Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Грците кои живеат во странство, оваа година за првпат имаат можност да гласаат на парламентарните избори, без да биде потребно да се вратат во Грција, а гласачки места се отворени во 35 земји, јави дописничката на МИА од Атина. Гласањето во странство е денеска, ден пред изборите во земјата, започна во седум часот утрово и ќе трае до 19 часот по локално време во секоја земја, пријавени се 22.855 лица, а ќе бидат отворени 99 гласачки места во 85 градови. Гласање ќе има во Австралија, Германија, Австрија, Шпанија, Кипар, Бугарија, САД, Велика Британија, Белгија, Данска, Швајцарија, Катар, Финска, Чешка, Кореа,…
Новата граѓанска обврзница е нов финансиски инструмент за да може да ги зајакне економските текови во државата и ќе им помогне значително на граѓаните, кажа директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостувањето во „Трилинг“. Таа додаде дека оваа мерка е предвидена во планот за забрзан раст, но воедно граѓанската обврзница е предвидена и за буџетот за 2023 година.
Во Белград во 18 часот како што најавија од проевропската опозиција по трет пат се одржува масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани, кој се одржуваат по повод масовните убиства во Србија, со слоганот „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот се одвива во мирна атмосфера, на него има повеќе граѓани од претходните два протести, и според организаторите ова е најмасовниот протест во последните години. Протестот се одвива во форма на протестна прошетка од Народното собрание до мостот Газела, кој е блокиран за сообраќај. Колоната на повеќе десетици илјади граѓани во протестната прошетка во еден…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска додаде уште 71 компанија и организација на црната трговска листа на САД, поради поддршка на Русија. Мерките што ги презема Министерството за трговија во Вашингтон се насочени кон компании и организации што ја поддржуваат руската војска. Новите ограничувања се насочени кон 69 деловни организации поврзани со Русија, како и по една од Ерменија и Киргистан. Се зајакнуваат извозните контроли поврзани со проектите за нафта и гас во Русија и Белорусија, објави американското Министерство за трговија. Мерките се дел од новите санкции наметнати од САД и други земји кон Москва како одговор на нејзината…
Американскиот претседател Џо Бајден одобри планови за обука на украински пилоти на борбени авиони Ф-16 од американско производство, изјавија извори за американски медиуми. Бајден ја донесе одлуката откако разговараше со сојузниците на самитот на Г7 за тоа како да се зајакне поддршката за Киев против руската инвазија. Според изворите, кои сакале да останат анонимни, тој најавил одобрување за обуката за време на состанокот на лидерите на Г7 во Хирошима. Тоа најверојатно ќе се одржи во Европа во наредните месеци. Лидерите најавија и нови санкции против Москва на форумот, пред да им се придружи украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот в…
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на „Мултипарк Изаири“, во општина Боговиње, Тетовско, компанија која произведува бакарни жици кои во главно се користат во индустријата поврзана со енергетиката, основана од браќата Нухи и Неби Изаири, повратници од Германија. Во неговиот говор вицепремиерот Битиќи рече дека овој ден е јасен показател дека како Влада, длабоко сме посветени на создавање стабилен економски амбиент преку ефикасни економски политики за кои сведочи и успехот на оваа компанија со која Владата партнерски соработува уште од нејзините почетоци. „Поддршката…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска свечено ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации, саеми и фестивали. Оваа година, пристигнаа рекордни 89 апликации. Од нив 67 ги исполнија условите и добија догвори за организација на настани, од кои дел ќе се одржат за прв пат со наша поддршка, а некои имаат долгогодишен континуитет. „Ова ме прави среќен, ми потврдува дека кога се има стратегија и добри мерки, кога се креираат добри политики за развој, тогаш луѓето кои сакаат да работат го искажуваат целиот свој потенцијал. Затоа оваа година имаме зголемување за 18 нови…
Вицепремиерот Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша дека членството на Западен Балкан во ЕУ, без сомнеж, е инвестиција во европскиот мир и безбедност. Но, додека работиме тоа да се случи мораме да соработуваме, да се поврзуваме и зближуваме земјите од регионот за да се подготвиме подобро и да си го олесниме патот кон ЕУ.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук пишува за инвестирањето во спортска сала во Крушево, во рамки на проектот за поддршка на локалната и регионална конкурентност на туризмот, финансиран од Европската Унија и Владата.
Активистот Ацо Лукароски во објава на Фејсбук пишува за националистичкиот наплив на неговата Фејсбук пријателка.
Украинската армија во саботата соопшти дека „напредува“ околу Бахмут, епицентарот на борбите со руските трупи во источна Украина. Украинските војници напредуваат во неколку области на фронтот во насока Бахмут, додека Русите губат опрема и жива сила, пренесува Еуроњуз. „Одбранбената операција кон Бахмут продолжува“, објави командантот на украинските копнени трупи, Генерал-полковник Олександр Сирскиј на Телеграм. „Нашите војници напредуваат во некои области на фронтот, а непријателот губи опрема и војници. Во новиот извештај објавен од Институтот за проучување на војната (ISW), се вели дека Вооружените сили на Украина постигнаа успех северозападно од Бахмут во локализирани контранапади, како што беше потврдено од објавените снимки на…
Пријавите и заканите од страна на ученици во нашите училшта се рефлексија на случувањата во нашето соседство. Станува збор за едно детско невнимателно однесување кое сепак предизвикува реакции, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој денеска коментирајќи ги заканувачките пораки на ученици во нашите училишта рече дека за секој еден случај се постапува. Информира дека засега не пронашле сериозност во пораките, но дека превентивно се постапува и се преземаат потребните акции за секој случај. -За секој случај кој што е идентификуван за секој се реагира, се постапува со социјалните служби, со раководството на училиштата, родителите во истиот момент и…