Author: Marta Pesevska

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак ја истакна важноста на претстојниот самит како дел од дијалогот на 2 мај, посочувајќи дека тоа ќе претставува „решителен чекор напред“ и дека е важно да се избегнат дејствија што може да ја „влошат атмосферата“. Лајчак во синоќешната порака на Твитер напиша дека во разговор со косовскиот премиер Албин Курти, на маргините на форумот Делфи во Грција, ја истакнал важноста на средбата на 2 мај како дел од дијалогот. „Тоа ќе биде одлучувачки чекор напред и важно е да се избегне каква било акција што може да ја влоши атмосферата“, рече…

Read More

Во насока на понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, Советoт на Народната банка,  вчера донесе одлука за воведување макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка, согласно со европската практика. Согласно со Законот за финансиска стабилност којшто  стапи на сила минатата година, во декември 2022 година, Советот усвои одлука со која се воведоа макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка, односно прецизно се определи методологијата за пресметување на показателите преку кои се следи способноста на физичкото лице да ги отплаќа месечните обврски врз основа на кредити, како и соодносот помеѓу износот на кредит и вредноста на заложениот недвижен имот. -Со…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Велат ние сме имале три власти: законодавна, извршна и судска. За првиве две сме си раскажувале секакви приказни, но третава е од оние кои сум ги корнел од дерење – Нема правда, нема мир!, до исцрпување. Ама ајде, со ред. Според Законот за судови во Македонија постојат 27 судови на прва инстанца, четири апелациони судови и Врховен Суд. Покрај тоа, има и Уставен суд чии судии се избираат од страна на Собранието. Книгите велат дека судовите се автономни и независни. Исто така книгите велат дека судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во…

Read More

– Овој месец заедно со гувернерката на Народната банка учествувавме на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Станува збор за еден од двата најголеми годишни економски и финансиски настани, на кој креаторите на политики од целиот свет, меѓународните финансиски институции, инвеститорите, невладиниот сектор, дискутираат, дебатираат, мултилатерално и билатерално, за предизвиците, проектите и насоката во којашто се движи и треба да се движи економијата. Многу теми, како градење отпорност на економиите, генерирање раст, ефективно управување во време на криза, инвестиции во човечки капитал, забрзување на зелената транзиција и дигитализацијата, беа дел од дискусијата на овогодинешните средби. Сепак, фокусот…

Read More

Успешната и развојна деловна активност на „ДИМ Комерц“ е пример за тоа како владините економски политики даваат реални и конкретни резултати во делот на поттикнувањето и унапредувањето на рамномерниот регионален развој, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „ДИМ Комерц“ од Валандово која е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Вицепремиерот Битиќи изјави дека компанијата преку континуирано вложување и унапредување на производството успева да ја одржи својата конкурентност на  странските пазари. „Со постојано усвојување на најсовремени деловни практики и технологии во…

Read More

Нови 300 мегават часови инсталиран капацитет од обновливи извори за енергија се очекуваат да бидат приклучени на мрежа годинава, што е двојно повеќе од минатата година, најави  Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и претседател на Бордот на регулатори  од Енергетската заедница, при учеството на Енергетскиот самит во Неум, Босна и Херцеговина. Според Бислимовски, со ова темпо на инвестиции за производство на струја од обновливи извори на енергија, државава за година и половина ги достигна таргетите од  Зеленото сценарио  што требаа да се реализираат до 2040 година од Енергетска стратегија. Ние треба сега да…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел се сретна со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која разговараа за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, во услови на новата геополитичка реалност.

Read More

Грејната сезона завршува утре, а со тоа и кризната состојба во енергетиката што ја прогласи Владата во септември лани, со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија во текот на целиот зимски период, како и топлинска енергија на жителите на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење. -Во текот на целата грејна сезона имаше струја и парно, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот, истакна премиерот Димитар Ковачевски…

Read More

Папата Франциско денеска ја осуди „адолесцентната воинственост“ која ја врати војната на територијата на Европа и рече дека континентот мора да го обнови духот на мирно единство за да се спротивстави на војната што Русија ја води против Украина. Папата Франциско ја истакна својата визија за иднината на Европа на почетокот на неговата тридневна посета на Унгарија. Тој побара од Европската унија да одобри безбедни и легални патишта за влез на мигрантите на нејзина територија, а унгарската влада да не ја прави Европа „заложник“ на популистичките барања. Франциско потсети на идеалите кои беа основа за создавање на Унијата и изрази…

Read More

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди на можни „хаотични“ корекции на цените на станбените недвижности во Европа, додека регионот се бори да ја сузбие високата инфлација. Во своите најнови регионални економски проекции за Европа, ММФ посочи дека на некои европски пазари на недвижности веќе е во тек надолна корекција на цените, но дека нивниот пад може да се забрза бидејќи централните банки дополнително ги зголемуваат каматните стапки. „Нерегулирани корекции на пазарите за недвижнини може да се случат дури и ако се избегнат пошироки финансиски тешкотии. Корекцијата на пазарите на недвижности веќе е во тек во некои европски земји, на пример…

Read More

Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери, истакнува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА. Кон ЈПДП,  информира министерот, се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ  од 7,254 милијади денари. -Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен  контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на…

Read More