Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
„Изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори е членство во ЕУ или враќање назад во изолација“, велат од СДСМ. Со Пендаровски и СДСМ граѓаните до членство во ЕУ, или со Силјановска и ДПМНЕ во изолација. Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре. Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди. Затоа на претстојните избори…
Општина Битола, Еврејскта заедница во Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија со „Поворка на живите“ што се одржа од еврејското маало до Железничката станица, одбележаа 81 година од холокаустот на битолските Евреи.
Денеска заврши изградбата на браната со акумулација Конско. Како дел од Хидро системот „Конско” претставува најголем инфраструктурен проект во Гевгелиското Поле во изминативе 50 години. Изградбата на браната започна во 2018 година, а капиталниот проект се состои од брана на реката Конска, зафат Горничет на околу 8,5 километри низводно, како и зафати на протечните води на реките Жабачка, Сермениска и Кованска. Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро, со браната Конско за 5 пати се зголемува наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште. Во целост се обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските…
„Мерките и политиките на СДСМ во насока на запирање на растот на цените дадоа резултат“, велат од СДСМ. Инфлацијата во февруари годинава се намали на 3 проценти, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика. Ова е најниска стапка на инфлација од јуни 2021, кога почна влијанието на инфлаторните притисоци, како последица на енергетската криза, војната во Украина, нарушените синџири на снабдување. Истовремено просечната плата континуирано расте и во декември 2023 година достигна највисоко ниво досега од 40.000 денари. Растот на платите е поголем од растот на трошоци, со што реалната куповна моќ, во истиот период е зголемена. „Ова е…
„За една човечка заедница да стане нација и држава, најдобрите личности во земјата мора да имаат срца што не можат да се задоволат да живеат само за себе. Таквите срца комуницираат со оние што им се блиску до нив. Тие се грижат за нив. Ги учат да разберат. Ги обединуваат. Заштитуваат. Спасуваат, кога е потребно“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес во неговото обраќање на церемонијата на Националната награда Тарас Шевченко.
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ FRONTLINE Сите се опседнати со претстава на општествениот живот што ја создаваат мистерии, окултни својства, митови, идоли, чудовишта, секој верува дека моќта мистериозно се крие во еден од општествените слоеви во кој сам нема пристап, затоа што речиси никој не сфаќа дека таа не се наоѓа никаде, така што секаде владее чувството на тој вртоглав страв што секогаш го создава губитокот на допирот со стварноста.Дури и во Македонија. Во Македонија – посебно. Кој тука не е зашеметен и уплашен. Или обнадежен дека на 9 мај ќе може да ја наплати среќката на вселенската лотарија. И дека ќе се…
„Од почетокот на март оваа година, уште еден проект од иницијативата Отворен Балкан станува реалност односно станува опиплив бенефит за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија. Пазарот на труд на трите државни станува заеднички, а со тоа регионот оди чекор поблиску до европскиот единствен пазар на труд. Ги отстрануваме административните бариери со цел полесно барање и наоѓање работа во која било од трите држави, за кој било граѓанин од трите држави. Станува збор за директна примена на европските економски слободи, полесно да се наоѓа работа, полесно да оди протокот на луѓе и услуги. Оваа мерка придонесува кон поголема економска…
„СДСМ ја шири својата дигитална акција, преку постојано приклучување нови и посветени подддржувачи на социјалдемократската кауза“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ, споделувајќи фотографии работилницата на СДСМ посветена на дигиталната акција. Тој се заблаагодари на сите активисти од Изборната единица 1 кои денес учествуваа на работилницата на СДСМ посветена на дигиталната акција и додаде дека има разлика помеѓу делувањето на СДСМ и опозицијата. „СДСМ го шири демократскиот глас преку своите активисти, а опозицијата користи ботови за дезинформирање“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ, споделувајќи фотографии работилницата на СДСМ посветена на дигиталната акција. „Дигиталната битка на овие избори ќе…
Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија во своја објава на Х напиша дека на 746. ден од војната во Украина, државата-терорист рф изврши 5 ракетни и 95 воздушни напади, 136 гранатирања, вкупно повеќе од 110 населени места на Украина беа под артилериски оган.
Украинската воздушна одбрана собори 35 од вкупно 39 беспилотни летала лансирани од Русија врз нејзина територија синоќа, соопшти Военото воздухопловство на Украина, пренесува Укринформ.
Обезбедени се средствата за набавка на 800.000 артилериски гранати за Украина, соопшти денеска претседателот на Чешка, Петер Павел. Чешките медиуми јавија дека 18 земји се потпишале на иницијативата на Прага. Норвешка претходно денеска соопшти дека ќе одвои 1,6 милијарди норвешки норвешки букви (153 милиони американски долари) за планираното купување. Осло ги следеше изјавите на оваа тема од Германија и Франција оваа недела. Минатиот месец, претседателот на Чешка ја иницираше идејата трети земји да ја снабдуваат Украина со муниција произведена надвор од Европа. Извор: МИА
„Митилинеос е најголемата грчка компанија во енергетскиот сектор со над 5 600 вработени коишто ќе имаат пристап до најевтината берза за гас, Холандската, каде што ќе набавуваат гас по 40% пониска цена. Ние ќе го плаќаме 15% од цената којашто ќе го набавуваат во Холандија. Произведената електрична енергија која ја произведува Митилинеос за разлика од оваа што ја произведува ЕСМ преку РЕК Битола. Таа енергија е произведена од фосилни горива и за тоа плаќаме пенали. Меѓу другото, затоа сакам да објаснам овие инвестиции се добри и гарантираат подобар стандард, заштита на животната средина и ќе донесат пониски сметки за граѓаните.…