Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Антикорупциската борба е систем на сврзани садови и кога клучните елементи во тој систем целосно затајуваат, последиците ги чувствуваме сите. Четирите проценти доверба во судството се доволни да ја опишат оваа состојба, но и да покажат дека само со темелни промени во оваа гранка на власта и елиминирање на неказнивоста, вистински ќе функционираат и ќе дадат резултат сите други механизми. И само така може да ја менуваме целокупната култура, менталитетот и односот на секој поединец кон корупцијата, која го разјадува општеството, го блокира развојот и ни ја краде иднината и перспективите“, истакна Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна…
СДСМ е државничка партија којашто заедно со граѓаните успеа во тешки моменти за земјата да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат, рече претседателот на партија Димитар Ковачевски, најавувајќи теренски активности. Според него најтешкото е зад нас но предизвици за македонската иднина се уште постојат.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД работат на утврдување дали Русија незаконски го притворила новинарот на „Волстрит џурнал“, Еван Гершкович.
Шведска мора да преземе дополнителни чекори за Турција да ја ратификува нејзината кандидатура за членство во НАТО, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, еден ден откако Финска официјално се приклучи на воената алијанса.
Јаков Милатовиќ победи на денешните претседателски избори во Црна Гора, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ освои околу 40 отсто, објави ЦЕМИ врз основа на над 80 отсто преброени гласови, пренесе Хина. Излезноста на изборите беше 70 отсто од вкупно запишаните околу 550.000 гласачи. Изборниот ден беше одбележан со мали нерегуларности, а Мило Ѓукановиќ претходно истиот ден изјави дека ќе му честита на противникот за победата во случај да победи. По гласањето, Милатовиќ беше сигурен во победата и тврдеше дека во првиот круг разликата била над 70.000 гласови и дека ја сметал за недостижна. Јаков…
Почнаа да пристигнуваат првите излезни анкети од парламентарните избори во Бугарија.
Право на глас на претседателските избори имаа 542.154 граѓани. Претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ освои 43,1 отсто од гласовите, додека Јаков Милатовиќ 56,9 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 65,2 отсто од обработениот примерок, согласно податоците на Центарот за демократска Транзиција (CDT).
АД ЕСМ на 01.04.2023 година произведe 13.151 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин за локалните медиуми денеска изјави дека во насилните протести низ земјата досега се повредени над 1.000 полицајци.
Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел.
Сторми Даниелс е актерка од филмови за возрасни која стана позната за пошироката јавност во САД и ширум светот откако поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп беше обвинет во четвртокот во Њујорк по кривични пријави кои произлегуваат од наводните пари платени на Даниелс за нејзиното молчење за да се избегне скандал пред изборите во САД во 2016 година. Даниелс стана позната по изјавата дека имала интимна средба со Трамп во 2006 година, откако тој веќе бил женет со третата сопруга Меланија и повеќе од една деценија пред бизнисменот кој стана политичар ( во тоа време познат по популарното телевизиско реално шоу)…
Пишува: АНА ЧУПЕСКА Уште сум под “импресии” од она очајно фашистичко излагање на народниот пратеник Драган Ковачки. Народниот пратеник, мили боже, таа бљувотина што ја истури на собраниската говорница, ме стаписа и ми предизвика анксиозност. И не сум осамена во доживувањето и ужасот, секако, зашто тој со неговите пеколни повраќаници -одчовечен од било каква људскост – не избрука сите! Атакуваше се што е Човек, вклучувајќи се и себе самиот. Веднаш го замислив како главен спроведувач во концентрационен логор, мртов озбилен и длабоко посветен екстерминатор, како со блескави и среќни очиња ги спроведува жртвите директно во смрт.