Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите политички партии треба да ја сфатат и да го поддржат европскиот пат на државата, нашите млади заслужуваат европска иднина

0
By Marta Pesevska on May 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 26, 2023 19:08

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така многу прецизна изјава даде и државниот секретар Блинкен, како и денес на заедничката прес-конференција сенаторот Крис Марфи – сите политички партии во државата треба да го поддржат европскиот пат на државата, која после членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ“, посочи премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

„И ако нашиот партнер САД, одлучиле да го соопштат вака јавно повикот за натамошен напредок на нашата држава, како што во сите 30 години од независноста на државата стојат позади нас како народ и како држава, тогаш навистина треба да се сфати добронамерноста на САД и на другите држави членки на НАТО и ЕУ, коишто се наши партнерски држави и сите да ја донесеме заедно одлуката, којашто нè носи во полноправно членство во ЕУ и реформите коишто по тој пат, ќе ги правиме за унапредување на нашето општество“, повика премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, констатираше дека – „нашите млади, заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, државата во којашто стандардот ќе расте, како што расте во државите членки во ЕУ и нема да мора да одат во други држави за да живеат во ЕУ, како што тоа го прават во изминатите три декади“.

Премиерот нагласи дека – „очите и на европската јавност и на нашите партнери од НАТО се повторно вперени тука кај нас, затоа што во нас се гледа и фактор на стабилноста и фактор на безбедноста во регионот и во Европа“.

„И не можам да замислам колку некој може и треба да биде неодговорен, во овој ризичен геополитички контекст на случувања, по војната во Украина, за да ја остави на лизгав терен и својата земја и регионот и Европа“, предочи премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, соопшти пред пратениците и дел од пораките од неговата неодамнешна посета на САД.

„САД високо го ценат нашиот придонес во НАТО, како сојузник во НАТО Алијансата и ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во носењето храбри и мудри одлуки, коишто Владата ги презеде во насока на зачленување на НАТО и во насока на започнување на преговорите со ЕУ. Високиот американски претставник, Блинкен, ја пренесе силната долгогодишна поддршка на претседателот Бајден на регионот и особено на Северна Македонија, со надеж дека земјата ќе ги употреби можностите што се пред неа. На тој пат, беше потенцирано дека САД стојат цврсто со Северна Македонија“, рече премиерот Ковачевски, укажувајќи дека пријателството меѓу Северна Македонија и САД е гаранција за стабилноста и просперитетот на нашата држава, како и на цел Западен Балкан.

„Сакам да ве уверам вас, како и што ме уверија и мене во САД, дека за уставните измени, внесувањето во нашата преамбула – други делови од народи кои изразиле желба за такво нешто, со оглед на тоа што ние веќе во нашата преамбула имаме делови од други народи – дека за тоа имаме силна поддршка од сите наши стратешки партнери, со цел да донесеме одлука којашто ќе биде за нас добра, односно за просперитетот, иднината на државата и на генерации млади кои тука живеат“, додаде премиерот Ковачевски.

„И сакам да ве уверувам дека прогресивно определените политички партии тој пат го поддржуваат и одлуките коишто треба да се донесат, а се надевам дека и другите политички партии во Собранието, односно целото Собрание, ќе има и сила и визија, да обезбеди европска иднина на сите сегашни и идни граѓани на Северна Македонија“, порача премиерот Ковачевски.

Силна е, како што дополни премиерот Ковачевски и поддршката на САД на реформите; дека силно се цени нашиот придонес во глобалните процеси и тоа што сме земја фактор на регионалната стабилност, на иста линија со САД и ЕУ, нашето лидерство е поздравено и признаено преку претседавањето со ОБСЕ и со тоа што сме земја во којашто се депонирани договорите од Берлинскиот процес меѓу земјите од Западен Балкан, а се истакнати и економските аспекти на европското интегрирање.

„Бидејќи, се потврдува тоа дека земјите коишто порано биле дел од источниот блок и каде што имало големо иселување на младите, со влегувањето во ЕУ и со зајакнувањето на европскиот стандард и тоа се случило во сите земји, младите остануваат да работат во својата држава. Со оглед на тоа дека економски, државите, коишто се дел од заедничкиот пазар на ЕУ, имаат неколкукратно поголеми стапки на БДП од другите земји коишто не се членки на ЕУ и заедничкиот пазар од половина милијарда жители. Од друга страна, доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграциите ќе бидат доведени до ризик, ќе се најдеме во состојба на стагнација, како онаа што ја имавме цели десет години од 2006 до 2016 година.

Но, тоа, како што реков, не смееме да го дозволиме. Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. И тоа ќе го направиме до 2030 година“, порача премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, од говорницата во Парламентот се заблагодари на САД, од името на Владата и на граѓаните, за силната поддршка којашто ја добиваме во сите реформски напори и во однос и на интегрирањето во НАТО и во интегрирањето во ЕУ.

ЕУ интегрирање Ковачевски НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.