Author: Marta Pesevska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска со вторник ќе престојува на турнеја низ земјите од регионот на јужен Кавказ, во чии рамки ќе ги посети Азербејџан, Ерменија и Грузија. Денеска Столтенберг ќе допатува во Баку каде ќе има средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Утре, првиот човек на НАТО ќе се сретне со министрите за надворешни работи и за одбрана на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и генерал-полковник Закир Хасанов, по што ќе отпатува за Тбилиси, се вели во сооштението на НАТО. Истиот ден, во главниот град на Грузија, Столтенберг ќе има средби со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили и со…

Read More

 БРАНКО ТРИЧКОВСКИ FRONTLINE Лудите концепти на вмро-дпмне и на нивната кандидатката ме натераа да се навратам на идеите за Дарвин како алтернатива на Хегел. Хегелијанизмот, како што е познато, подразбира дека биолошкото и историското се два рзлични процеса. Но, Енцесбергер, а и некои други умни луѓе, се прашуваа што ако историјата се одвива природно. Ако е некој вид на еволуција, која не може да се предвиди. Ако е резултат на борби и прилагодувања, на метаморфози и премини во повисоки категории. Со тоа што некои видови остануваат на гранката додека гледаат како комшијата им останува без опашка, се симнува на земјата…

Read More

Ноќеска непријателот повторно го нападна регионот на Одеса со борбени беспилотни летала. Од дроновите се уништени две земјоделски претпријатија и индустриски објекти, изјави Олех Кипер, шеф на регионалната воена управа на Одеса во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Read More

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со Општина Тетово денеска на плоштадот во центарот на градот организираат отворен ден за граѓаните. Како што соопштија од Министерството за одбрана, настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата. На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.…

Read More

Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи Александар Шаленберг. „Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен. Австрискиот министер за заштита на животната средина, енергија, иновации и технологија Леонор Гевеслер изјави дека Виена мора да подготви начини за излез од договорот за снабдување со руски гас што беше склучен во рамките на концернот ОМВ. Извор: МИА

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека дијалогот со посредство на Европската унија е единствениот одржлив механизам за подобрување на односите меѓу Белград и Приштина. „Треба да видиме добра волја и конструктивен пристап и од Косово и од Србија за да се стабилизираат односите“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со австрискиот премиер Александар Шаленберг во Виена. Тој додаде дека двете страни треба да работат на намалување на тензиите, подобрување на соработката со меѓународните партнери и зголемување на транспарентноста. Извор: МИА

Read More

На денешната координативна средба со претставници на канцлеариите за дијаспората од општините во Северна Македонија, првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ разговараше за предизвиците со кои се соочува македонската дијаспора во странство. Маричиќ ја истакна важноста на координацијата на претставниците со оглед на тоа потребно е да се решаваат и да се земаат во предвид предизвиците, прашањата и проблемите со кои се соочуваат македонските државјани кои живеат во странство. На состанокот присутните дискутираа за систематско утврдување на приоритетите на дијаспората; обезбедување на механизам на соработка кој ќе биде од заемна корист за државата и дијаспората.…

Read More

По неговиот состанок со германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека трите земји остануваат „обединети и енергични“ кога станува збор за поддршката на Украина. -Ние делиме едно убедување: Украина е за нашата безбедност и нашата иднина. Заедничката волја е да се поддржува Украина онолку долго колку што е потребно и да не се дозволи Русија да ја добие својата војна за агресија, рече Макрон попладнево во Берлин. Сепак, Макрон рече дека поддржувачите на Украина никогаш нема да преземат иницијатива за ескалација на конфликтот. -Фактот што сите тројца денес сме обединети, ја имаме…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Градско одржаа повеќе средби со успешни земјоделци, корисници на мерките млад земјоделец и мерката рурална жена. Младите земјоделци и жените земјоделки, сите овие години, од 2017 до денес, се во нашиот главен фокус при работењето на министерството. Токму за поддршка на младите земјоделци обезбедивме две мерки за грант поддршка од 10.000 и 20.000 евра, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. Денес вкупно имаме 838 млади земјоделци корисници на овие мерки.…

Read More

Знаеме дека голем број граѓани и денес се борат со високите цени, се борат да обезбедат сѐ што им е потребно за нивните деца, свесни сме, затоа и имаме план, затоа во новата програма предвидуваме уште поголеми плати и пензии, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Тетово на отворањето промотивен штаб на партијата. -Просечната плата СДСМ ја покачи за дури 290 евра во споредба со времето на ВМРО ДПМНЕ и денес изнесува 650 евра. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на 22.500 денари. Просечната пензија ја зголемивме за 6.400 денари а минималната пензија за 50%. Свесни сме…

Read More