Author: Marta Pesevska

Северна Македонија е голем пријател на САД и е земја кон која прво се обраќаме кога ни е потребна помош, ние сме партнери во борбата за заштита на суверенитетот на Украина и треба да се осигураме дека Русија ќе ја плати цената за бруталната агресија таму, рече американскиот сенатор Крис Марфи во гостувањето во ТВ Сител. Партнери сме во поддршката кон нашите сојузници од Авганистан. Ние сме и економски партнери зашто се повеќе компании од САД доаѓаат во Северна Македонија за разлика од било кога претходно, а сега сме официјално и безбедносни партнери, рече Марфи. Тој додаде дека сега Северна…

Read More

Отворен ден организиран во рамки на вежбата „Брз одговор 23“ денеска од 11 до 14 часот ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци каде ќе бидат прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба.

Read More

Новиот парламентарен состав во Грција што произлезе од изборите во неделата, попладнево ќе положи свечена заклетва, меѓутоа пратениците ќе имаат еднодневен пратенички мандат со оглед на тоа дека утре ќе се распушти и официјално ќе бидат распишани новите избори на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More

Кој и да победи во вториот круг од претседателските избори во Турција, кои ќе се одржуваат денеска, веќе може да се каже дека во идеолошка смисла победници на овие избори се конзерватизмот и национализмот. Целата кампања се водеше во врска со прашањето за турскиот идентитет и односите со Западот, а последиците од катастрофалниот земјотрес паднаа во втор план. Во вториот круг, пак, на преден план дојде темата за бегалците, кои во Турција ги има повеќе од 4 милиони, што е десничарска тема „пар екселанс“, потсетувајќи колку целото турско општество тргна надесно откако Реџеп Тајип Ердоган владее со Турција. Судбински избори…

Read More

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност.

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево информираше дека на полицајците кои имаат изработено дополнителни часови, бонус платите ќе им бидат исплатени на 5-ти или на 6 јуни. Одговорајќи на пратеничко прашање што го постави Тани Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски потенцираше дека сите средства по оваа основа досега се подмирени и веќе нема никакви тужби, извршувања, ниту наплати. -Од моментот на носењето на Законот за полиција, до 2016 година, ниту една година не беше исплатена бонус плата и секогаш во тој пориод побарувањата беа преку судови за да можат полициските службници кои оствариле поголем број работни часови или над 150…

Read More

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така многу прецизна изјава даде и државниот секретар Блинкен, како и денес на заедничката прес-конференција сенаторот Крис Марфи – сите политички партии во државата треба да го поддржат европскиот пат на државата, која после членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ“, посочи премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Read More

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отпочнувањето на дискусијата на тема „Домувањето и младите во Северна Македонија“, организирано од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС). Во воведното обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека прашањето на домувањето зазема централно место, особено кога станува збор за помладите генерации.Битиќи: Поддршката за младите е еден од клучните приоритети на оваа Влада -Пазарот на домување за многу млади поединци и семејства може да биде тешко достапен или во голем број и недостапен, што во нашата култура значи и попречување на нивната способност да постигнат независност, стабилност…

Read More

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи преку Твитер објава повика на смирување на тензиите и деескалација на состојбата на северот во Косово. Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста.  ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка, напиша Османи. Тој додаде дека во овој момент од клучно значење е зачувувањето на мирот и стабилноста, најавувајќи притоа дека многу скоро повторно ќе ја иницира посетата на Митровица.…

Read More

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки информираат дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувањe на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи. Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.…

Read More

Република Северна Македонија континуирано го надградува и развива системот за спречување на перење пари и финансирање тероризам преку имплементација на меѓународните стандарди и презема голем број иницијативи за нивно побрзо и поефикасно спроведување како стратешка цел. На тој пат значајна е улогата на Комитетот на Moneyval, што придонесува за создавање поефективен систем.

Read More

Рускиот ултранационалист Игор Гиркин се пожали дека фокусот на Русија на заземањето на Бахмут е „стратешки неуспех“ што резултираше со „непотребна и пирова“ победа, објави во својот извештај од вторникот Институт за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон. Гиркин ги критикуваше шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за продолжување на обидите за заземање на Бахмут и за одвлекување од подготовките за одбрана од претстојната украинска контраофанзива. „Хиперфокусот на тврдењето победа во Бахмут го одвлекува вниманието од несигурната руска воена ситуација во и околу Бахмут, нагласувајќи ја тежината на влијанието…

Read More