Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Вложувањето во човечкиот капитал не е празна флоскула, ги зголемивме правата за социјална заштита за речиси 100%

0
By Marta Pesevska on June 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 11, 2023 15:22

Грижата за граѓаните, заштитата, поддршката во секој период во животот, но и при секој предизвик е приоритет на Владата на Република Северна Македонија, а вложувањето во човечкиот капитал за нас не е празна флоскула, туку цел на која посветено работиме, кажа претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци.

-За нас грижата за поединецот е грижа која започнува од раѓање, предучилишно воспитување, вработување и интеграција на пазар на труд, па се до пензионирање. Секој граѓанин има посебна приказна исполнета со различни предизвици, а токму системот на социјална заштита е оној кој е креиран да биде флексибилен и да одговори на секоја индивидуално барање од него. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јасно покажа посветеност и грижа за граѓаните со формирањето на Влада во 2017 година. Големата реформа во социјалната заштита во 2019 година и зголемувањето на правата од социјална заштита за речиси 100%, а ГМП за 300%. Реформата на системот за социјална заштита е обележана од процесот на деинституционализација. Согласно Националната стратегија за деинституционализација (2018-2027), големите и гломазни установи за сместување на деца лица со попреченост, деца без родителска грижа и деца во судир со законот и деца во ризик се трансформираа во живеење во заедница со 24 часовна поддршка, истакна Тренчевска.

Таа додаде дека согласно со реформата на системот за социјална заштита од 2019 година и процесот на деинституционализација, воспоставени се 74 станбени единици за живеење со поддршка.

-Тоа значи опфат на 275 лица со попреченост во станбени единици. Во делот на поддршка на згрижувачките семејства како нова форма за првпат е предвиден Центар за поддршка на згрижувачки семејства кој треба да врши промоција на услугата згрижување во семејство. Од 2021 до 2023 се отворени 3 вакви центри: Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје , Домот за доенчиња и мали деца во Битола на СОС Детско село и да ја обезбедуваат поддршката на згрижувачките семејства на цела територија на нашата држава. Овие центри вршат промоција на услугата згрижување на семејство, проценка, обука на идните згрижувачки семејства, како и следење и давање на поддршка на постојните згрижувачки семејства. Во моментот во нашата држава има 360 згрижувачки семејства во кои се згрижени 608 деца, а знам дека можеме уште повеќе. До 2017 година згрижувачите примаа помош од државата од 6250 денари за едно згрижено лица додека денес во 2023 година изнесува 18.112 денари, информира Тренчевска.

Тренчевска трибина човечки капитал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.