Author: Marta Pesevska

Јасна е пораката на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска. -Денеска прочитаваме една многу убава изјава од високиот претставник на САД, Ескобар, којшто напомена дека Соединетите Американски Држави не бараат од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ковачевски туку бараат да го поддржи евро-атланскиот пат на државата. Мислам дека тука е се јасно кажано, рече Лукаревска на прес-конференција. Прашана за изградбата на коридорите и забелешките од опозицијата, таа кажа дека станува збор за клучен стратешки проект од национален интерес. -Ова е клучен, стратешки инфраструктурен…

Read More

Jавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кој постапува во предметот познат во јавноста како „Софтвери“, вчера во Основниот кривичен суд – Скопје ги даде завршните зборови. Притоа истакна дека доказите што ги изведе обвинителството во текот на главната расправа, но и оние предложени од самите обвинети, надвор од разумно сомневање ги докажаа дејствијата што им се ставаат на товар на обвинетите. Преку анализа на сите изведени докази, јавниот обвинител во целост ги прикажа настаните опфатени со предметниот обвинителен акт. „Сите четири предметни постапки за јавни набавки за кои одлуките ги носел првообвинетиот се…

Read More

Паркот Гази Баба е весела локација за да се прослави Денот на Европа, да се прослави обединетоста и различноста, а исто така и овој одличен град и неговите прекрасни луѓе кои се дел од овој настан, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите на прославата по повод Денот на Европа во организација на Јуроп хаус Скопје во парк шумата во скопската населба Гази Баба. -Не знам дали некој од вас бил во паркот Гази Баба, но доколку не сете биле ова е една од големите тајни на Скопје. Тоа е магичен парк со прекрасен поглед на целиот град и…

Read More

Продолжуваат подготвителните градежни работи на Коридорот 10д на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на овој коридор чиј почеток на реализација беше означен вчера во Прилеп. Согласно предвидената динамика во договорот за изградба, во следните денови ќе се вршат геомеханичките истражувања на теренот, за подготовка на изградбата на автопатот кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, а на нашата држава ќе и обезбеди модерна автопатска делница која ќе го забрза патувањето кон соседните држави. Оваа автопатска делница со вкупна должина од 39,3 километри е приоритетна за граѓаните од Прилеп, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, како и за…

Read More

Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија, вели заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Read More

Министерството за транспорт и врски водејќи се од транспарентноста во процесот при подготовка на законските и подзаконските акти, а имајќи ја предвид енергетската криза, пристапи кон измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување за реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата на класи на намени „Г“.

Read More

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Во целата историја на човештвото не се случило да разбереме некоја непознаница без да ја доведеме во врска со нешто познато. Веројатно на првите луѓе им било најтешко, но сепак, тргнала работата. Таа природно би требало да се одвива на експоненцијален начин – таква е природата на освојувањето на знаењето – денес 2, утре 4, задутре 8, па 16… Ако ги погледнеме, пак, математичките методи од Стара Грција уште од V век пред новата ера, на пример, тогаш би требало бргу, на пример, до кај I или II век од новата ера, веќе да се среќаваме со диференцијалното и интегралното сметање. Навистина…

Read More

„Можам да кажам дека во клучните европски и светски центри имаме добри дипломати, квалитетна дипломатска мрежа која што може да ги дознае сите информации кои ни се нам важни, но исто така и да ги пренесе нашите ставови пораки и да лобираат во интерес на државата секаде каде што е тоа важно“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за ТВ21.

Read More

Последните случувања во соседна Србија каде малолетник пред два дена со пиштол уби и повреди соученици и 21-годишно момче со пиштол уби и рани повеќе лица, го отворија прашањето колку и како оружјето им е достапно на децата. Каква е состојбата со оружјето кое го поседуваат граѓаните во земјава и каква е законската регулатива, МИА побара податоци од Министерството за внатрешни работи и стручно мислење од професорот Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во Скопје. Појаснувајќи ја процедурата за набавка и поседување на огнено оружје во нашата држава која е регулирана согласно Законот за оружје, професорот Дујовски покрај одредената административна постапка…

Read More

Крушево денес е препознаена туристичка дестинација за љубителите на адреналинот и алтернативниот туризам како од земјава така и од странство, изјави заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Read More

Пишува: Министер за финансии Фатмир Бесими „Европа нема да биде создадена одеднаш, ниту пак според еден единствен план. Таа ќе биде изградена преку конкретни достигнувања, од кое првото е солидарноста“ – Роберт Шуман, еден од основоположниците на Европската Унија Изминатата недела го одбележавме 9 мај, Денот на Европа – денот кога беше објавена Шумановата декларација, која се смета за првиот чекор кон градењето на Европската Унија. Следната недела во Брисел ќе се одржи редовниот годишен економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан и Турција. Во рамки на дијалогот ќе дискутираме за фискалната политика, макроекономската стабилност,…

Read More