Author: Marta Pesevska

Фармацевтската компанија БиоНТек утре ќе се појави пред Окружниот суд во Хамбург по тужбата во која една Германка бара компензација за тешките последици од нивната вакцина против Ковид-19. Ова е прва во серијата можни тужби против компанијата во Германија поради несаканите ефекти од вакцината. Жената го тужи германскиот производител за најмалку 150.000 евра заради нанесување физички повреди и неутврдена материјална штета, се наведува во отштетното побарување за кое ќе решава Окружниот суд во Хамбург. Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и пореметување на сонот. Нејзиниот адвокат, Тобијас Улбрих, изјави дека…

Read More

Грижата за граѓаните, заштитата, поддршката во секој период во животот, но и при секој предизвик е приоритет на Владата на Република Северна Македонија, а вложувањето во човечкиот капитал за нас не е празна флоскула, туку цел на која посветено работиме, кажа претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци. -За нас грижата за поединецот е грижа која започнува од раѓање, предучилишно воспитување, вработување и интеграција на пазар на труд, па се до пензионирање. Секој граѓанин има посебна приказна исполнета со различни предизвици, а токму…

Read More

Сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика, целосно различна од она што досега го слушавме, НЕ стана ДА, прифаќањето на уставните измени од страна на Мицкоски и промената на ставот е за доброто на државата и го поздравувам, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на трибина „Разултати што прават разлика“ во Кавадарци. -СДСМ го предводи концептот за европска Македонија и работи за остварување на уште една стратешка национална и државна цел поставена уште од независноста: членство во ЕУ до 2030 година. Имаме историска шанса и силна поддршка од нашите стратешки партнери ЕУ и САД…

Read More

Приказната за тоа како стигнала уметничката слика на Пабло Пикасо во Скопје и како била украдена е како сценарио за филм. ТРТ Балкан се обиде хронолошки да ја пренесе целата приказна стара 50 години. Погледнете: Извор: Градска.мк

Read More

По кратко боледување на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). – Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, соопшти денеска ССМ. Погребот на Димовски ќе се изврши утре во 13 часот. Пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочувство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел. Извор: МИА

Read More

Во Картум, веднаш по завршувањето на 24-часовното примирје, утринава продолжија борбите. Жителите на Картум се разбудија од звуците на артилерија и борби во неколку населби на главниот град, изјавија очевидци. Судирите продолжија десет минути по завршувањето на 24-часовниот прекин на огнот за кој преговараа саудиските посредници, кој започна во 6 часот наутро во саботата. Гранатирање со тешка артилерија се слушнало во Картум и во Омдурман, предградие на главниот град, а забележано е и пукање од различни видови оружје на улицата „Ал Хаја“ во јужниот дел на Картум. Новото примирје, кое според очевидците во голема мера беше почитувано, им даде одмор…

Read More

Украинската војска денеска извести за жестоки борби на истокот на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк. „Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на регионите Луганск и Доњецк“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Жестоките борби продолжуваат“, се вели во соопштението. Фокусот на руските сили во регионите Луганск и Доњецк доаѓа додека украинската војска води голема контраофанзива чија цел е да ја врати украинската територија окупирана од Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека долгоочекуваната контраофанзива започнала. „Во Украина се…

Read More

Италијанските специјални сили совладаа група мигранти кои киднапираа товарен брод во близина на брегот на Неапол. Неколку луѓе од 15-члената група кои се криеле на бродот „Галата Сивејс“, кој пловел под турско знаме, во петокот го принудиле екипажот да се пренасочи од својата рута, соопштија властите. Бродот пловел од Турција кон Франција. Италијанската морнарица стигнала до бродот со хеликоптер и ги уапсила напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви. „Се заврши добро“, објави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето на Твитер. Бродот потоа бил упатен во Неапол на полициска проверка, а тројца од 15-те мигранти биле обвинети за поседување оружје. Две…

Read More

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ. Заклучно со мај 2023, бројот на работни места достигна речиси 16 900. Тоа е за 15 отсто повеќе од мај 2022, односно за 21 отсто и 25 отсто повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. Оттаму информираат дека само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 наши сограѓани. – Продолжува и растот на извозот, кој заклучно со мај достигна 1.601 милијарди евра. Тоа е за 13 отсто повисок споредено со првите пет месеци во 2022 година,…

Read More

Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година во глобалните напори на Пекинг да ги зајакне своите способности за собирање разузнавачки информации, изјавија денеска од Белата куќа откако Пентагон извештајот на Волстрит журнал за изградба на таква база го отфрли како неточен. Во извештајот од четвртокот се вели дека Кина ќе ја користи базата за следење американска електронска комуникација како имејл, телефонски повици и сателитска трансмисија, но и за регистрација на пловидбата на бродовите од американска страна. Од Белата куќа додаваат дека администрацијата на Бајден презела мерки да се спротивстави на експанзијата на безбедносното влијание на Кина на…

Read More

Мицкоски јавно, на прес конференција, пред целата македонска јавност, прифати уставни измени. Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени. Сега дијалогот треба да продолжи, сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат. Потребно е широко обединување за интеграција на државата. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел. Оваа одлука не е заради…

Read More

Новиот план на ЕУ за приближување и економска поддршка на земјите од Западен Балкан ќе значи дополнителни ЕУ фондови за развојни проекти и инфраструктура, додека за нашите компании ќе значи слободен пристап до пазар од половина милијарда потрошувачи. Оваа иницијатива, заедно со националниот План за забрзување на економскиот раст, ќе влијаат на растот на инвестициската активност и конкурентноста, а со тоа и на забрзување на економскиот раст, порачува во својата најнова колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими. Согласно најавата на претседателката на Европската комисија, новата иницијатива за поддршка на земјите од Западен Балкан се базира на четири столба: 1) Приближување…

Read More