Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз израелската влада за да се овозможи непречен пристап до хуманитарна помош до цивилите во Појасот Газа. -Сите оние кои се загрижени за ситуацијата во Газа треба да извршат притисок врз израелската влада да дозволи непречен пристап до хуманитарна помош и да не ги блокира конвоите, напиша Борел на „Х“. Тој додаде дека „другите опции не се доволни“. -Испораките по воздушен пат се добри, но недоволни. Потребни се морски коридори, но им треба време. И времето е важно, рече Борел.…
Официјалното име на државата, Северна Македонија е реалност за лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој гордо застана на сцената на конгресот на Европската народна партија во Букурешт, откако беше претставен како лидер на опозицијата на Северна Македонија. Сепак, одредени портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да создадат своја, алтернативна вистина, па со монтирано видео креираа лажни вести дека најавувачката на конгресот, Мицкоски го најавила дека доаѓа од Македонија, а не Северна Македонија. Од официјалното видео на конгресот на ЕПП и од преносот во живо може да се види дека најавувачката го кажа целосното име на државата, Северна Македонија, но проблем…
Знамето на Шведска, која од денеска стана полноправна членка на НАТО, во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел. Ова го соопшти генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг. Веќе е официјално дека Шведска е 32-та држава во НАТО. Така, земјата го зазема заслуженото место меѓу сојузниците, напиша Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“. Влегувањето на Шведска во НАТО го прави пактот посилен, а земјата побезбедна, додаде Столтенберг.
Прифатлива е идејата на украинскиот претседател Зеленски ранети и повредени украински војници да дојдат на рехабилитација во Северна Македонија, вели претседателот Пендаровски. Македонските власти разгледуваат и можност за рехабилитација на украински деца од воените зони. На Балканот ваква помош Украина веќе доби во Хрватска. Балканските држави, вклучително и Северна Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца од Украина и на ранети украински војници, е иницијатива што претседателот на Украина, Володомир Зеленски ја дискутираше со претседателите на Северна Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари,…
Над 80 земјоделци од Свети Николе, денеска по завршувањето на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчи Николовски потпишаа заедничка петиција до собраниската комисија за земјоделство, за итно носење на законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште. Заедно со земјоделците праќаме јасна порака, веднаш да се донесе овој Закон, кој го кочи опозицијата. Станува збор за законска измена преку која се предвидува можност, земјоделците што имаат истечен договор, во периодот на изборниот процес, да не бидат избришани од ЕРЗС системот, соопштија од МЗШВ. Вака предложените законски измени се доставени до Собранието и се чека на нивно…
Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска донесе одлука да му одобри мандат на Европскиот совет за преговори со Европарламентот за Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан. Предложениот Механизам е централниот инструмент на новиот План на Европската комисија за раст за Западен Балкан, чија цел е поддршка процесот на проширување на Унијата и забрзување на економското поврзување на земјите од регионот со ЕУ. Како што соопшти Советот на ЕУ, Механизмот има за цел да обезбеди финансиска поддршка за партнерите на Унијата од Западниот Балкан за периодот од 2024 до 2027 година во…
Руската армија денеска изврши ракетен напад врз Одеса за време на средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во пристанишниот град, изјави Зеленски на прес-конференција со грчкиот премиер во Одеса, пренесува Укринформ. „Го видовме овој удар. Знам дека денеска има жртви. Има мртви и ранети“, рече Зеленски. Мицотакис, пак, истакна дека во моментот на експлозијата бил со украинскиот претседател на пристаништето. „Бевме на пристаништето. Претседателот Зеленски и неговиот тим ни ја објаснија важноста на пристаништето и ни кажаа што се прави за негово обновување. Особено, видовме каква штета е направена на пристаништето со нападите. На крајот…
Пратениците попладнево го разгледаа Предлог-законот за основање медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во прво читање. Гласањето по овој Предлог, како што рече потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе биде дополнително закажано. Основање медицински факултет во Битола предлагаат четворица пратеници од СДСМ, Ненад Коциќ, Миле Талевски, Бети Рабаџиевска Наумовска и Жаклина Лазаревска. Како што образложи Коциќ, има потреба од ваква високо-образовна установа, посебно во овој дел од земјава, најмногу заради задржување на кадарот, но и за негово напредување и усовршување. ВМРО-ДПМНЕ е против овој Предлог-закон и смета дека воопшто нема услови за отворање медицински факултет…
Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, повика на протест на денот на изборите против претседателот Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си. Како дел од протестот, таа предложи луѓето да формираат долги редици пред избирачките места на 17 март напладне. „Треба да го искористиме денот на изборите за да покажеме дека постоиме и нè има многу“, рече таа во видео пораката. Сопругот на г-ѓа Навални почина ненадејно во руската казнена колонија на 16 февруари. Таа го обвини Путин за неговата смрт. Нејзиниот повик за протест на денот на гласањето е наречен „Пладневен ден против Путин“. Претседателските избори во Русија -…
Иако Европската Унија ги споделува вредностите за промоција и заштита на човековите права, со посебен фокус на правата на жените и натаму мораме да бидеме свесни дека работата по овие прашања не е завршена и борбата мора да продолжи, изјави денеска во Брисел вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска во обраќањето на форумот на високо ниво „Жените во јавниот живот“. – Позитивните културни промени се далеку побавни од оние во законодавството и демократските процеси. Затоа е сосема јасно дека не смееме да отстапиме кога се во прашање заштитата на правата и борбата за пофер и поправедни општества.…
Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски во разговор со актуелниот вицепремиер Бојан Маричиќ го навредувал претседателот Стево Пендаровски и сугерирал дека само Гордана Силјановска Давкова е нормална кандидатка за претседател. Тие двајца се сретнале во канцеларијата на ДИК, каде што биле да дадат своја поддршка за претседателските кандидати. „За Силјановска, нормално, за нормалниот кандидат и за кандидатот кој што може да извади лекарско за пресметливост и за нормална психофизичка состојба” рекол Боцевски во намера да објасни зошто дал поддршка на Силјановска. Маричиќ на тоа му одговорил дека соработник на Иванов не може да оценува кој е нормален кандидат и…
Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август 2021 година на Инстаграм, значи пред смртта на Навални. Чичваркин е поддржувач на Навални и според „Тајм“ магазинот, тој од 2010 година му донирал повеќе од 100 илјади долари за да ја поддржи битката против Путин, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во…