Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Пронајден е автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат извори од истрагата за МИА. Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува. Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во возилото биле и неговата мајката, таткото и 16-годишниот…
Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање. Од УХМР предупредуваат на претпазливо движење…
Мнозинството Швајцарци денеска на референдум го поддржаа планот за нулта емисии на гасови со ефект на стаклена градина до 2050 година, покажуваат првичните резултати. Конечните резултати ќе бидат објавени во текот на денот. Швајцарците на денешниот референдум одобрија и воведување на данок од 15 проценти за големите компании, што се активни на меѓународно ниво. Законот за климата го поддржале 58,7 отсто од граѓаните, додека повеќе од 79 проценти се изјасниле за новиот данок. Референдумот за климата беше распишан по кампањата што ја почнаа научниците и еколозите за спас на швајцарските глечери, кои се топат со алармантна брзина. Учесниците на кампањата…
„Германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни…! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!?“ – е реакцијата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Центар, Наташа Котлар, инаку проф. д-р на Институтот за национална историја, научник, педагог… И тоа не единствената таква реакција од ВМРО-ДПМНЕ… Пишува: Љубиша НИКОЛОВСКИ Храбриот и пријателски потег на Сојузна Република Германија да донесе Резолуција со која децидно изјавува дека го признава македонскиот идентитет, јазик, култура и историја е чин што несомнено го отвора патот и други…
Пишува: АНА ЧУПЕСКА Оние кои лажат дека го штитат македонскиот идентитет, од наводен бугарски диктат. Тие, исто така лажат дека Преговарачката рамка е бугарски моделирана рамка. Истите тие, се уште на пресови тврат дека Преспанскиот договор не и донел ништо добро на земјава, туку напротив, донел корупција и криминал – господе боже, каква безочна лага? Дали не ги гледаат придобивките од Преспанскиот, или не им се допаѓаат? Еве, јасно да биде: најдиректната придобивката од Преспа е членство на РСМ во НАТО. Зошто лажете бе, толку ли е тешко да ја изговорите вистината? НАТО ли не го гледате? Или, несакате да…
Европска Унија ја забрзува испораката на оружје за Украина за да ја поддржи контраофанзивата на земјата против руските сили, изјави европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон во интервју за францускиот дневен весник „Паризиен“. – Ќе ги зголемиме нашите напори за снабдување со оружје и муниција, ова е војна со висок интензитет, во која тие играат одлучувачка улога, наведе Бретон алудирајќи на ветувањето за испорака на еден милион муниција од голем калибар во следните 12 месеци. Според него војната во Украина „ќе продолжи уште неколку месеци или уште подолго“. Украина започна контраофанзива претходно овој месец за да ја врати контролата врз…
Суданските завојувани страни денеска се договорија за 72-часовен прекин на огнот, еден ден пред меѓународната донаторска конференција со која треба да се олесни страдањето на цивилите и суданските бегалци во соседните земји. Прекинот на огнот меѓу суданската армија и ривалските Сили за брза поддршка (РСФ), со посредство на САД и Саудиска Арабија, почна во 6 часот наутро и се очекува да трае до среда. Војната во Судан избувна во средината на април по долготрајната борба за власт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и потпретседателот Мохамед Хамдан Дагл. Оттогаш, имаше бројни прекини на огнот, но тие постојано беа прекршувани.…
Големата и значајна одлука на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, потврди неколку разлики. 1.Од една страна, Резолуцијата на Бундестагот потврди дека вистинските државнички политики на СДСМ и Ковачевски даваат резултат. Благодарение на овие државнички политики на СДСМ имаме силна меѓународна поддршка за членството во ЕУ и признаен македонски јазик, идентитет, посебност и култура. Лагите на ДПМНЕ и Левица за наводна бугаризација, асимилација, дека ќе сме го изгубеле идентитетот и што ли уште не повторно се потопени. 2. Од друга страна пак уште еднаш го покажа вистинското лице на…
„Резолуцијата од Бундестагот несомено е голема поддршка кон посебноста и важноста на македонскиот културен идентитет. Но, оваа резолуција исто така е поддршка и афирмација за членството на РСМ во ЕУ, т.е. претставува германска резолутна поддршка за нашето асоцирање и условот од преговарачката рамка за уставните измени и реформските пакети“- коментира професорката Ана Чупевска за Трн. „Со други зборови, најмоќната држава членка на ЕУ, со овој невообичаен гест изразува силна заложба за нашата европерспектива и во духот на преговарачката рамка , а особено испраќа порака до Политичките сили за одговоностите кои се преземаа апропос нашите евроинтеграции. После оваа, гаранција , заедно…
Пишува: САЊА ЛУКАРЕВСКА Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, во една прилика ќе изјави: „За да ја разберете Европа треба да сте генијалец. Или Французин“. Обидувајќи се да ја разбереме и да ѝ се доближиме на Европа, ние добивме т.н. „француски предлог“. Та нели „мерси“ е исто и таму и до нас. Ама има и рок на траење. Наше е дали ќе го „фатиме“ рокот или не. И бидејќи не станува збор за испитна сесија, а не знаеме кога и под кои услови и дали воопшто ќе има поправен, верувам дека нема наивни ама нема да има ниту невини.…
Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уанци, Општина Градско. Oд страна на СВР Велес, полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино. Извор: Слободен Печат
Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, во интервју за Порталб.мк зборува за последните случувања во земјата, за уставните измени на евроинтегративниот пат на земјата, реформите во правдата и застапеноста на жените во политиката. Амбасадорката вели дека е охрабрувачки да се види дека почнал дијалогот меѓу власта и опозицијата за уставните измени. Исто така, појаснува дека вистинскиот напредок кон членството во ЕУ ќе бара исто толку реално – и одржливо – подобрување кога станува збор за владеењето на правото. Но, вели таа, измените во законите не се доволни, мора да се види имплементацијата и извршувањето на законите. Амбасадорката истакна дека…