Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за еден месец, односно до 31 мај на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало, по предлогот на Министерството за економија. – Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија. Со оваа Одлука, се определени…
„Иднината во која жените се вклучени во сите општествени процеси во иста мера и со исто влијание како мажите, иднината во која жените целосно ги уживаат своите права, но и го преземаат својот дел од одговорноста во градењето на нашите општества, економии и животи, не смее да биде далечна проекција, туку треба да се испорача од нашата генерација“, истакна Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во онлајн обраќањето на ЕСГ Самитот на Западен Балкан. Таа истакна дека за разлика од развиените земји кои го решија ова прашање, во нашиот…
Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк изјави дека лидерите во Белград и Приштина мора да преземат одговорни чекори за обнова на довербата во процесот на нормализирање на односите, пренесе Бета. За време на дискусијата за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, Зијаде рече дека „без видлива посветеност на политичките лидери, може да има директни последици за регионалната стабилност“. На седницата на која се разгледува извештајот на Гутереш за периодот од 16 септември 2022 до 18 март 2023…
Во првите три месеци од годинава се откриени 20 случаи на криумчарење мигранти или нелегален влез на 2 654 лица, а кај сообраќајните незгоди и за бројот на жртви во сообраќајните незгоди имаме намалување за 3,6 проценти во споредба со истиот период од лани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на критиките за работата на МВР што ги упати пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од собраниската седница за пратенички прашања.
Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Фолкер Пертес, најави преговори за продолжување на прекинот на огнот за уште 72 часа, јави ДПА. Според Пертес, суданските вооружени сили се согласиле да учествуваат во разговорите што ќе се одржат во Џуба, главниот град на Јужен Судан. Силите за брза поддршка се уште не одговориле, но Пертес изрази уверување дека тие ќе учествуваат во разговорите. Во Картум утринава имало само спорадични пукотници, според новинар на ДПА на терен. Сепак, утрото повторно имаше воздушни напади. Најавениот 72-часовен прекин на огнот истекува вечерва. Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли претходно предупреди дека напорите за…
Министерот за економија Крешник Бектеши и Генералниот директор на Директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија на Европската унија Кесртин Јорна, денеска го потпишаа договорот меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за учеството на нашата држава во Програмата за единствен пазар на Европската Унија. Програмата за единствен пазар нуди сеопфатен сет на услуги за зајакнување и поддршка на администрацијата и работењето на единствениот пазар. Оваа програма е модерна, јасна и прилагодлива програма која комбинира широк спектар на активности. „Програмата за единствен пазар нуди одлична можност да се даде значителен придонес кон зајакнување на конкурентноста, вработеноста и…
Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, рече дека регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ, туку служат да се донесат клучни играчи за да отворат дискусија за прашања од заеднички интерес и сето тоа е поддржано од Унијата. Се наоѓаме во време кога имаме одреден моментум и динамизам. Постојано велиме дека добрососедските односи прават добар процес на евроинтеграција, тоа е столбот на евроинтеграцијата. Оваа држава има солидна репутација во регионот во промовирање на дијалог и соработка и безбедност. Пренесувајќи ги своите искуства на меѓународен план, ние го видовме ова преку Преспа…
Војната во Украина трае повеќе од 14 месеци. На 425-от ден од целосната руска воена агресија врз Украина, руската војска се обидува да собере повеќе сили, додека украинската војска продолжува да се подготвува за својата голема контраофанзива. На терен, борбите продолжуваат со мал руски напредок во Бахмут во Донбас. Украинскиот гарнизон продолжува да се држи до западниот дел на разурнатиот град, пренесува msn.com. Руски жртви Севкупно, според соопштение што го издаде Генералштабот на вооружените сили на Украина, руските сили продолжуваат да трпат значителни жртви на теренот во Украина. Русија веќе изгуби околу 188.920 војници во Украина (+510 во изминатиот ден). Помеѓу…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на директорката на Директоратот за нуклеарната политика на НАТО Џесика Кокс, која е во дводневна посета на земјава, денеска и изрази благодарност за континуираната поддршка при учеството на Северна Македонија во тековните консултации на Алијансата. Министерката Петровска истакна дека на средбите меѓу Кокс и највисокото државно раководство ќе бидат разгледани теми меѓу кои и преглед на НАТО мисијата на нуклеарното одвраќање. Северна Македонија е полноправна членка на Алијансата и учествува во сите тековни процеси и активности на НАТО, истакна министерката Петровска. Претходно директорката Кокс, на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ учествуваше на…
При изградбата на коридорите 8 и 10д најмалку 51 отсто компании, работници и останати ресурси ќе бидат ангажирани од земјава, односно домашни работници и домашни компании, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Одговарајќи на пратеничко прашање од Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, таа истакна дека во Договорот со „Бехтел и Енка“ стои дека најмалку 51 отсто од компаниите, работниците, работната сила и други ресурси при изградбата ќе бидат ангажирани од државата. Во делот на работното време и прекувремената работа на работниците, Тренчевска рече оти „никаде не стои дека работниците ќе…
„Денеска се исплатени субвенциите за тутунот од реколтата за 2022 година. Вкупно се исплатени над 26,3 милиони евра на сметките на речиси 16.000 тутунопроизводители. Ова е вест што треба да ја слушнат сите тутунопроизводители“, порача премиерот Ковачевски, од седницата за пратенички прашања, денеска во Собранието на Република Северна Македонија. „Ова е наша стратешка култура, тоа се вредни луѓе пред сè од прилепскиот регион, меѓутоа и од другите региони каде што се произведува тутунот и треба да знаат сите граѓаните дека во услови на најголема криза, државата обезбеди, прво, највисока рекордна цена на тутунот и второ дополнителна субвенција, со што оваа…
Албанскиот премиер Еди Рама во емисијата “Порта а порта” на италијанскиот јавен сервис изјавил дека не размислува за проширување на Европската унија без Србија и дека мора „да ја држиме Србија многу блиску и да направиме се за да бидеме во политички единство со неа”, јавија албанските медиуми. Оценил дека е “невозможно да се замисли ЕУ во која ќе бидат вклучени Албанија и другите балкански земји без Србија”. На прашањето дали Албанија се плаши од можно проширување на Европската унија во која е вклучена и Србија, во време кога Србија се смета за блиска до Русија, Рама одговорил ”…