Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како будалаштина ја оценија резолуцијата на германскиот Бундестаг

0
By Marta Pesevska on June 18, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 18, 2023 17:02
„Германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни…! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!?“ – е реакцијата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Центар, Наташа Котлар, инаку проф. д-р на Институтот за национална историја, научник, педагог… И тоа не единствената таква реакција од ВМРО-ДПМНЕ…

Пишува: Љубиша НИКОЛОВСКИ

Храбриот и пријателски потег на Сојузна Република Германија да донесе Резолуција со која децидно изјавува дека го признава македонскиот идентитет, јазик, култура и историја е чин што несомнено го отвора патот и други држави да го сторат истото.

Со тоа на најдиректен начин ѝ се спротивставува на бугарската антиевропска политика на историски дубиози и ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на компромисот договорен со Советот и да се воздржи од дополнителни услови.

Но уште повеќе е охрабрување на Владата и нејзините напори да ги обезбеди неопходните услови за продолжување на започнатиот процес на дијалог за брзо интегрирање во Унијата.

Сепак, се чини главната адреса кон која се обраќа Бундестагот е македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го кочи овој процес со ирационални барања за потврда на идентитетот на македонскиот народ и јазик од други држави.

Но Германија се одважи и го направи тој исчекор. За возврат, од страна на ВМРО-ДПМНЕ доби шлаканица. Видни членови на партијата со омаловажување ја дочекаа Резолуцијата на Бундестагот.

Додека пошироката јавност, експертите и дипломатите го поздравуваат овој чин на Германија, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека изолационата политика на врхушката на партијата е главна водилка во нејзините меѓународни односи.

Со тоа, не само што самата си прави штета на меѓународен план, туку се заканува дека истата судбина ѝ ја подготвува и на Македонија. Не е голема мудрост од пријателите да создадеш непријатели.

Па така, лидерот Христијан Мицкоски за чинот на германскиот Бундестаг рече дека тоа не било ни пет отсто од она колку требало да се направи за македонскиот народ.

На запад ништо ново, вели Антонијо Милошоски, и друг пат Германија носела резолуција за користење на нашето уставно име, па ништо од тоа не се случило.

Трајко Славески, пак, вели „Германија да беше на некој начин толку вредна да го спречи натамошното вето што го поставува Бугарија, тоа ќе беше направено и до сега. Во секој случај тоа е за поздравување, но не го решава проблемот на намерите на Бугарија“.

Најдалеку сепак отиде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Центар, Наташа Котлар. Таа за резолуцијата на Бундестагот ќе рече:

„Германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни…! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!?“

„Република“, пак, пишува:

„Резолуцијата на германскиот Бундестаг во суштина ќе биде само обична патерица на која не ќе можеме со сигурност да се потпреме. Зашто, таа не менува ништо.“

За потоа, само еден миг раководството на партијата ги менува ставовите и сега Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок, да се обезбедат што е можно повеќе вакви резолуции. ‘Секоја таква резолуција е добредојдена. Очекуваме такви резолуции од други наши стратешки партнери во периодот што следи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ’“, го цитираат тие Христијан Мицкоски.

Овој чин на ВМРО-ДПМНЕ е навистина збунувачки. Сега веќе не е јасно што, всушност, бара Мицкоски и од кого? Со кои кредибилни премиери на земји членки на ЕУ тој е подготвен да разговара, како што изјави по лидерската средба? Очигледно германскиот Канцелар Шолц не е еден од нив.

Ако е така, тогаш тој на македонската јавност треба јавно да ѝ каже од кои министри на земји членки на ЕУ ќе бара гаранции за македонскиот идентитет, и од кои ќе биде задоволен со гаранциите и кога мисли да го направи тоа!

Исто така е дискутабилна изјавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок и за други вакви резолуции, како и синтагмата „од други наши стратешки партнери“. А каде досега изврши притисок? Кои  други стратешки партнери ги има ВМРО-ДПМНЕ? Кај германската опозиција очигледно не вршела притисок, затоа што нивната сестринска партија ЦДУ/ЦСУ не гласаше за резолуцијата.

Ако се следи изјавата по лидерската средба, Мицкоски има намера тоа да го направи на следниот состанок на Европскиот совет, а тоа ќе да е за десетина дена.

Таму Мицкоски, патем, непоканет, ќе побара од сите 27 земји гаранција дека ја сакаат Македонија во своите редови, а како доказ ќе треба да платат значителна сума на евра како компензација за македонските граѓани и за подготовка на бизнисот за конкуренцијата со која ќе се соочи по приемот на државата во ЕУ.

Алтернатива на ова барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е гаранција само од Бојко Борисов. Со него си го имаат муабетот.

Дали ќе побара и нотарски договор од земјите членки не е познато, затоа што декларациите и резолуциите, како што и самите велат не се обврзувачки, нели.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк
Бундестаг резолуција уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.