Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боба со потресна исповед за својата ќерка тиктокерка Ноа: Полицијата детално ни кажа како нашето дете настрадало, не ми се верува

0
By Marta Pesevska on July 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: СП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 7, 2023 21:11

Ноа Миливојев (18) од Ковиље, по којa се трагаше 20 дена, во четвртокот попладне е пронајденa мртва во стан во центарот на Белград. За нејзиното убиство е уапсен Огњен Д.(33). Мајката на Ноа, Боба Миливојев, во интервју за Нова.рс изјавила дека се сомневала дека зад исчезнувањето на нејзината ќерка стои младиот човек кој штотуку бил уапсен,

Нашиот соговорник наведува дека уапсениот Огнен Д.(33) на најлош можен начин и го одзел животот на Ноа.

„Полицијата детално ни кажа како нашето дете настрадало, не ми се верува. Полицијата не повика да дојдеме да дадеме ДНК. Не можевме да гледаме што му има направено на нашето дете“, вели шокираната мајка.

Како што додава, никогаш во животот не се чувствувала полошо.

„Не можев да влезам во капелата. Примам инфузија и лекови, не можам да се вразумам. Апелирам до секој кој може да ми помогне овој монструм да добие максимална казна, знам дека смртна казна не постои, но таа е единствена адекватна за ова нечовечко“, вели нашиот соговорник.

Мајката Ноа за Нова.рс вели дека веднаш се посомневала во осомничениот Огњен Д.

„Ноа ми се пожали дека овој човек бил насилен кон неа, но таа не сакаше да го пријави. Јас ја советував да бега од него, дека не е за неа, дека е наркоман и насилен, но не вредеше. Имаше одредено влијание врз неа. Им кажав дека ја малтретира. Дури кога полицијата влегла во станот видела што се случило“, раскажува расплаканата мајка.

Нашиот соговорник посочува и апелира до сите луѓе да ја исклучат социјалната мрежа ТикТок.

„Би апелирал и до сите родители и корисници на TikTok. Исклучите ја таа мрежа. Од таму се сее семето на злото. Ова е причината зошто се случуваат вакви работи. Таму се гледаат секакви работи“, вели Боба Миливојев.

Таа ја заклучува својата исповед дека нејзината ќерка сакала да биде Ноа. Така ќе пишува на споменикот.

18-годишната тиктокерка Ноа Миливојев од Ковиље, Србија која исчезна на 17 јуни, е пронајдена вчера мртва во стан во центарот на Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, осомничен за убиството е О.Д. Тој влегол во вербален конфликт со девојката, по што ја убил Ноа, а потоа го исекол телото, го спакувал во пластични кутии и го оставил во бањата од станот, каде што било пронајдено.

Извор: Слободен Печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.