Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Во Советот на ЕУ има позитивен став кон предлогот на ЕК за почеток на преговори со БиХ

0
By Marta Pesevska on March 13, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Оливер Вархеји
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2024 19:03

Во Советот на ЕУ има позитивен став кон предлогот на Европската комисија за отворање на преговорите за проширување со Босна и Херцеговина, изјави еврокомесарот за соседски прашања и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

-Ние предложивме да започнат преговорите со Босна и Херцеговина, според нас условите за тоа се исполнети, рече тој.

Вархеји изрази надеж дека земјите од ЕУ ќе го поддржат предлогот следната недела, а потоа ЕК ќе започне со изготвување на преговарачката рамка. Еврокомесарот не даде временска рамка до која може да се одобри рамката за да започнат суштински преговори.

Вархеји истакна дека властите во Босна и Херцеговина се очекува да усвојат дополнителни законски измени, меѓу кои тој го истакна и изборното законодавство. Тој додаде дека ЕК е подготвена да ја даде потребната помош за изработка на предлог-законот.

На прашањето дали го дели мислењето на американските безбедносни служби дека на Балканот може повторно да има насилство, еврокомесарот рече дека ЕК не е разузнавачка служба.

-Во Босна и Херцеговина гледаме дека властите успеаја да направат коалиција на сите нивоа, вклучени се и претставниците на Република Српска. Повеќето изјави на претседателот на Република Српска не ни се допаѓаат, тие се причина за загриженост, но претставниците на Република Српска учествуваат во управувањето со земјата. Гледаме дека јавната поддршка за ЕУ ​​расте во земјата, вклучително и во Република Српска, заклучи Вархеји.

Извор: МИА

Босна Вархеји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.