Author: Marta Pesevska

Белата куќа денеска соопшти дека не гледа знаци дека Москва е подготвена да употреби нуклеарно оружје во Украина, откако претседателот Владимир Путин рече дека е подготвен да го распореди тој вид оружје доколку суверенитетот на Русија биде загрозен. „Не видовме никакви причини да ја прилагодиме нашата сопствена нуклеарна положба, ниту, пак, индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина“, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер, на новинарите на прашањето за коментарите на Путин. Извор: МИА

Read More

Европската комисија денеска соопшти дека ќе ја тужи Грција пред највисокиот суд на ЕУ поради тоа што не ги ревидирала плановите за справување со ризиците од поплави, клучна алатка за земјите од ЕУ за подготовка против поплавите, пренесува Ројтерс.

Read More

Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија да додадат пет милијарди евра во централниот фонд за плаќање на оружје испратено во Украина, соопштија официјални лица. Белгија, која претседава со ЕУ, нагласи дека амбасадорите од 27-те земји од блокот „начелно се согласиле“ за планот за поддршка на испораките на оружје за Киев во 2024 година. Во ЕУ беа ангажирани во повеќемесечни расправи околу фондот наречен Европски мировен фонд, со Франција и Германија во центарот на поголемиот дел од дебатата. Извор: МИА

Read More

Второто тело е извлечено од урнатините на петкатната станбена зграда во Суми, која беше оштетена од руски дрон, соопшти Украинската државна служба за итни случаи во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. „При расчистување на урнатините на петкатната станбена зграда, работниците на Државната служба за итни случаи го извлекоа телото на второто мртво лице“, се вели во објавата. Во нападот со дрон во текот на ноќта беа повредени и осум лица. Ноќта меѓу 12 и 13 март, Русите со дронот Шахед погодија петкатна станбена зграда во Суми. Претходните информации говореа дека во нападот едно лице загинало, а осум се повредени. М.…

Read More

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев каде сведочеа претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и поранешната директорка на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ. Петличковски посочи дека Комисијата за заразни болести во ниту еден момент не дала препорака за примена на хемофилтрацијата како рутински метод за лекување на Ковид-19. – Во документот за авторизација на хемофилтрацијата како метод на лекување на Ковид, издаден од Американската агенција за храна и лекови, се регулира примената на хемофилтрацијата кај тешко заболените од Ковид-19, во ситуација кога се исцрпени сите други начини на лекувања. Тоа е состојба…

Read More

Во Советот на ЕУ има позитивен став кон предлогот на Европската комисија за отворање на преговорите за проширување со Босна и Херцеговина, изјави еврокомесарот за соседски прашања и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Read More

Собранието на Република Северна Македонија денеска на продолжението на 145 и 148 седница ги донесе измените на Законот за медиуми и Законот за игри на среќа и забавни игри. Во рамки на 148 седница, пратениците го изгласаа и Предлог-законот за дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност. Претходно, на 140-та, 138-та и 135-та седница кои, исто така, се одржаа денеска, беа донесени повеќе закони меѓу кои Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен…

Read More

Аеродромот Пулково во Санкт Петербург, Русија, беше затворен во неделата, на 10 март, откако се запали хангар, кој се прошири на вкупна површина од 1.000 квадратни метри, јавија локалните (руски) власти. Според нив, соборен е дрон, објави ЦИВИЛ. Други извори наведуваат дека продолжува огромен пожар во близина на аеродромот Пулково во Санкт Петербург, најверојатно предизвикан од системите за воздушна одбрана кои, наводно, собориле беспилотно летало. Пожарот ги ограничи авионските летови на аеродромот.

Read More

Голем пожар денеска избувна во индустриската зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Огнот брзо се проширил и зафатил подрачје од околу 1000 квадратни метри. Пожарот зафатил и еден од хангарите на аеродромот Пулково. Поради огнот привремено беше затворен аеродромот. По локализирањето на огнот, аеродромот повторно е во функција. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот повредени се две лица. Сè уште не е познато што го предизвика пожарот, но според локалните власти во околината било соборено украинско беспилотно летало. Извор: МИА

Read More

Израелската армија продолжи да го бомбардира Појасот Газа денеска и десетици луѓе беа убиени пред муслиманскиот пост Рамазан и во услови на меѓународни напори за испраќање хуманитарна помош до опколеното цивилно население во ризик од глад. Како дел од најавата на ЕУ за хуманитарен поморски коридор, првиот брод треба да исплови од Кипар за да пренесе помош на територијата уништена од повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас. Пред Рамазан, кој започнува во понеделник или вторник, нема знаци за договор за прекин на огнот во војната, за која Хамас вели дека убила повеќе од 31 илјада…

Read More