процесот на преговори и да се отвораат кластерите. Паралелата ја правам со…

Read More

Државниот завод за статистика објави охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 19,8%, објави на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. Ваквите податоци укажуваат дека мерките што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија. До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2%. Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор…

Read More

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица. Писмото е упатено до претседателот на Собранието Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин. – Комесарката смета дека усвојувањето на претстојните измени на Законот за матична евиденција би претставувало клучен чекор во извршувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази разбирање за тековните дебати во САД за вооружување на Украина со касетни бомби против Русија. – Соочени сме со брутална војна, рече тој, истакнувајќи дека двете страни користат касетни бомби. Сепак, Столтенберг истакна дека Украина користи касетна муниција само во одбрана. – Русија користи касетна муниција за да нападне, да ја нападне Украина. Украина користи касетна муниција за да се заштити од агресорот, рече тој. Столтенберг рече дека на поединечни сојузници е да одлучат какво оружје и опрема ќе и испратат на Украина, но подвлече дека НАТО нема заеднички став околу употребата на…

Read More

Набљудувачката мисија на Обединети нации за човекови права соопшти дека од почетокот на руската инвазија загинале 9.000 цивили, од кои 500 деца. ОН стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем. Денеска одбележуваме уште една страшна пресвртница во војната, која продолжува да нанесува страшни жртви врз украинските цивили, посочи заменик-шефот на Мисијата на ОН во Украина, Ноел Калхун Набљудувачката мисија на ОН за човекови права, што е во Украина од 2014 година, соопшти и дека минатата година убиени се трипати повеќе цивили во споредба со претходните осум години судири во источна Украина. Извор: МИА

Read More

По повод хистеријата на социјалните мрежи предизвикана, во суштина, од прозаична, едноставна причина – истек на договор за вработување и непродолжување на истиот со нашиот вработен – уредник на втора смена на порталот на СП Жарко Настоски како и неговата реакција на социјалните мрежи и напади и шпекулации упатени кон СП, а под образложение за воведена цензура во нашиот медиски систем, ограничување на слободата на делување и останатите „измислици“, должен сум, во име на вистина да реагирам до јавноста на соодветен начин. До овој момент, освен порталот ПРИЗМА.МК – никој се нема обратено до нас, за да го слушне нашиот…

Read More

Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција. Ова се главните пораки од денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти Гажели, остварена на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. „Со Царинската управа на Албанија имаме исклучителна соработка и драго ми е дека денес сме во завршна фаза на воспоставување на концептот за заеднички контроли оне-стоп-шоп, на граничниот премин Ќафасан –…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше гостин во емисијата „Студио 10″ на Телевизија 24. Во телевизиското интервју стана збор за анти-родовите движења, новиот Предлог закон за родова еднаквост и вистинската суштина на ова законско решение, расчистување на дилемите околу поимите пол, род и родов идентитет, како и новата серија настани насловени „Остави трага” каде во фокусот се младите, а во организација на Министерството за труд и социјална политика, Совет на Европа и Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи. „Се она што беше лиферувано во јавноста беше невистина, манипулација и незнаење, но во никој случај не беше…

Read More