Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донесени нови макропрудентни мерки за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор

0
By Marta Pesevska on April 29, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Народна банка
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 29, 2023 13:13

Во насока на понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, Советoт на Народната банка,  вчера донесе одлука за воведување макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка, согласно со европската практика. Согласно со Законот за финансиска стабилност којшто  стапи на сила минатата година, во декември 2022 година, Советот усвои одлука со која се воведоа макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка, односно прецизно се определи методологијата за пресметување на показателите преку кои се следи способноста на физичкото лице да ги отплаќа месечните обврски врз основа на кредити, како и соодносот помеѓу износот на кредит и вредноста на заложениот недвижен имот.

-Со новововедените макропрудентни мерки се продолжува со јакнење на  макропрудентната рамка преку утврдување на максимални вредности за овие показатели на системска основа. Макропрудентните мерки се изготвени во консултации со Меѓународниот монетарен фонд, а се во линија со препораките на европските институции. Максималните вредности се утврдени врз основа на детална анализа на податоци обезбедени од страна на банките и штедилниците и не отстапува значајно од најчесто применуваната висина на овие показатели од нивна страна. Со преземените мерки превентивно се делува за спречување на кумулирање на системски ризици во сегментот на домакинствата и на пазарот на недвижности, информира  прес-службата на Народната банка.

На седницата на Советот е усвоен и Годишниот извештај на Народната банка за 2022 година, во кој се наведува дека и покрај предизвиците кои ги наметна руската војна во Украина, минатата година беше задржана стабилноста на девизниот курс на денарот, кон крајот на годината започна да забавува инфлацијата, додека девизните резерви беа одржани на адекватно ниво.

Во услови на стратегија на „де факто“ фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото, појаснува НБ; имаше потреба од промени во монетарната политика заради стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на среден рок, одржување на стабилноста на домашната валута, притоа имајќи ги предвид  и промените на монетарната политика на Европската централна банка. За таа цел, Народната банка уште од крајот на 2021 година започна со постепено нормализирање на монетарната политика, што беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка во неколку наврати, почнувајќи од април 2022 година.

-И покрај предизвиците при оперативното водење на политиките во услови на општа глобална неизвесност, Народната банка и во 2022 година посветено работеше и спроведе низа програмски активности, во насока на натамошно зајакнување на регулаторната рамка, осовременување на расположливиот сет на инструменти, зголемување на транспарентноста и општествената одговорност. Преземени се бројни активности за создавање предуслови за спроведување на новиот Закон за платежни услуги и платни системи (подготвени се и донесени 25 подзаконски акти), со што ќе се овозможи влез на нови даватели на платежни услуги, ќе се зголеми конкуренцијата, квантитетот и квалитетот на платежните услуги, а исто така и се зајакнува заштитата на потрошувачите. Народната банка започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност исполнувајќи го највисокиот меѓународен статистички стандард СДДС плус, а исто така меѓу податоците и показателите за банкарскиот систем, почна да објавува и квартални податоци за  кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, информираат од НБ. На нивна иницијатива, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори склучија Меморандум за соработка со кој се поставува систем преку кој регулаторите координирано ќе дејствуваат (Комитет за финтек), во однос на  спроведувањето на националната Стратегија за финтек-секторот, која беше подготвена од Народната банка и усвоена од Комитетот за финтек. Централната банка продолжи и со засилени активности во доменот на финансиската едукација со што придонесува за подигањето на финансиската писменост и финансиската инклузија на населението во нашата земја.

Советот на Народната банка го усвои и Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор во 2022 година. Во него се наведува дека и покрај неизвесното макроекономско окружување, предизвикано од глобални фактори, а пропратено со енергетска криза, раст на инфлацијата и затегнување на финансиските услови, банкарскиот систем продолжи со непречено вршење на финансиското посредување. Во 2022 година, банките обезбедија највисок годишен кредитен раст во последните десетина години, што се должи на корпоративниот сектор, а  кредитите на домаќинствата остварија поумерен раст. На страна на изворите на средства, депозитите од нефинансиските субјекти бележеа променливи движења во текот на 2022 година, што резултираше со побавен годишен раст во споредба со претходната година. Носител на депозитниот раст во 2022 година беа депозитите од домаќинства, но и депозитите од претпријатија бележат раст. Склоноста на депонентите за чување на своите средства во девизи беше повисока, но со мерките кои ги презеде Народната банка со задолжителната резерва, се поттикна повисок раст на депозитите во денари во последните месеци од 2022 година, што се очекува да продолжи и во иднина.

Од НБ истакнуваат дека изложноста банкарскиот систем на ризиците е умерена, а спроведеното стрес-тестирање покажува задоволителна отпорност на банкарскиот систем на симулираните шокови.

-Ликвидноста на банкарскиот систем е на задоволително ниво, а солвентноста се подобри во 2022 година, при што стапката на адекватност на капиталот достигна највисоко ниво за последните десетина години, од 17,7 проценти. Соодветната капитализираност на банките е многу значајна за справување со различни предизвици при надолните фази од економските циклуси и во кризни услови. Квалитетот на кредитното портфолио се подобри со оглед на намалувањето на вкупните нефункционални кредити и на нивното учество во вкупните кредити до историски најниското ниво од 2,9 проценти. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити се намали и кај двата сектора, и изнесува 3,9 проценти во портфолиото на корпоративни кредити и 1,9 проценти, во кредитното портфолио составено од домаќинства. Сепак со оглед на неизвесното окружување, неопходно е натамошно прудентно однесување, укажува НБ.

Извор: МИА

Народна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.